Јас имам такви и докторката ми рече дека е нормално матката си вежба ако немаш болки ништо страшно јас со цервикс 48 мм имам такви стврднувања на стомакот.
Девојчиња , сабајле кога станав имав болка од десна страна...половината и од напред ...од под ребра до препони долу...се напив магнезиум ,мислев ќе помине , ама не...еве се уште трае...не е некоја неиздржлива болка ама константна...инаку сум 14+3... матичниот не ми крева на тел, а не сум од Скопје да појдам на некоја клиника...ќе полудам од мисла до утре...друго што би можела да се напијам
Б6 и лежи, одмарај. Станување само до wc. Нема ли во местото каде што живееш дежурна гинекологија? За да бидеш мирна.
Хахахаха има време Ја па се секирав да не ми се скратил матичнава вика ни 5 доктори нема да те породат сега и да сакаш.
Врска нема ова со рагање да знаеш. Мене до крај ми беше 40 па се отворив ехтра брзо и ја родив буквално со три напона и тоа во 38+1 не одеше ни до термин така да не се плаши
Битно ми е сега да е океј секако имам многу време до тогаш не мислам од сега на пораѓај ќе си стварам анксиозност само. Мило ми е што си поминала супер се надевам и јас дека ќе биде така ❤️
За единечна е прескапа, мада викаат дека Авент е прилично нежна, ама јас со Спектрата не осетив никаква мака. И Медела е поефтина единечна а е сепак бренд за пумпи.
И јас истото го помислив. На медела двојната е околу 12,13.000. Иако мене ми е скапа, јас нешто барем до 6.000 ќе барам на амазон ако најдам.
И јас ако не најдам поевтина електрична, ќе земам рачна барем да имам дома. Премногу е, плус не можам да знам дали и ќе имам потреба реално
Барај ја Спектра, на ФБ има еден човек Марјан Крстиќ, КМ Медикал го држи, имаат двојна многу добра пумпа за околу 4000ден, јас маста и ја извадив, пројде куп мајки и уште е во функција сега братучетка ми ќе ја користи.
Дали смее да се пие електтолити? дали да се земе за деца или за возрасни? или нешто да препорачате за омалаксанодт.