Честитки, одлична бета. Со лесно. За менструални болки на почеток е нормално, се додека нема крварење. И јас ги имав два дена на почеток.
Samo da ve prasam jas momentalno pijam metil folat. Metil b12. B6. Vit d. Vit c. Omega 3. I magnezium od 250.mg po 2 na den. Dali e dovolno seto toa iki treba uste nesto.
Слично пијам и јас, плус цинк и калциум, ама калциум можеш и покасно да почнеш уште си на почеток. Омега 3 тромесечие ќе зголемиш, ако имаш потреба можеш пробиотик.
Да извештајот е тој што го праќаат кај матичната Мене одма ми го даваат таму, а го праќаат истиот и кај матичната.
По 10 си купував, на 3 пати, со сите фискални, сметкопотврди, потврди за дефицитарност на лекот од аптека, рецепт од матичен, потврда дека сум ги примала кај нив во амбуланта (иако дома се боцкам), извештајот од трансфузија/гинекологија, и потполното барање на образецот од Фондот, редовно ми рефундираат. @zverkica баш како баба се осеќам, како ли ќе раѓам?! Па и неспиењето ме уби, баш сакав да поодморам малку, знаејќи што ме чека
Ни јас не сум одморила асално, спиење на рати со 3,4 одења во вц навечер, се ме боли, се ми тежи, ама храбро ќеиздржиме уште мааалку,после мислам дека салта по дома ќе праам кога ќе се олеснам хаха
Здраво мамички, само што видов 2 линии на тест со 4-5 дена каснење циклус. Попладне ќе се јавам кај матичниот, а вие кој доктор би ми препорачале за да идам плус додатно? Имам 32год и поголема килажа, анемична сум и во 2015 микроаденом на мри, па сакам плус кај специјалист да идам.
Со 35+1 сум влезена у 9ти месец, или со 36+0 се влага во последниот месец? Послесниве 2 недели нит стомак ми расте, не се поправам туку напротив слабеам по малку. Ништо не ме боли, само почнав по малку да спијам и денски. Линеа негра уште ја нема, стрии ни за лек. Ако не мрдне бепка заборавам и дека сум трудна. Вчера бевме на кафе со една од нашите др гинеколози. Коа ми рече дека до крај ќе го носам ми се идеше бокс да и мавнам. Неќни мерев и грло. Исто си е. 3,4 е цело време, само бааѓи е ниско бебето , со главчето е долу. Ми рекоа дека да не сум била со волку дијагнози сметале дека со едно напнување ќе сум го родела
И јас само броам денови, плус дека дома постојано, ми се смачи. Легнувам и станувам со апликацијата за денови. 28+4,каде каде подалеку сум од тебе, ама броењето почна од 22ра интензивно. Со лесно нека е, те немам читано, ќе чекате природен пораѓај или царски?
Јас мислам 36+ дека е деветти месец. Изгледа не си уште таму, штом ништо не те боли јк, се надевам нема ништо да те боли до крај. Мене првата бременост ништо не ме болеше, единствен проблем ми беше кандида на еден брис, и забуна со приска резултати. Инаку се чуствував оптимизирано, дури некои нелагодности што ги осеќав пред бременост исчезнаа додека бев бремена. На секој му посакувам таква лесна бременост, мислам маратон можев да истрчам. Сега како друго тело да имам, знаев дека како што не се исти децата и секоја бременост е различна, ама не верував дека сосема спротивно искуство ќе имам. Буквално физички се распаѓам овојпат. @zverkica викаш ќе се вратиме на старо? Оваа бременост ја почнав и со помала килажа, пофит бев од минатиот пат, ама ќе завршам со повеќе кила од минатиот пат. Салто тешко дека ќе правам
Честитки. За анемијата уште одма да си примаш терапија, јас сум цел живот со 120хгб и уште 11гн почна да ми паѓа и од тогаш сум на терапија и одвај 100 го качувам. 37 веќе докторка ми бара до 110 да го качам и викам нема шанси, што не пиев, реагирај си на време за анемијата. Со каков микроадрном си, пролактином, примаш терапија? Јас сум со пролактином, оатанав бремена со 6прл, до 8 гн пиев доатинекс, мерев прл 12гн ми беше 46 со доатинексот, па до 16гн продолжив со бромергон. Со лесно да си тераш.
Бубче со 35+1 мислам дека е последниот месец бидејќи тој +1 е прв ден од 36 недела, а 36 недела е веќе 9 месец. Инаку со тонови почнав некаде 36+5, а се породив со полна 38 недела ама природно.
Мене докторката ми рече ако одиме на царски ќе одиме меѓу 38 и 39, и таман ми се фаќа пред нг, туку прашањето ми е: ако бебе се уште не е спуштено не значи тоа дека е рано за царски? Друго ми вика ради г дијабет порано, пред 40гн, а две мои познанички со г дијабет се породија царски со 40+. Некако ми е сомнително, почна да ме јаде црв.
Фала ти! За микроаденомот не пиев никогаш терапија, зашто хормоните секогаш ми беа уредни. И ради тоа само 2 магнетни резонанви имав, на последната со контраст дури пишуваше дека веќе не се гледа. Ама сепак сеуште на ендокринологија идам еднаш годишно. А хормони 2 пати годишно проверувам. Сега ќе видам што треба да пијам, обично Хемавит досега земав.
Јас почнав веќе со цтг Неќни бев, самоиницајтивно. Им се запнав горе на одд, мора та мора да ми правете. Сакав да видам што чудо е тоа. Оно жива досада. С'клет се наполнав