Сама сум, мажми е на работа, а сум и со хематом неможам ни да чекам ни па да се движам многу не смеам, мислев вака побрзо работа да завршам.
Пакетите што се земаат се за антитела (мм праврше). Што значи прележани, а не позитивни. А за брис за позитивни е од друга страна од надвор. Или други испитувања правеле??
колку е крвна слика комплет со упат од матичен гинеколог во Биотек? Т.е како под фондот се рачуна или како приватно?
Zdravo devojcinja. Mi dade maticnata upat u drzavna da ispitam krvna slika I krvna grupa, ne mi ja pisuva u kniskata. Me interesira kolku vreme se cekaat rezultatite dali gi davaat istiot den ako pravela nekoja da mi kaze.
Јас те разбрав за пакетите. Тие се за прележани. Ако е така како што викаш е стварно безобразно. Јас до сега правев во кисела вода и не ми се случило вакво нешто.
Многу ќе ти дојде, едно боцкање за слика, три за шеќер и едно за димери, нема шанси, иди само за шеќер, и еднаш за димери и крвна слика, барем 1 недела растојание иначе ќе те боли вената многу пак ако те боцкаат за ден,два
Незнам, ја прв пат бев и имаат ковид пакети 1 2 3 мислам беа баш закачени на пултот со попуст некаков 1500, 2400 и 2900 ден. така нешто, со тие испитивања плус минус во зависност од цената нели, баш и господинот си кажа вика ковид 1 пакет ми треба и додате ми и седиментација ако може и она му вика плус 100 денари. Ја останав со подзината уста искрено затоа и ја прашав лаборантката викам дане сум грешка случајно.
Сега и јас сум со подзината уста. која би била поентата тогаш да ги тргаат за тест надвор а за вакви испитувања да ги мешаат со пациенти па и со трудници Страшно.
Можеш секако, јас така правев, прво ќе ти земат крв за крвна слика димери и прва боцка за скриен шекер (ова е една боцка, само си полнат епрувети), па си седнуваш и те боцкаат потоа уште 2 пати за скриен шекер (вкупно 3 боцкања имаш секако) Ако испитуваш различни денови, кога ќе одиш за скриен шекер секако ќе те боцнат 3 пати, а другиот пат за крвна слика и димери една боцка, само ќе се малтретираш два пати нема логика
Јас пред некое време се јавував да закажам за тестирање за корона и плус крвна слика (не за бремени, за потенцијално позитивна личност) и ми кажаа, тест надвор крв внатре, ама викам лицето најверојатно е позитивно, затоа и доаѓа треба нешто да се закаже? Не не, може и позитивни без закажување да си дојдат за крвна слика,закажување само за тестот Не разбрав дали е ист делот за позитивни и негативни, ама ако има еден влез (не сум била) најверојатно примаат и позитивни за анализи заедно.
Ништо страшно не ни кажа, напротив за добро на трудниците е. Верувам дека секоја терапија има влијание, нормално ако има пневмонија, кашлица, температура, докторите ризикуваат и даваат терапија, оти друго чаре нема. Иначе има пазење и пазење, јас во авион заради смртен случај летав и бев 5-6 сати со 2 маски KN95. Подобро да знаеме некои работи и да бидеме дупло претпазливи.
Полека со извичниците. Токму тоа го рече. Не шетајте по молови зошто бебињата се родиле со малформации. И после - не реков дека од ковид. Убаво ти вика ели, кога ќе се докаже дека било од ковид тогаш можеме да предупредуваме. А не само пишување неповрзани работи коса да му се крене на човек од страв. Даун синдром и срцева мана, што не кажа уште во првиот пост, одма ќе ти разјасневме дека е генетика во прашање, а не ковид.
Точно така. А замисли до кај отидов и на телефон се јавив да прашам да не ширам викам дезинформација, дечкото на телефонот истото го потврди.
Не сум знаела дека е така, ќе си одам тамо од сега, јас избегнував поради тоа што имам хематом нентреба да движам дома сум со препорака строго мирување и лежење, викам да не се малтретирам на клиника, ама ако е така како што викаш, ќе идам тамо. Ти Благодарам за споделеното искуство.