Ако ти дозволи доктор и е сензитивна фосфомицин да пробаш штом е уринарно, и неколку месеци константно дманоза. За двете бактерии одличен е солубитрат чај, германски.
Јас прво не ни помислував на пумпа да купувам ама случајно ми излезе видео каде една мајка немаше воопшто млеко и со упорно пумпање за еден месец и надојде доста млеко и затоа сега имам у план да купам иако стварно е прескапа а рачната е негде околу 4000 ама ми кажаа дека потешко било со рачна .. не знам стварно што да правиме ако има поевтина варијанта пуштете линкче
Сензитивна е и пробав ги земав од Бугарија како со одобар квалитет и тие и незнам стварно како е можно. Тегоби исти цел пелвис хорнично воспален значи веке нема дел што не боли од колк надоле ама цело време боли бешиката и уретрата и се стискаш. Милион чаеви испиени и ништо искрено незнам дали има друг ваков случај....
За тебе може да се сложимеме дека си една среќна коцка и не си репер, такви среќковци ко тебе се исклучок. Како е бебушка, се навикнавте ли? Инаку и јас тоа за телефонот имам слушнато, ама не планирам на ГАК да раѓам и не сум обрнала внимание на (не)точноста на инфото. @stsmua05 Литература и поддршка многу повеќе ми требаа отколку пумпа. Има една А4 формат книга Советување за доење од UNICEF, ми беше на маса првите месец два, посетата на патронажната сестра ми даваше утеха, после тоа советнички за доење на една фб група. Верувај, кога плаче бебе, не сака да цица а упорно плаче, прво нешто што ми паѓаше на памет е дека немам млеко и е гладно. А имаше периоди на "нарачка" на поголема количина на млеко, скокови во развој, развој на дигестивен сиситем и колики кои се проследени со плачење за кои поима немав дека се случуваат во првите месеци.. Пумпата од 1000 или 10000 денари иста функција има. Лично јас 10.000 би ги вложила во развојно соодветни играчки за првите година-две од животот на бебето.
Читав на форумот и Вие сте имале повеке бактерии успеавте ли да ги совладате? Дали ви правеа одредени тегоби и проблеми?
Хахаха е јебига, треба и некој таков да се најде низ труднички, да се види дека не е се така црно Бебушка е супер, се навикнуваме полека. Уште не ни е јасно кај сме што сме па цело време спиеме и јадеме и двете На секоја воздишка и трчам до креветче мислејќи нешто и се дешава
Со антибиотици само се вртев во круг. Вагинални и цервикални решив со октенисепт спреј, уринарни со солубитрат чај.
Занес е ако сакаш баш да е Авент, зошто за истите пари има боље опција а за дупло помалку и уште подобра опција. И Медела и Спектра се топ избори а далеку поефтини. Мислам ти пишав веќе, Спектра dew 3500, во КМ Медикал ја има, карши Државна се наоѓаат. Одличен избор е и во Америка ја користат мајките скоро исто ко и болничката Медела. Молзев со неа 11м и после тоа јатрви и снајки ја користеа. Рачните се околу 2000, не се 4000, може да има 4000 ама е непотребно да се купува толку скапа рачна.
@AngelOfArh занес беше пишано заради цената. Идната мајка праша за препораки, не за да и кажуваме занес ли е или не. Кажавме што кажавме, најбитно дека за помалку пари има подобро. Ама занес за мои пари, важи да.
За една града или за двете гради наеднаш да молзиш. Кога молзиш од едната тече од другата нормално и тоа млеко се губи, а со дупла ај што не се губи туку и двете наеднаш ги молзиш и се убрзува многу.
Со мене не. Не ни знам каде беа торбата и кутијата за м клетки. Беа до мене, и мобилен штракав кога ме примија а потоа не знам ни јас кај бев. Само улошки до рака имав.
Јас дури не видам дали ќе ми треба не купувам никаква. Ќе работат продавниците и ко ќе се роди бебе ете такво ме има некое расположение фатено деновиве
На Медела рачна пумпа Harmony многу ја фалат и не е скапа до 2000 денари, побарај на ebay би требало да е поефтина и нарачај си ја треба време додека да стигне. Инаку мислам дека рачниве се побезболни од електричните, иако има нивоа на молзење да се подеси. Од Чико не сум задоволна воопшто зашто многу се болни.