Од претходно ја имам земано пастата што таму ја прават, имав проблем со акни пред година две, но ова сега е ужас, некако на ништо не реагира. Сепак фала на споделеното искуство, се надевам ќе се средат хормоните и ќе се повлечат акните.
Па и ја мислам сами по себе ми се средија повеќе него ли од пастава, таа може нешто ептен малце да помогна..незз кој месец си, мене до кај 5ти мах ми се повлекоа. Сеа ми се лупи лицето пак од што пресуво ми стана, а пред пораѓај сум..Ќе се среди, хормониве ни лудуваат сеа не знаеш на следно на што ќе ти се одразат
Женски до која недела примавте прогестеронска терапија ? Јас сум полни 17 недели , до сега примав 1 неделно прогестерон депо и по 1 утрогестан секој ден...утре ми е последната инекција и утрогестан имам за уште некој ден и д - р ми рече да прекинам...некако страв ме фаќа и депото и утрогестанот да прекинам
Ја ко што знам одеднаш не се прекинува прогестеронска терапија, туку се намалува. Јас до 18та примав 2х1 Утрогестан и 1х1 до 35та. Побарај и второ мислење.
Мене многу ми помогна нијацинамид. Ама јас користев нијацинамид и пред бременост. На почеток од користењето може да ти се исфрли лицето па после се смирува.
Мене еднаш ми се случи на депилација да ослепам на 5 мин. Верувам дека сум ја на легнала таа вена што поминува на грбот и детево натежнало. Само еднаш се случи.
Фала ти Нина на поддршка, се надевам и јас дека така ќе пробаме, ама како ќе каже денес докторката така ќе правам
Ова ми е намалена терапија , до првиот скрининг примав 3 × 1 утрогестан ,пролутекс и прогестерон депо плус...се мислам да си продолжам до 2 скрининг барем со утрогестанот
Мами дали го осеќате бебе во стомак кога ќе се заврти? 7 месец сум, 28 недела. Вчера бев на контрола докторката рече дека нема шанси да не осеќам кога ќе се заврти. Моментално е карлично, рече до нареден месец ако не се заврти ќе преговараме за царски. Јас ги осеќам движењата, активен е, ама син на мајка, газот му тежи изгледа штом не се врти. Некоја со слично искуство?
Зошто толку рано одлучуваат за царски? Зарем не се следи до последните недели како ќе се заврти бебушот?
Не е одлучено, само ми кажа дека ако не се сврти ќе мора царски. Секако рече дека и во 9ти може да се намести, но ми напомена поголеми се шансите сега да се сврти, додека е помало и има повеќе место отколку кога ќе биде 3kg или над 3kg
Фала на објаснувањето. Блиску сме со неделите па затоа се зачудив пошто ја не ја осеќам да е свртена си рита нормално како и порано,не примемтувам разлика.
И кај мене најверојатно е карлично, бидејќи кога се врти или што и да прави во исто време од двете страни го осеќам Инаку, како што сум читала овде во групата, и во 33,34 дури се местат така да не се секирај ќе се намести Мене ми треба збор за утеха дека не е сташно ако 5 недели не отидам на преглед Се мислев наредната да одам ама немаат термини после работа, а нема да можам да се ослободам во тек на работно време и ќе треба да одам после празниците. Не знам дали да закажам на приватно да не е многу време или да не фрлам пари
Јас не бев 5 недели минатиот пат Се си е супер, нема простпр за паника ако немаш некоја потреба, болка... Уживај гали мешенце.