Леле мајки јас имам многу проблем со цревата сум пишала и порано уште од почеток, напади,боцки,бодежи тоа е лудо нешто. Пијам пробиотици од старт ама ништо нема подобрување, откако ќе заврши болката во стомак се шири во ребрата и позади грбот бубрезите. Ќе излудам, паѓам психички веќе никој ништо не дава како терапија. Крвната слика и урината се супер.
Истата ја имам. Алал пари. Зрела значи дека веќе не праќа толку хранливи материи кон бебето како претходно. Често кога е зрела бебето не качува килажа.
Со здравје да си ја возиш. Ке видиш со тек на време дека најдобра количка за до 2,5 години е оваа. Дури мислам дека и да одиме некаде на шетање, во поголем град каде има пешачење, и за 3 години ке е топ.
Фала ви многу на краткиве рецензии , ич не бев упатена у колички ама брзо ја донесов одлукава пошто имаат попуст плус и ми изгледа убаво а не огромно
А да пробаш да исфрлиш лактозата? Јас додека сфатам дека таа ми сметала се намачив 3год (две бремености истерав 2014-2017). Дури сега ми текнува ај демек полесна храна после пораѓај ми носеа, житарки со јогурт, а јас после тоа бетер бев и на крај испадна дека сум скроз интолерантна на лактоза и првата бременост како тригер ми беше. Од тогаш ми почна... И до ден денес не јадам. Пробај баш... Скроз такви симптоми дава лактозата
Мами, некоја осигурана сега во бременост? Порано за синко знам бараа да си осигуран пред бременост за да ти покријат породување, а сега ми излезе некоја понуда на Еуролинк дека нема врска кој месец си , може да се осигураш. Ако има некоја да ми објасни зошто не ги знам овие работи и да ми каже која осиг. компанија е најдобра?
И јас ги разгледував сите можности што ги нудат за приватно здравствено осигурување ама само Еуролинк ја имаат таа понуда за склучи договор иако си веќе бремена. Ако има некој што работи со полиси или се разбира да може да ни подобјасни.
И Кроација имаат понуда без каренца период, можеш во било кое време да ја земеш полисата. Ама искрено скапо е, и Еуролинк и Кроација, тие другите не ги спомнувам. Фамилијарен пакет можеш да земеш со ризик бременост, околу 5000 фаќа, односно зависи на колку период ќе го склучиш договорот. Колку повеќе години, толку поефтино. И јас сфатив дека една сума е за цела бременост, пример 120.000, и од тие трошиш за прегледи, породување и слично, ама не сум 100%, знам Кроација така функционираат, освен ако не смениле нешто во меѓувреме. Исто како кредит да земеш... Од друга страна, за бебе би уплатила приватно здравствено, мислам дека повеќе ќе се искористи.
Женски, дали вистинските контракции се на ист интервал? Веќе саат време на 10 минути имам послаби менструални болки, сега се намали на 5 минути со малку појаки болки.
Се сложувам скроз, слушав предавање од дерматолог. Масните молекули биле преголеми за да навлезат низ парите, така да павловичевата и сите бебешки креми се специјални за да ги "затнат" парите, за влагата од пелените да не навлегува во кожата. Тоа во бременост кога се растегнува кожата, не ни брка работа. Е тоа што е мрсна и дава привидна еластичност, а внатрешните слоеви од кожата не се воопшто третирани е лошо. Јас најмногу во специјализирани продукти верувам, ваљда содржат она што и треба на кожата. Иначе користам од веледа масло против стрии во бременост, од утре почнувам 33та недела и до сега немам. Ама сепак мислам ако е кожата е склона дека не постои такво чудо од продукт што ќе спречи ама ај да не биде не ни пробав
Јас сум 37 не сум мачкала ништо до сега, немам ни една стрија. Така ми е језиво од тоа мрсното, што се помирив и ако на крај испукам, а мешко пред мене е два чекора
Здраво јас сум 11+2 сабајле на секојдневната видов мала кафеава точка се исплашив многу дали да идам на дежурен, на бришење немам ништо
Јас од 4ти месец па се до пред некој ден се мачкав по неколку пати во денот со еуцерин масло за трудници и не ми испадна ниту една стрија но ми се јави алергиска реакција на кожата и морав да го прекинам.Сега сум 37+4 и почнав да мачкам лосион веледа од невен(тој што го купив за бебето)нели дека не содржи хемикалии.Претпоставувам дека за овие денови до раѓањето нема да ми се појават стрии