Јас така до кај 30-32 планирам да бидам спремна со се па и најмали ситници. Секако дека ако треба нешто може да се докупи таман работа, ама сакам се спремна да си бидам, на тенане да испетам,испеглам да се средам. Не се знае и на бебе кога ќе му се излегува, па да треба да ми перат средуват баби
28ма некаде купив количка. До кај 30та веќе имав и креветче, релаксатор, лулка, транспортно...све наместено. Сега сум 34+ и веќе и све е испрано и испеглано. Од торбица за бебе до мојата торбица.
Денес бев на ехо, бебето се завртело со ножиња надолу. 26+3 недела сум,знам дека има време да се намести, но ме загрижува што ако не се намести, од царски ми е страв.
Женски од вчера на моменти имам како пред добиванје млаки болки ќе се смират па ќе почнат пак кога стојам подолго време или кога пешачам дали е нешто сериозно денес и кога лежам бебе е активно дали може од ударите да е(карлично е)? или бебе што ме притиска дека ми е на десна страна цело време едвај и дишам и лежам ни една страна не ми е удобна. За 1 недела имам преглед. 31 неделасум
Уште стопати ќе се сврти до 35. Мојот така си се вртеше до 35, ме маваше во желудник, киселини, болки. Дури и за време на преглед си се вртеше. Во 35 си се намести таман.
Баш ќе те прашав за која се одлучи Многу е убава, со здравје да си ја користите и мноогу да го шеткате бебчето
@Arababy Тоа ќе е у план за второто ако ги зачуваме убаво @Mrs.Sofija Фала душо поубави да си купите и вие
Ехеее, до 36та има 200 положби да смени. Мојот си беше така карлично до 35та, во 35та си се намести баш како што треба. Без грижи, има место уште бебуш, си шетка и ќе си се намести како што треба.
Бев на Цтг 36+3, синко мирен на цтг беше ептен, а пред тоа ребра ми искрши. Докторката вика ептен е во карлица наместен и бил многу ниско,мереше цервикс 2.4мм беше и едвај протоците му ги измери,вика вода има, а постелката е зрела, бебе како за 38ма недела големо. Ми закажа цтг пак за 4 дена кога ќе бидам 37 недела и надежна е дека природно можам да се породам токму заради тоа што бебето е наместено во карлица. Некако се вознемирив, зошто за 4 дена пак цтг, зошто паника дека е многу ниско, и што значи постелката е зрела, уште колку може да издржи?
Абе за болки не се дрзнувам да одговарам никогаш, затоа што само може да нагаѓам. А не сакам да кажам ништо не е па да не испадне така или да те уплашам за џабе. Не сум имала такви болки, не знам ставарно. Сум читала повеќе членки дека ги имале, кај секоја поради различни причини биле. За било каква болка оди си на гак, едно ехо 5 мин работа и мирна глава. Многу полошо е мислата да те јаде. Само смирено, оди нека те ѕирнат, што и да е, за се има решение.