Па 2 уринокултури по ред ни се чисти, а само на урина ми покажува бактерија Се мислев да не уринокултурите немаат точен резултат ама па 2 да се грешни, што знам
Ako imas somnez, proveri vo druga labaratorija. Jas primer sum imala slucaj da vo Avicena mi izleze cista no vo Synlab da pokaze bakterija.
Не ти се грешни, не верувам две по ред. Тие бактерии на обичната урина кои се откриени не се знае дали се “добри или лоши” т.е патогени или не, затоа се прави Уринокултура за да се види
Него, мекици од каде ќе нарачуваме? Дали Фамили бејкери работат? Гледам Тетка Биберче има пакувани мекици и Сама, некој друг предлог?
Здраво на сите и од мене, значи на маките да им нема крај и да не може да се опуштиш ниту еден ден.Ве молам дали некој имал искуство со ниски д-мери, значи мене уште во почеток од бременоста ми беа високи 4000, по 3 месеци примање клексан од 0.4 секој ден едвај паднаа на 2000 потоа на 1200 и ми го прекинаа клексанот, сега сум 28 недела мене д-мери ми се 200, фактори на хемостаза правев беа во ред, бебчето е супер вели докторот 28 недела ама како за 1 недела понапред рече дека е 1221 тежи,активно нон стоп ама мене многу се загрижуват д-мерите.Дали некој имал проблем со ниски многу сум испаничена, не можам да спијам од страв до сега поминав се и сешто и можеби затоа и немам мир.
Колку е нормално бебето да ика? Трет пат како ика овој ден. 26+5 сум. Се загрижив Кога пијам вода се смирува ама сепак ме загрижува 3 пат по ред да ика во еден ден..
Мене ми се цело време ниски 150,180 ама никој не ми искоментирал. На терапија сум клексани и аспирин. И ми го продолжија . Сега ме замисли , јас пак се радував дека ниски @stsmua05 синко нон стоп ми икаше , ама нонстоп Не обраќав пажња на тоа, ништо страшно. Не ни броев колку пати зошто знаеше и по пола ден
од почеток се до 12 недела примав клексан,докторот ми рече во 28 недела да ги проверам д-мерите , ехо, крвна слика се беше океј ама д-мери ми кажа 200,дури и ми кажа клексан аспирин ако пијам да прекинам,ама јас веќе 4 месеца не примам ништо од тоа ми се јави веднаш да одам фактори на хемостаза да испитаме, ми рече да не се секирам ќе водиме контрола зошто ниски д-мери сега не се проблем,но за пораѓај можело да дојде до крварење и незнам од што бев во паника и не ни слушав што ми зборуваш искрено.
Знам дека се многу убави, почнавме да правиме список веќе хехех. Кало сте вие мамии, како се снаоѓаш со бебушка
Друшки знам дека 100 пати сме збореле на темава. 35+1 е која недела? 35та или 36та? ќе земам анкета ќе направам
Може. И мојата покажува ++, а уринокултурата чиста. Така ми е цела бременост. Верувај ако имаш бактерија во бешика ќе знаеш. Тоа пече, корне.
Ика после секое мое јадење, не знам дали има некаква врска или така се годи ама забележав 3 пати јадам денот,3 пати си ика .
Моите д димери у прво тромесечие цело време беа околу 200. Во второ Не се качија до 500. У трето ми се 1000ка. А цело време сум под терапија. Од 22ра негде ми го исклучија аспиринот и наместо еден клексан 0.4 ми сменија на два фраксипарина од 0.4. Вака терав до кај 28 ма недела, кога ми намалија на еден дневно. После ( у 32ра ) пак ме вратија на 2 фракси. А само тромбринско и протромбинско време ми се скратени @eli25
Ели кој е индикатор за проверка на д димери? Јас дури следна недела сум на лекар, и тоа успеав кај најдобриот и најискусниот овде да закажам, ама не знам каква им е праксата. Во прва бременост не ми проверуваа и не знам кој е индикаторот.
Во прво тромесечие е нормално да се ниски,а во трето покачени,кај мене се обратно во прво беа 4000 примав клексани и исто лежев во болница примав по 2 фраксипарина,а сега во трето тримесечие ми се 200 а тоа ме загрижува незнам дали е нормално за во 7 месец толку ниски
Јас колку што се разбирам нема штета од ниски д димери. Т.е знам дека не треба да се под 150. Нормална граница за трет триместар е 170-1700. Така да ок ти се и тебе