Дали случајно знаеш кој е тој закон или во кој закон може да прочепкам за бесплатното здравство за трудници или временски кога било одприлика да знам каде да барам? Јас не сум осигурена па чисто да видам што како. Фала многу за информацијава што ја пиша.
И јас до пред 3 4 недели јадев помалку, немав апетит, килажа држев без да пазам. Сега само гледам што има да дојадам. * Мене на пораѓајот ми ги побараа брисевите.
Не сум сигурна. Провери на Фонд за здравство страната, прогуглај. Штом трудници ништо не плаќаат уште значи и тој закон си стои. Знам дека постоеше нешто такво зошто ме тангираше тогаш.
Да ви се умешам во муабетот. Брисеви од 12та недела не, ама носев резултати од 36та недела бидејќи имав бактерија и пев претходно терапија и ми ги бараа резултатите да ги видат и мислам дека 3 пати ме препрашаа за бактеријата. Така да, не ништо страшно да си ги носите со себе на пораѓај. Мајчина книшка немав, не ми ни побараа. Картонче со крвна група носев и го покажав таму. Ова зборам од пред 2 години на Гак. И да, кога одите на пораѓај носете си водичка обавезно и тоалет Мм го враќав од дома да ми донесе тоалет Со лесно на сите
На дежурен се оди ако има болки, крварење. Вака како ќе одиш, и да излажеш дека имаш болки ќе те проверат со рака. Вака седи си раат.
Бидејќи се тука трудници една вест за вас која ја слушнав од мојот гинеколог, кој и кажуваше на една пациентка. Има измени во законот( тоа во болнициве нема да ви го кажат не им одговара најверојатно) дека можете на ваше барање да побарате епидурал или спинална во Државна и Чаир. Мора само да потпишете согласност не би требало да ве одбијат.
Интересно тоа, него како планираат тоа да го изведат кога нема анестезиолози Анестезиологот покрива одделение интензивна и како ќе ги остави своите пациенти за да биде на пораѓај не ми е јасно.
Е тоа незнам најверојатно ќе биде на среќа ако нема многу трудници кој се пораѓаат во исто време или некоја царски...Битно рече дека давале и јас се зачудив зошто знаеме како е во државниве. Давале на ваше барање со согласност потпишана некаде на 5/6 прсти отворено. Еве ако има некоја членка која има за брзо термин и планира во државна болница да раѓа нека проба.
Мене ми бараа мајчина книшка на пораѓај. Во неа беа заведени сите контроли,испитувања,историјата на бременоста. Добро е да ја имате.
Добар ден убав ден Нова членка сум на овој форум па би била навистина благодарна за ваше мислење и совети. Бремена сум 4 недели и 5 дена, со направено прво ин витро (при трансферот ми беа вратени две замрзнати ембриончиња). Во петокот на 24.12 направивме hcg по 14-от ден од трансферот и резултатите беа 1378. Матичната при прегледот забележа гестациска кесичка, додека на 05.01 имаме закажано за срцева акција. Покрај хормонските инекции користам и Кринон гел. Утрово на тоалетната хартија со остатокот од гелот кој се исфрла секое утро забележав бел исцедок и многу малку бледо портокалова боја. Дали некому се има случено истото и дали вредностите на hcg ви се чинат во ред. И докторот кој го правеше ин витрото и матичната рекоа дека се одлични но сепак. Прва бременост по 3 години и многу битки...Ви благодарам и извинете на предолгото изјаснување. Убав ден на сите ви посакувам!
И јас некаде во 5та или 6та недела имав таков исцедок како портокалев. Два или три пати. Во различни временски интервали. Му кажав на гинекологот ми рече да земам утрогестан од 200мг еднаш на ден.
Двајца се, и може ако се сака, не мора он цело време со нас да биде врзан, се дозира тоа, секако нема некоја за 2 мин да се породи. Е сега на гак тоа иде со врски, у Чаир ни Господ не помага. А ако мислише за у Чаир, да таму мислам дека еден анестезиолог имаат само. За греота.
Подобро од доктор нема кој друг да ти каже. Мојата бета на 14 ден беше 800,твојата е доста поголема што значи дека може да се две. Бледо портокалова боја ти е од гелот не му се секирај многу. Пушти мозок на пасење и уживај сега...