Најверојатно ќе треба да ти ја продолжат терапијата навистина не знам. Дали внимаваш на исхрана? @bybeDkid мислам дека имаше пишано дека треба да се избегнува благо и јх ако не сум се помешала со нешто друго. Иако, мене доктор не ми кажа ништо такво ми рече да си продолжам со нормална исхрана како и до тогаш. Пробај, може ќе влијае тоа нешто кај тебе
Оваа ке ти треба ако молзеш и доиш. Ама како што ти кажале искусните со електрични имаш други опции. Во сите останати случаи може и нема да ти треба пумпа а и да ти треба рачна ке е доволна. Јас молзев со месеци кога имав вишок со медела рачната и супер заврши работа. Брза е нежна и не боли рака.
Ние да се пријавиме со позитив на денот Бевме на втор скрининг, бебе е супер, напредува, си пливка се закачка во меше. Прво не сакаше да се слика се сокри со ноџе, после се местеше да се сликне поубаво. Инаку и за другите трудници ако им е потребно инфо, да не паничат, дали е бебето ниско не се гледало по положбата на бебето во стомакот, туку само по цервиксот. Докторката се насмеа кога и кажав дека ми викале дека бебе е многу ниско. Цервиксот е 4 см така што немаме гајле. Имајте убав ден мешковци
Здраво, Неколку што се породиле во ГАК ми рекоа телефонот да го ставам во пакетчето улошки, бидејќи само тоа одело секаде со мене и за да можам штом се породам да ги известам најблиските, инаку многу време се чекало додека да ти ги дадат работите. Дали е навистина така и дали и вие сте го направиле тоа или пак планирате така да постапите?
Абе како не пумпа од 10.000. У Грчка ќе му уплатам за тие пари на малиов Тоа е малце претеризам и занес, има и поевтини варијанти, секако а има и рачни пумпи по 2000ден.
Искрено скроз за отстранив со влошките од ТианДе. Не сум им претставник и не ги продавам и неам никаква корист од рекламава. Ама 3 месеци ги носев и оттогаш (да не се урочам не ми се повторила). Ама за у бременост незз колку се безбедни искрено, ја не би експетиментирала. Иначе од антибиотик ми помагал Нуфуранот најмногу, чај масло од диво оригано и таа мешавината чаеви од Билна шо ја прават. Исто и Д маноза. Брусницата ја препорачуваат за уринарни инфекции ама ја нешо фајде од неа неам видено. Исто многу е важно да се пијат најмалку 2 литри течности на ден (чај и вода) и да не се внесуваат шеќери дур трае лекувањето.
Ако имаш пари не е занес. Мене ми е скапа, може и тебе ти е, ама на некои не им е. Дали има потреба за електрична пумпа од прв ден е друга тема. Дискутиравме за колички, сите бираме според буџетот. Јас ја купив најскапата која можев да ја дозволам. Телефонот во кесиче. Ако имаш врски лесно е. Ама ако немаш само улошки одат секаде со тебе на државно.
Абе секој со својот џеб точно, ама реално бе 10.000 ден за пумпа?! Може нема ни да ти треба на крај краева. Мене ми е претеризам како и да го свртиш муабетот, ама пак, тоа е мое мислење, нема сигурно мене да ме слуша членката.
Претеризам е затоа што може нема ни да и треба. А утре, ако и треба и ако има пари нејзина одлука. Многу велат претеризам е за количка 20-30 илјади ама за мене не е.
Исто пиев нифуран само по препорага на уролог фуролин како појака варијанта од Грција ама ништо искрено губам надеж незнам што звер е ова.
Не е точно, мене од предродилна ми ги донесе сестра сите работи додека напнував на бокс. Телефонот ми го извадија од ташна и дадоа откако ме сошија. Лежев 2 саати на бокс, ме качија мене со работите на кревет и ме однесоа во соба.
Се забораив ја више хаха 35та од денес. 10ти јануари е due date. Се ближам опасно, леле мајко И ти си тука негде или имаш уште?