Абе мене ми фирнало или не ми фирнало, тоа не го менува фактот дека немаш реални проблеми и ти е многу досадно. Чил малце, да не ти се појават еднорози пред очи.
Нема на што. Па ако можеш да одиш на работа и не сте многу луѓе, зашто да не. Ја пукнав дома цели 8 месеца, ама и не ми се ризикува, па изгуравме некако до скоро сам крај...со лесно!
А ти матична си ми па да знаеш дали ја имам или не ? Олади малку и можеш така дома да се понашаш на кој стигнеш а не тука. Not gonna keep replying.
Многу луѓе сме, мене од вакцинација ми истекуваат уште малку 6 месеци, не се сите вакцинирани, не внимаваат на маски. Иначе радо би да одам физички на работа. Ама мислам дека ќе ми биде дополнителен стрес. Тенкс
Дали и кога почнавте да се подмочувате? 24 недела сум и скоро секој втор ден на кивање, кашлање, смеење се подмочувам. никако не можам суви да ги доносам гаќите. Имате ваква работа?
Јас денес влегов во 11та недела, не ми се верува колку брзо минува времето. Овие денови треба да испитам крв и мокрача, а следната сум на приска и скрининг и тоа на 31.12 . Инаку супер сум, имам понекогаш благи болки кај јајниците, ама нормално е мислам си расте бебче.
Да не си нагло станала? Јас кога седам и некогаш нагло станам ми се стемнува пред очи, мрак. Па мора некоја секунда во место да постојам за да се стабилизирам.
Ништо страшно, може во моментот притисокот ти се споил или паднал и светки пред очи, а и како што кажаа членките од нагло станување се случува. Без грижи
Девојки од сабајле имам почесто потреба до тоалет. Дијареа ( не е баш она течна столица туку мека). И во стомаков како гасови,грчеви имам и ме жеже. Ми се случувало и порано ден два и ми поминувало со линекс. Е сега дека сум бремена не сакам да пијам тоа. Како да ги ублажам симптомиве.
Здраво девојки бремена сум 12+4 недели, деновиве имам постојано болки доле паника ме фаќа а утре сум на прв скрининг и уште толку паничам дали ке биде се во ред, би било ли на вас вака?
Колку кила се здебеливте во првите месеци? Јас денес влегувам во трет а веќе 2-3 кг имам плус. Од 60 на 63 . Се трудам да не јадам, но ако не јадам ми се повраќа.
Како се трудиш да не јадеш? Детето како ќе прима витамини и све останато што му требаа? Побитно ти е тоа ти колку ќе накачиш или да родиш здраво дете . Јади си и уживај килажа како килажа ќе ја снема. Место да му даваш вештачки витамини(апчиња) внесувај преку храна. Треба да размислиш и за млекото.