Здраво мами Денес излезе мини контрола неочекувано, ај за хематомот отидов, па успат и бебе. Тоа понапред една недела, спремно за скрининг Ама ај ми рече во 13та да отидам , поубаво да ги види органите. Раце , нозе, мрда, човечуљак И нухалната ја виде и измери, 0, нешто беше. Ииии, најверојатно е куре Јас си го мислев мома, ама рече дека 90% е сигурна. Малку ме замисли дека е понапред, на последната контрола беше 3 дена напред сега 5. Само да си истераме сите до крај , со лесно и убаво
Ич да не се мислиш, кај мене е цело време понаред недела дена, 5 дена, сега дури и повеќе од недела. А и дека одам на две различни места различно ми кажуваат, кај едниве на пример 3 дена понапред, кај другиве недела дена, зависи и од ехото. Нека си растат во стомаче се додека се друго е океј нема простор за загриженост Со лесно до крај
Земав упат за понеделник. Докторката рече немало потреба само по индикација се испитувало не знам што Најгрдо ми е кога ќе побарам нешто да испитам и ќе ме праша а зошто
Женски да ве прашам. Денес бев на контрола, на извештајот ми има пишано Др. 2 степен на зрелост на плацента, а ништо не ми спомна.. Дали некоја од вас знае што значи ова? Инаку 33+3 сум..
Честитки мама, да сте живи и здрави @pamelche Ми се сони дека треба. Едвај чекаат да каже некој Прочитав на гугл, ама јас си кажувам по некој симптом што е поопшт и реално го имам искусено, од таму и загриженоста (нели?), па мора да ме препраќаат кај што треба.
Јас цела бременост без индикации на ехо си ги испитувам, и ич не ми е галје шо ми вика, видов ми се качуваат, ама според трансфузиологот ќе си истерам без клексани до крај. Ич не да не ти биде грдо, никој не се секира за нашето здравје како самите ние. За се си барам упати и си настојувам.
За таа недела во ред е втор степен. Пред пораѓај зрее до трет степен, кај некои жени и втор останува до крај. Не чини кога е трет степен на зрелост а бременоста не е при крај. Степен на зрелост покажува колку е добра постелката во праќање хранливи материи до бебето.
Мое мислење е зависи, ако примаш терапија почесто ги проверуваат, на месец пример, па според тоа се пдредува понатамошна терапија, ако не мислам доволно е на два, јас на два ги проверував и поатојано се качуваа, сеа на крај на месец, за да знаат дали на крај да вклучиме клексани, но овој пат па паднаа. Најдобро е консултација со трансфузиолог и паралелно гинекологот.
Кога почнавте да купувате колички, креветчиња, релаксатори...? Се си мислам нема да има време, или ќе има ама така голема ќе ми биде тешко да шетам, после па си викам да не е многу рано сега. И така, секој ден различни мисли, зависи како расположена ќе станам
Јас купив количка во 23та недела, веќе ја имав одбрано и беше последно парче по доста намалена цена па ја земав. Рано-не рано не знам, секако мора да се купо дали сега дали понатаму И креветче веќе одбрав ама секако треба да се селам пред породување, па тогаш планирам да го земам сега да не ми зафаќа место.
Хормони. Ама што порано тоа подобро. Да имаш време да разгледаш и размислиш и да не ти е мачно. Во 9 ти едвај дишев а не да купувам за бебе.
Јас после 25та недела. Не чекај на крај, јас немав нерви и желба за ништо на крај а не па за шопинг. Мој совет да си завршиш тие работи докај 35та недела, од 36та да си переш, пеглаш и раат да си бидеш