Ниту сум улежана, ниту оставена на грб да лежам со голем стомак, имам 49кг па еве 3 недели после породување без епидурал имам болки во половина. Сакам да кажам, товар си носела 9 месеци, може да има последици дали со или без епидурал
Алудирам на коментаторите дека епидуралот има последици, и јас првата бременост имав епифурал, немам никакви болки, само ми олесна пред породување да не ги трпам, а и те како боки. Цимерката ме праша ќе ставаш епидурал, и реков се двоимам, и ми рече топло ти препорачувам и не зажалив.
Здраво на сите, едно прашање и од мене. Сум слушнала се спушта стомак отприлика во 9ти, јас сум 33+4 и уште ми расте само нанапред и нагоре мислам работата ми ги поткрена желудник осеќам стуткан во некое ќоше и 2 залчиња многу му се Ко ќе седам со исправен грб таман си е, арно ама ко ќе легнам стомак се качил до заби знам дека е индивидуално ама колку време пред пораѓај отприлика се потспушта и дали на сите ви потпира на ребра при лежечка положба?
Ја сум 37+ уште не ми е спуштен стомакот, нанапред 5м е пред мене. Исто ако каснам нешо поише не можам да дишам после и киселини уште ме мачат...а сите ми викаа дека од 36та се спушта и ќе ми олесни ама баш е индивидуално..
@Honny Мене во 40 недела ми се спушти и чепот истиот ден ми падна, и по 1 ден се породив. Оп троп бидна работата
Јас да можам/сакам природно би одбрала без епидурал. Имам слушано дека ја губиш синхронизацијата на контракции и можноста за туркање со обезболување.. Природата нѐ усовршувала да ги слушаме своите тела, тоа се милиони години еволуција. Не му ја мисли уште сега @Honny во првата бременост ми беше до заби до почеток на 9ти, се спушти наеднаш и другиот ден се породив. Вторава бременост од старт пониско е, цело време иам чуство ко да го шутирам мешето, затоа и мислам цела бременост во паника ја истерав да не се породам пред време А денес на ехо ми кажаа ептен дека е долу во мала кралица, ама цервикс 2.5 цм и затворен. Буквално кај пубична коска моментално ика и ми мава во бешика со глава..
И двете породувања ми беа со епидурал, никакви последици немам. Бебето ми се спушти тек 39 недела, пишав и тука најтежок ми беше 8-ми месец. Буквално мислам во желудник дека ме притискаше постојано.
Блиските нема да раѓаат ти ќе си на бокс (don't get this the wrong way) така да ако имаш можност за епидурал да искористиш. Нус појави има од се и од обично апче за главоболка, не значи дека ќе се јават. Јас од епидуралот ни главоболка немав само мора многу течности да се пијат после породувањето. Нити болка немав во грбот кај што ме боцнаа. Одлуката е сепак твоја. Со лесно мајка. И да точно е што пишува @MilaSs12 може само на една страна да фати епидуралот, мене така само десно ми фати лево имав болки ама пак е даааааалеку полесно одколку сосема без анестезија. И болките се трпат.
Здраво сакам да прашам дали некој имал проблеми со висок пулс во трето тромесечје, посебно почна да ми се качува во 34, 35 недела после мала активност, матичниот ми даде да испитам тироидна, крвна слика но све е во ред, кај мене обично е околу 80/90 а после мала активност ми се качува на 110/120 и ми станува тешко, онака притисокот ми е околу 100/110 со 70/80, цел живот ми е така.
Мене ми се качува до кај 100. Второ тромесечие сум. Бев и на кардиолог се е во ред, а јас не можам 100 метра да изодам без да ми се качи пулсот и да осетам замор.
Јас имав такви нагли качувања на пулс некаде во 8ми месец... имам и проблем со тироидна и ми рекоа Б6-Бедоксин да се напијам,ако не помогне да се обратам на лекар. Кај мене делуваше апчето.
И кај мене се јави висок пулс, околу 33 недела. Матичната ми препорача да се напијам бедоксин кога ќе осетам забрзан пулс. Со образложение дека плодот расте, ја притиска дијафрагмата нагоре, затоа се забрзувал пулсот.. Е сега 36та нед. Пропратно со пулсот и притисокот ми се покачи, 130-90, па денеска ми препишаа Метилдопа, по потреба..
Здраво, 34+1 недела сум денес бев на контрола и докторката ми рече дека гестациски одговара на 33 +1 и стомачето му изгледа помало од што треба да е и ме упати во понеделник да проверам д - димери. Инаку немам проверувано до сега, ја прашував докторката претходно за проверување и тогаш ми рече дека нема потреба бидејќи се развива добро. Има ли некој слично искуство? Дали има простор за паника?...
За редуцирана микрофлора, ацидосалус колку време сте користеле? Ми пишала докторката по едно навечер да ставам, ама не и колку време а гледам само 7 има внатре?
ПОМОШ!!! Болки во половина и препони од сабајле. Веќе 2 часа имам и менструални болки, како да ме сечат со нож. На точно пола саат ми се. Траат по 2-3 мин. Да тргам Скопје или прво да одам овде на цтг. Да дадам ли овде да ме прегледуваат со рака? Маж се напи дијазепам. Ми се иде и јас да рокнам еден. Можно е да се родилни болки овие? 36+4 сум