Бубче само смирено не паничи Појди кај тебе на цтг да видиш , има време и да се породилни нема одма да излегува бебе .. Диши само ќе биде се добро
Она веќе 36 полни недели има, се раѓаат потполно здрави и подготвени бебиња и во 36та недела, на кој и не им ни треба инкубатор.. Нема потреба да се додава дополнителна паника, и онака сама си е доволно испаничена.. @Bubce38 само смирено мајка, диши длабоко и се ќе биде во ред!
Тоа го кажав и јас,другарка ми ги роди двете,во оваа недела,здрави и живи без инкубатор. Каде прочита ти поинаку?
Јас сум како тебе од вчера болки во половина и препони отидов вчера ме прегледа вагинално отворена сум 2 прста а цтг уредно цервикс 2цм а сум 35+3 уште е рано издржи ми рече барем уште 10 дена...Постелка одговара за 39 недели цела калцификати само да сме добро не паничи оди на еден преглед
Сепак лажни болки. Цтг мирно. Постелка супер. Цервикс малку намален, сега е 2.9. Не биле ова родилни болки. До вторник сум можела да си уживам, тогаш сум и на контрола у Чаир па ќе видиме што ќе каже Илиевски. Маж важно сите торбици у кола ги бутна. На готовс е Сеа ќе ми дуфта до утре од дијазепамот. Фала ви мајки
36+ се смета за 9ти месец, и е "зелена зона". Син ми се роди 36+1 и не помина ни еден ден во инкубатор. Е сега, бидејќи е граница, а на многу од нас им велат дека е "недела поназад" или подоцна зачнато, тоа прави разлика во родилната тежина, која ако е под 2.500 (мислам дека!) ги сметаат за предвремено родени, инаку си се водат најнормални бебиња. А 38 недела и царски рез се друга приказна. Мислам дека докторите договараат царски рез на термин 38+ недели, од причина ако нема индикација и проблем, најдобро е за бебето да поседи во матката што е можно подолго. Не е баш дозволено ако, на пример, мене ми текне дека е доста, мачно е 9ти месец, да побарам во 37 недела да го вадат бебето и да ми ја исполнат "музичката" желба. За тоа мислам имаат став да биде минимум 38недела. И тука ако има утка од 1 недела во зачнување и мерки, пак би било со нормална родилна тежина и без ризици.
Бебуш е супер, мирен, плаче само кога е гладен, а дада си бара внимание, цело време е околу него. Забавно е
Што се случува ако имаш закажано царски во 38 недела (зарљри индикации некои), а добиеш болки и почнеш да ае отвараш на 36? го вадат одма итно со царски? Имам некоја индикација дека може ќе треба со царски, ама не ми е јасно што ако почнам порано да се пораѓам природно?
Некоја инфузија ми истече. Ама ништо посебно , витамини ( б6, б12, аскорбит) и мг мислам рекоа. Болките у половина уште си ги имам, ама послаби се. А стомак престана да ме боли Сега за сега бар
Вчера бев на вагинален преглед, докторка бутна прсти, болеше упм, и ми вика издржи, цервикс не е уште мек и прсти внатре во цервикс ми бутна и ми вика те отворив 4 прста, следна недела ќе те породам вагинално, не си тесна во карлица, се е наместено и идеме природно нема царски освен ако деновиве не ти пукне водењакот па да биде и порано! Леле паникааааааа, и крварев цела вечер и престана, болки како за добивање имав, едно незгодно чувство во стомак исто како кога се преладени и болни јајниците. Денес се смири се, само тремата, паниката ни е на ниво, па уште и сите блиски само ни вртат со прашањето да не има нешто ново хаха и уште поише паника. Некој со слично искуство, да бидеш 4 прста отворен, кога ви пукнал водењакот?
Прашував баш тоа и јас. Пошто јас у никој случај не можам природно, бар тала ми рекоа, т.е никој не би се нафатил природно да ме пораѓа. Ќе го вадат одма, не бери гајле.