Како ги чувствуваш? Последниве денови осеќам како ми се затега стомакот, кратко време па опушта.. не знам дали се бракстон хикс, ама малку ме плаши
Ај да си прашам, јадење луто дали смета на бебето? Ми се услади ајварче луто, не јадам секој ден секако, ама се грижам да не му смета на бебето.
Ne mu smeta na bebeto moze tebe da ti pravi kiselini I da te tera pocesto vo wc, si jadev I jas dur mozev otkako pocnav da mi se javuvat kiselini luto izbegnuvaj.
Цела бременост јадам лут ајвар Незнам како и зошто тоа би му сметало на бебето. Може чили пиперки така да јадам ќе ми смета мене и на бебето, но лут ајвар Јади си и уживкај си ако ти е убаво
Ми се стега внатрешноста некое чудно чувство,непријатно и ми се стврднува стомакот дури и тахикардија ми се ствара и онака сум тахикардична ..
Исто ми се случува и мене, само без тахикардија... значи тие се.. Ти се консултираше ли со матичен за тахикардијата?
Што значи постелка зрела 2 степен? И малку повеќе плодова вода имаше денес од колку пред една недела. Тоа ваљда од шеќерот е така. 36+1 сум Др Не сакаше да ме прегледа вагинално, многу ми било ниско долу бебето. Дури се чудеше како сум немала никакви болки. Ми вели- Нон стоп лежиш нели?! Не бре др викам, јас Не сум седната. Возам, шеткам, седам по пола ден на стол. Све правам само Не лежам. Ме скара малку. Нареден преглед ми закажа за слениот вторник. Му велам таман 37+2 да ме породиш. Ќе си земам јас торбицата и прави што ќе правиш сместувај ме на патолошка, оти не можам веќе да се поднесам. Да сум изджела бар до 38ма да влезам Синко веќе е 2.900 кг. Дајте " надеж" дека има шанса пред НГ да се породам До кој степен треба да зрее таа постелка? На заден зид е ако има значение тоа
Пред пораѓај зрее до трет степен ама кај некои и 2 останува до крај. Кај мене беше така а бев 40+ недела. 2 степен значи дека е уште здрава и праќа хранливи материи бебе да расте. Не е убаво ако е трет а не си при крај на бременост. Тоа значи дека е зрела за пораѓај т.е стара. Зголемена плодова вода е од шеќерот. Пракса е барем 38ма да си за да те породат. Зошто брзаш? Што подолго седи внатре тоа подобро е.
Фала Јасно ми е дека е што појќе издржам е подобро, ама невидена параноја ме фаќа дека нешто ќе се замоча на крај. И само тоа ми е у глава. Што побрзо да го извадат и да го видам живо и здраво. Веројатно вака се осеќаат скоро сите трудници. Но јас веќе не се трпам ни сама, ниту па друг некој може да ме истрпи. Го жалам веќе и мм. И тој кутриот се нервира кога ќе ме види дека рикам. А јас реално немам проблематична бременост воопшто. Од ништо не се "скусив". Ама ми попушти психата овие 2 недели. Деќември месец ми се виде дека трае веќе 90 дена
Ви благодарам на одговорот, ова ми е ново зашто првата бременост ништо не можев да јафам, сега си каснувам, нели бебето сега ги пробува вкусовите на храната што ние ја јадеме па си велам луто да не му пречи, како што пречат алкохол и цигари. Инаку за киселините да знае да ми направи но пијам Спрајт без шеќер и ми поминуваат брзо.
На сите ни е или ни беше вака во 9ти месец, си се препознав во 90те дена Стисни заби уште малку, воопшто не ставај на ум дека може нешто да се закомплицира сега на крај, ептен во безбедна зона си. Баш сега треба да се релаксираш, најважното е дека створи живот и го износе 9 месеци. Гледај серии и лакирај нокти
Да си прашам и тука - вакцинирана сум со Синофарм во јуни, трета доза треба да примам Фајзер. Да чекам да помине прво тромесечие па тогаш или може и сега да се вакцинирам?
Тоа срцка никој неможе да ти го каже со 100 посто сигурност, дури и гинеколозите тројца прашај различно ќе ти кажат, но од тукашно искуство на други трудници, подобро да пројде првото тромесечие со арно со убаво па после размишљај, еве повеќето од нас воопшто не се вакцинираат до крај на бременост а за после ќе видиме.
Мешиња при крај, ви мерат ли цервикс на секое идење на ехо? Мене не, ми мереа пред 2 недели и беше 2см, вчера бев само на цтг и ехо, синко пораснал фала богу, две недели беше на иста грамажа од 3370, вчера 4000, се израдував ептен, докторка уште незнае како да ме пораѓа а 38ма почнав, вика бебе е супер доле наместено за природно и ми рече за 2 дена да одам да ме мери вагинално, се надевам не боли тоа? Ситново броење од 12 дена до крај е хистерично лелее, само барам симптоми на породување а ги нема сеуште. Како сте другите?
Ти срцка, не гледај сега цервикси туку гледај да си се олесниш.гледам бебе е одлично, недели супер и така да сега чекаме само добри вести од тебе
Јас решив од 2 скрининг да не мерам цервикс без индикации, доста ми беа стресови до тогаш. И не мерев, немав болки, дома си бев, претежно одмарав. Ноту пак од 36 наваму ми измерија, никој док не инаистираше, ниту јас спомнав. И јас одам на цтг и ехо само, досега не сум имала ваг.преглед веројатно и ради предлог царски, исто 2 недели стоеше 2700, вчера 2900 го измерија 37+6, ние се мислиме за царски ради гестацискиот. Ситно броиме мајка. Трпение!
А зошто со Фајзер трета? Мене гинекологот строго ми забрани мешање на вакцини, иако сум веќе 4 месец. Консултирај се со неколку доктори, и не брзај.