Јас за главоболка пијам турско со цеден лимон во него и многу ми помага, а исто ако не се издржуваат главоболките со консултација на лекар може парацетамол.
Здраво, дали може да кажеш за какви малформаци станува збор? Јас до сега немам слушнато за тоа. Да, свесна сум дека постои ризик од ковид, ама не сум слушнала дека ковидот предизвикува малформации кај плод. Искрено, јас која не сум бремена, и планирам бременост, а ова ме потресе, а пак можам да замислам на другите што веќе прележале во бременост како им е. Бидејќи станува збор за нешто од кое не можеме никако 100% да се заштитиме, навистина сметам дека за вакви тврдења треба да имаме докази. Зашто и самиот стрес што се може да предизвика, не сме ни свесни. Да не ме разбереш погрешно, не се карам, ниту сакам да предизвикам кавга, туку само ме интересира од каде се овие податоци и колку се веродостојни. Имај убав ден.
Блиска моја прележа ковид во 7-8 месец од бременоста. Роди здрава права и тешка 4.900 ќерка. Во ред е да се заштитиме, да не се пикаме безпотребно во гужва ама мислам дека не е океј да се ствара паника општо, а поготово не кај трудниците. Јас не сум вакцинирана и немам прележано, иако намерно имав контакт со заразени (меѓу кои маж ми и мајка ми) и не знам што ќе ме чека во бременоста ама не се оптеретувам воопшто. Како и да е, нема да можам да влијаам на нештата. Како што треба така ќе биде.
Можеби е безобразно од моја страна ама осеќам одговорност да знаете како трудници и ризична група за ковид 19. Денес за првпат пошто беше најефтино бев да испитам фактори на хемостаза и д димери во биотек кисела вода. Додека чекав ред да ме викнат за земање на материјал влезе еден човек и побара да испита некој од ковид пакетите(што логично ми беше да е моментално позитивен). Во меѓувреме ме викна лаборантката за да ми земе крв и ја прашав дали работат исто тука со ковид позитивни пациенти, ми кажа да да работиме,викам заедно и позитивни и негативни, да ми вика меѓутоа имаме протокол влегува по 1 пациент. Више ми беше платено и ми зеде крв иначе може да изреагирав да си заминам. Можеби некој ќе повредам со што се извинувам, не е ништо намерно, само сметам дека сите лаборатории треба да имаат посебен влез за ковид пациенти како што има авицена. Во фебруари бев позитивна и во авицена има стварно посебен протокол не се мешат пациентите. Многу ми е криво што морав да ги сменам и да имам искуство со биотек, иначе авицена не испитуваат време на крварење затоа барав др лабараторија. Можеби грешам за што длабоко се извинувам, меѓутоа моето мислење е дека како биотек не треба да се работи заради безбедоста на пациентите.
Да лично јас го пиев во рана бременост, 4-5 недела, по препорака од доктор, секако. Дозволен за трудници.
Девојки здраво, денес испитував скриен шеќер. Првото мерење на гладно 4.1 1х после гликоза 6.1 2х после гликоза 2.9 Дали и кај некоја од вас има ваков пад на шеќерот? И која препорака сте ја добиле од матичните? Благодарам
Ти ги прочита убаво речениците или згора попреку па да се тупиме ајде да кажиме? , имавме две пациентки трудници чии бебиња имаа малформации. Не би пишувала за малф, да не ширам паника и грев, ама јас лично сум исплашена. Дали овде прочита дека јас докажувам дека е од ковид? Лично сум исплашена значи лично за себе! А ти што сакаш прави и каде сакаш шетај. Не гледам причина за викање и вреѓање. Те немам читано во каква форма ти е прележан ковидот(дај боже со полесно). Има разлика од прележување до прележување!!! Двете трудници беа во 4 и 5 месец, со наоди на бели дробови,со ртг, терапии, температури. Едната бебчето и со down sy, другата со срцева маана со 3 интервенции до сега!!! Јас не пишав дека се како рез на ковид. Кој тоа ќе го докаже? Приска ок, скрининзи ок, на крај после околу два месеци(анамнестички од мајката) од педијатар откриен down sy. Никој не рече дека ако фатиш ковид ќе родиш нездраво дете!!! Колку што можиме да се заштитиме.
Не си го цитираше делот од реченицата дека пиша... минатиот зимски бран на ковид.. така да, лошо напишаното и погрешно се разбира.. Малформации може да има и 'за време на' грип и други болести, и воопшто да не се поврзани со болестите, така да повнимателно со изразувањето. Тука има прележани од ковид во бременост, некои што родиле, некои планираат..а да се заразиш може во било кој момент, а некој не ни знаат дека биле заразени. Внимавање во бременост треба не само до ковид туку и од други болести, а најмногу од стрес.
Во твојот болд (во вториот цитат) не се чита дека е од ковид, пошто така ти одговара да не се чита, ама во мојот болд од ТВОЕТО претходно мислење (во првиот цитат), јасно се чита.
Биотек кај мене во населба е одвоено од ковид ама само мислам зашто од надвор така ми се гледа. Баш си реков добро е. Срамота е што таму идат и здрави и деца и трудни ... ј***ле те протоколи. Ц ц ц
Ја сум била во кисела вода одвоен е влезот. Баш ме зачуди. Ист е за антитела а не за пцр. Инаку мислам дека треба да припазите како се однесувате и обраќате во темава. Не е прв пат да читам коментари кои се безобразни или дрски или со лош тон. Сите сме хормонални и до некаде параноични за здравјето. Ако немате фин одговор што ќе помогне на некоја трудница ич не ни пишувајте. Баш прееска зборев со док дека сум параноична и дека само на глупости мислам што смеам, што не смеам, што е нормално, што ме боли. Ми кажа дека е нормално заради некој хормон. Така што бидете фини, нема потреба од тензии и онака сме хормонални и живееме во стресни времиња.
Дали во ист ден може да испитам обична кривна слика, скриен шеќер и д димери? Да не ми дојде многу крв земање Ама па сакам да испитам на државно да не плаќам, а ќе морам да се ослободувам од работа ако одам до клиника па да завршам се заедно мислам. И за скриениот шеќер, бидејќи нели 2,3 саати треба да седам таму, дали матичните даваат боледување нешто? оти претходно не ми дадоа за 1 ден па морав од општ матичен да вадам.
Испитувај си на трансфузиологија. Јас секој месец одев ,многу беше културно и организирано ни 5 минути немав почекано од закажаното. Плус си чекаш надвор да те викнат. Моето искуство лани е такво.