Жени кажете некој сируп што е дозволен во бременост при продуктивна кашлица, матичниот ми е на семинар не можам да го добијам. Ме откорна грлото а 38+ сум
Примаат примаат. Јас на пораѓај отидов со здравствена книшка шо не ми ја ни погледнаа - мене ме прашуваа за податоци и картонче за крвна група
Тие извештаи и сликички ги бараат кога ќе почнеш со цтг кај избран доктор за пораѓај да има увид од скрининзите и досегашната бременост. На пораѓај не се замараат со ништо од извештаи, само тебе те прашуваат за притисок/шеќер/некои други состојби во текот на бременоста. Барем така беше во мојот случај
Па јас немам добиено никаков извештај, во картонот тие си запишуваат што им треба, резултати од крвна слика, мерки и терапија. Тоа си останува кај нив. Ова со трудници што одат кај други доктори што имам зборено тие ми кажаа за мајчина книшка.
Баш кога ќе одам нареден преглед ќе прашам за тие извештаи да ми дадат, оти оф нареден месец планирам веќе и да одам кај доктор да пораѓај да ме види да се запознаеме па да ми каже како треба да тераме натаму. Таман е после 33та да си имам веќе најдено доктор за пораѓај? Оти со цтг мислам од 36та се почнува, така?
Ти можеш да си побараш да ти ги ископираат работите што спомна дека ги пишуваат во картонот. Иако мене лично докторката ми бараше само скрининзите да ги погледне. Јас од 32ра почнав да одам кај докторката за пораѓај шо ја одбрав. Ама тоа оти во друг град ми е матичниот, па ми се смачи да одам цело време толкава во стомакот Со цтг после 36та, ако нема индикации за порано
Примаат и без книшка и без мајчина и без осигурање и без се. 1 месец пред да останам бремена се донесе законот за бесплатно да е за трудници се и потоа донесоа и за оние што се и без осигурање, знам јас немав осигурање и рекоа дека не е страшно ќе донесат закон и за тие без осигурање. Баш се сеќавам зошто платив само 1 крвна слика, после ништо не плаќав веќе. За мајчината, кога бев трудна престана да биде задолжителна, до тогаш беше, а мене многу ми се допаѓаше тоа и многу добро ми беше да си читам таму и кај и да одев ја носев зошто си имаш увид во се. Башка мојот доктор многу добро ја пополнуваше, ептен беше прегледна, се си запишуваше и кога отидов кај друг доктор баш пофали за одлично водење бременост. На пораѓај јас за себе не знаев а не па за детали, пукнат водењак во 35та ич не мислев на ништо, само земаа книшка и толку. Иначе можете и сами да си купите во книжари ја има.