И јас сум со кандида денес ми правеа промивка и канестен 3ка ми дадоа па ќе видиме дали ке ја излечиме ептен убаво ја имам закачено
Ќе си го износиш, нема зашто да не ако се си е у ред. А за шопинг ти советувам да си одиш да си ги набавиш сеа големите работи, затоа што после ќе ти биде мнооогу мачно да шеташ со голем стомак. Фала богу што не ги послушав оние што ми викаа да чекам во 9ти да купувам се. Ја сеа не можам да идам до вц се задишувам, не па по количка да треба да шетам
Мамички и идни мамички јас само да ве известам и да ја споделам мојата радост дека денеска се роди дечкото мој. Ни се исполни срцето со огромна љубов Ви посакувам се најубаво и на тие што чекаат ваква радост најлесно да си поминат
Да бе мила, ќе видиш шланг ќе бидеме пак, ева јас имам сега 80 кила а почнав со 68.5, и се е во стомак отидено, дај Боже само стомакот да се врати во нормала да не остане подуен и грд, ќе не ослабат бебушките од трчање по нив ич да не се секираш
Јас почнав со 55.4 стигнав до 70 не сум се измерила последниве месеци ме фаќа страв дс застанам да вага сите ми викаат не си поправена не ти се познава дека си трудна. Да е живо и здраво бебчо кога ќе се породам ќе мислам за килажа.
Дормео за бебиња е супер, има помека и потврда страна за спиење и не пропушта. На потврдата страна се става да спие бебето, после кога ќе попорасне можеш да го завртиш душекот на помеката страна. Презадоволна сум.
Мене ми дојде гратис со креветчето од Чарли Бејби. А сакам да земам од Пер Дормире. Има некој искуство? Имаше и во Симпо душечиња. Ќе видам ваљда дали ќе сака да спие или не, па ќе мењаме.