Будалчее, како мислиш да не јадеш? Јас јадам се што ми сака душата, ама гледам вечерата да е секогаш овошје/зеленчук. Првите 3 месеци не се здевелив оти се што ќе каснев одма повраќав, сеа си надохнадувам еве ако немаш совет од др. за диета да си јадеш се и да не се замараш ќе слабееме ко ќе се породиме.
Јас сум 4 месец влезена, 1.5 кг, (64 - 65.5) а јадам поприлично многу и нездраво. Мислам дека не треба да се секираш многу, може и да не е килажа од храната, туку вишок вода итн. Гледај само да имаш доволно влакна во исхраната, да немаш многу констипација. Мене ми е многу страв од хемороиди.
Јас варирав цело време до 21гн, качував, симнував, јадев многу. До 21гн качив 6кг, пројавив гестациски дијабет и оттогаш еве 38гн уште сум на тие 6кг.
Хахах, welcome to the club. Не сум сигурна од која недела точно, ама се дешава постојано. Затоа почнав секојдневни да носам иако не сум им фан, ме иритираат. Ќе пројде ваљда ко ќе се породиме (утехава знам)
Не се замарам толку за линија колку да не закачам дијабетис. А си јадам благо повеќе од било кога. Ништо, ќе намалам на благото. Против запек ми помага магнезиум. Ви благодарам утре сум на преглед па ќе видиме што ќе кажат.
Ај што мочам, па почнав и да се потам доле и утоп. Секојдневни како трошам мм вика цел шлепер треба да нарача.
Јас сега влегувам во второ тромесечие, иста килажа како што бев цело време, а јадам се исто како до сега и грицки, благо и овошја, зеленчук, ама уште немам накачено. Јас па се засекирав да не не е нешто во ред дека не се зголемуваат килограмите
Бебиња нека растат, ние колку растиме толку, некој повеќе, некој помалку, различни организми, различни ситуации. И здебелените ќе ослабат и слабите може отпосле да се поправат, нема правила. Најважно е и бебиња и ние да сме добри и здрави.
Да бе па, тоа заедно у пакет си иде. После тоа доаѓаат чудни исцедоци, па болки во препони/нозе, па куковите укочени, па вртење од една на друга страна mission impossible, па мочање по 6 пати ноќе, па бебе ика у јајници, па заспало на бешика, ехеее тек ти почнуваат журките, држ се
Mene mi se sluci vaka pred 10 dena, 31 nedela bev. Mi traese skoro 2 dena, ne piev nisto, se sredi samo od sebe. Vtoriot den vnimavav na hrana.
Може да е од што се шири матката, штом си утре на скрининг прашај нека обрнат внимание и на плацентата побарај од матичниот гинеколог да провериш и хемостаза и д димери не чекај до 6 месец за овие 2 испитувања.
Затоа што во бременоста немаме менструално крварење и бременоста ја нарекуваат и тромбогена состојба која може да донесе до промени во хемостазата на крвта и зголемување на д димерите и ако постојат индикации се дава терапија со клексани кај нас ова се испитува некаде околу 6 месец јас би ги правела и на почеток од бременост.
Минатата бременост синко изненади и нѐ фати неспремни во 36та недела. Ми требаше месец да прифатам реалност. Сега ќерка тера 38 недела ни да ѝ чуе. Цела бременост со стравови од сите страни и од предвремено породување, она си ужива и најверојатно ќе си го потстапувам стомакот до крај на термин. Јееј. Жена Мм почна анксиозни напади да добива од кога влегов во 9ти месец, според него полесно било да нѐ изненади и да нѐ фати неспремни. Чекањето го измачувало. Види бре!? Ами да се шеташ со лубеница во стомакот, ненаспан, со болки од сите страни, да мислиш дека ќе ти пукне водењак на секое наведување да повлечиш седиште во кола, да не можеш да земеш воздух, да се боцкаш веќе "на слепо" со клексан секоја вечер затоа што веќе не можеш ни да се свртиш како до пред некој ден, да знаеш што те чека наскоро и истото да те радува и да те плаши во исто време? Да не можеш да одговориш на Мама ај да си играме веќе со месеци затоа што не можеш да се свиткаш, да не можеш да се најадеш без чуство на вина, да не можеш да кивнеш без загриженост, да наслушуваш дали, кога, колку и како мрда.. И така, него тешко му било и не можел да спие