Ти благодарам најмногу! . Јас покрај гелот и Prolutex, Choriomon и Clexane инекции примам, + Estrofem, Aspirin, фолна и витамини... Но, сепак со споделувањето на вашето искуство ме смири некако. Убав ден ви посакувам!
Убаво ти пиша членката погоре можеби од гелот да ти е тоа. Најдобро консултирај се со матичниот. Јас само фолна пијам. И од тогаш почнав и утрогестанот вагинално да го ставам. Убав ден и на вас !
Мислев на цела држава, не може законот да е само за тие две болници. Не може цело одделение да остави и така да се снаоѓа да трчка да крпи чек ќе пуштам ваму да течи па ќе се вратам кај овој што е за реанимација...
Не сум сигурна дека се сфаќаме убаво, ама и у другите болници имаат повеќе од еден анестезиолог. Јас имам искуство на урологија сум оперирана, сигурно поише од 1 имаше, повеќе луѓе не праеа со спинална. Ова у Скопје секако, по помалите градови не знам како е али не верувам дека е сјајно. А зашто епидурал е уште научна фантастика на одделите за гинекологија и зашто немаме доволно анестезиолози е прашање на инстанца на влада и министрество, јас верувам дека докторите би дале на сите доколку имаат услови за тоа... Трагично е у секој случај.
На брис од грло имам стрептокока. Минатата недела премногу ме печеше грлото кога се разбудив, друг симптом немам. Општиот доктор ми вика премногу рана бременост е за антибиотик (6+4 сум), а гинекологот дури од 5ипол е достапен. Некоја искуство со ова? Да си правам гаргара со сода?
Така си е. И за помалите градови посебно зборам. Имам анестезиолог во фамилија и точно знам за каков недостаток станува збор. Оди во повеќе градови - болници патува и работи и ми има кажано дека не може и не смее да е на две одделенија во исто време. За Анестезија и реанимација како одделение секако не е доволно со 2ца доктори а не па еден.
Limon so sol probaj i propolis od dr. bachef(mislam deka e dozvoleno vo 8 nedela go zemav jas maticniot ginekolog mi dozvoli ) da ti se ublazi bolkata
Фала ти за советот! Мене воопшто не ме боли сега, минатата недела ме печеше, дури како да ми лутеше, а сега немам никаков симптом.
Ако не си осигурана плаќаш приватно, ти кажувам од искуство бидејќи пола бременост не бев осигурана, не можев ни матичен да имам без осигурање. Ова со законот е дека бремени се ослободени од партиципација и (ваљда) сите иследувања под фонд се бесплатни.
Честиткии Се породив и јас, дојде мојата пинк девојка со негламурозен договорен царски рез, бебе 3100.. Мама е ок, бебе реши да се изнаплаче тука, во болница, за дома да биде умна