Пишувам и во една друга тема, неврзана со бременост. Мм нели е др специјалист, невролог е. Ама џабе. На моменти се понаша ко водоинсталатер да е. Поима нема од бебиња. Дал од што е исплашен, дал од возраста му е ( 60+ год е, а прво дете ќе ни е ова) ама неќни ме прашува колку пати дневно се бањало бебето на почетокот. Му велам зимно време 5-6 пати, летото почесто. Е па добро вика, не е страшно Аааа Ме праша и дал наутро или навечер се доело? Навечер му викам, наутро јарињата цицаат. Свекор ми чува козичка па и мојов знае дека насабајле и дава храна Планира да запосли две жени со искуство за да не научат како со бебето. И ноќеска немал да спие, нем случајно да го удрам син му, оти јас спијам како крава оптегната, многу претам, мавам со раце, месечарам, зборам у сон.... Доста е сега за сега
Он доктор е и вака паничи? Најјако Сигурно има влијание дека прво дете плус возраста плус адреналин, си чека и он да си го земе во раце... Мојов демек е сталожен, кога ќе имам параноја, ништо не ти е, ќе ти пројде ми вика и уште толку ме нервира. Најдобар одговор "од бременоста ти е"
Мислам дека да, откако стави прсти почнаа породилните болки, ме ставија на ЦТГ, после следуваше епидурал до сабајле, на визита ме виде 10 прсти отворена.
Сте збореле за мешето спуштено или не....јас па појма немам ни дали ми е горе или доле ко да ми е големо цело време, а јас ниска и нема кај горе доле, толку ми е телото ме фака еуфорија инаку не ми се седи само ми се стои се мотам по соби место не ме фаќа. Ајде друшки со новогодишни бебушкиииии. Уште малку.
Нормални се овие болки во 9ти се јавуват, (припремни)лажни или Бракстон Хикс контракции , прочитај за нив ќе ти биде појасно. Верувај ако добиеш родилни болки нема шанси да ги утниш , многу поинтензивни се од овие , плус ако се и чести веќе и како нагон за во вц ќе осеќаш дека ти се оде.
Еве сум, секое одење на преглед ми мерат и сум со пулс 90-100, докторот ми објасни дека крвта го зголемува својот волумен за 30-40% во бременоста и срцето мора да убрза со работа и да пумпа побрзо. Значи докторов ми е цар никогаш во ништо не гледа проблем
Devojki denes mi go preporacaa ova maslo, pa bi sakala iskustvo dali nrkoja od vas go koristela, inaku stanuva zbor za maslo za intimna nega za masaza na perineum podracjeto, se koristelo od 34 nedela, so toa sto mozelo da pomogne da ne dojde do epizotomija...
Јас вчера го пронајдов барајќи други работи нека пише некој ако го користел и ти обавезно да ни пишеш
Иако имам дете, се сум заборавила Требаше да добијам на 17.12. Имам позитивен тест за бременост. Кога е најдобро да закажам на гинеколог? Сакам во едно и срцева акција да чуеме. Си пијам сега фолна киселина.
Срцева акција после 6-7 ама може да ја нема ако е подоцна овулација, па ке те вратат за недела две пак.
Го немам користено, ама паралелно читам и форум на германски, има жени што го користеле ова а и други масла за масажа па многу викаат врска нема, други дека е ок и дека помогнало. Јас сум сепак за да се проба, зошто да не. Може не ти е гаранција ама секое позитивно влијание па макар и минимално е добредојдено.
Да , спермата го омекнува грлото на матка затоа порано од 9ти месец не се препорачува свршување внатре едит: Фатете се за работа вие во 9ти