Со гестациски ме породија 38+1, докторот рече ни ден повеќе. Со царски. @Bubce38 и мене во 9м. како да ми се намали стомакот и спушти малку. Бев на ендокринолог и ми вика кој месец си 9ти, па не личите вика. Па плачки после
Ај кога веќе си била горе на оделение како е таму, има некои измени од пред 4 години или исто е се, докторите уште се тие што доаѓаа од Скопје или има некои од нашиот крај?
Па и мене ми викаат дека пред 38+ нема шанса да ме пораѓаат ако си тече све вака. А јас сум и на инсулин. Си реков дека ќе почнам да лажам оти имам ненормални болки, ама мм вели дека ова нема да ми веруваат и дека ќе "видат" оти лажам за болките. Не било ова исто како кај него кога некој лаже дека го боли кичмата или главата, па бараат снимања Немам поима дали треба да е спуштено за царски
Имаме 3 нови докторки. Ама џабе. Нема анестезиолози Т.е доаѓа еден анестезилолог ама преку еден викенд
Ами ако треба царски баш тогаш кога нема анестезиолог? Што прават тогаш? А овие новите докторки од наш крај се или од ск? Ако се од овде ако сакаш пиши ми кои се, може и во ЛП ако не сакаш овде.
Исто дијабет и мене ми рекоа испод 38 нема шанси. Јас така сум малце акната знаев дека ќе се породам до неделата а и бев подоотверна малце. Отидов во петокот и реков докторке породетеме сега дур сте тука јас и вака и така до недела ќе раѓам Ме избрка оди жено лежи дома до 9ти да не си мрднала. Сигурно јас точно во недела се породив Двете ми се така родени еден 35та друг 36та. Од шеќерот малце понапредни. @fana
Бев де, и у Чаир и кај Маџунков. 38+ сакаат и двајцата. Поповиќ малку полиберте ми се виде. Он вели бар 37+5 На други места Не ми се оди а и срам ми е да се "пазарам" околу тоа - кога да ме породат
@monik55 за првото или второто имаше г.дијабет? Ако си имала за првото, кога си проверувала за второто ?
За двете имав. За второто негде 22 недела, поголемко беше за две недели. И тоа немав високи вредности ама пак се крена паника.