@Bubce38 честитки мама! Да е жив и здрав Славен, многу ми е драго за вас А нели требаше за божиќ да го чекате? Тато како е?
Честитки мајка, да е жив и здрав Славен, вечно да ве радува! Е сега, стабилизирај се, па ја чекаме твојата породилна приказна..
Здраво. Има ли некоја искуство со надминат термин од 10 дена? Плодова вода доволно, се е океј, а ми рекоа да не чекам повеќе утре да одам за да ме примат и да примам провокација. Се преплакав од страв и стрес, очекував се ќе биде природно, но ете не оди секогаш по план. И од попладнево осеќам болка во коската под стомакот. Значи не стомак, него интимата, тој коскениот дел, при движење и станување. Пешачам, имам пилатес топка, нешто со неа вежбав минатиов период, ама бебуш нема абер некако. Од кога ми викаат меко е грлото, меко и ништо. Некое слично искуство? Фала ви
Контракции можеш да добиеш преку ноќ. Можеби подоцна е зачнато. Ама пракса е да се чека 10 дена по термин, најмногу две недели ама тоа доктор одлучува. Оди утре со позитивна мисла, ке станеш мама.
Јас не надминав толку термин ама решија да не го надминувам повеќе. Ме примија за провокација. Од страв и стрес мислам ме фатија болки, родив природно без провокација на крај
Првото дете го надносев 1 недела. И бидејќе бебе немаше намера да излезе, а плодовата вода ми се намалуваше ми ставија провокација и се породив природно. Не се нервирај и не си прави непотребен стрес. Ќе се гушкате наскоро. Опушти се и само позитивна мисла. А и имаш време до утре, ете може болката што ја спомнуваш е најава дека ќе бочне процесот природно и без провокација. Со лесно!
Фала ви девојки. Ќе се обидам да се смирам. Смеам да јадам пред да отидам во болница? Заборавив да прашам денеска, од што се исплашив. И моментално имам главоболка, па и накај вратот ми се шири, веројатно од стресот. Магнезиум испив, можам ли и пола парацетамол? Или да пробам да издржам?
Смири се. Прво надминат термин ти е 10 дена бебе мора да искача веќе. Немаш потреба од стрес, ептен си на чекор од најубавото. Опушти се, гушни маже, уште кратко ќе сте само вие двајца.
Мене ми рекоа последно јадење да ми биде кај 18ч претходниот ден. Ако не можеш да издржиш а не ти рекле ништо евентуално касни нешто лесно. Парацетамол претпоставувам не би сметал. Секако до утре и би прошло дејството...али сепак не сум доктор.
Ако оди да ја пораѓаат со провокација баш обратно, јас би и рекла да си се најаде пред да оди, да не биде исцрпена додека чека да почне пороѓајот. Не е баш пријатно да не си јаден повеќе од 24 часа а при тоа да очекуваш да имаш сила за голем напор кога ќе дојде моментот за раѓање. @SleepyBeauty
Го споделив моето искуство. Така ми беше речено од докторот на ГАК и така направив. А инаку да, во право си, се породив во 22.05 часот и точно дека бев гладна. Ама затоа и реков чим не и рекле ништо и нека поткасне нешто. А моето искуство беше такво -гладна и жедна
Јас не сум трудница ама на моја блиска и кажаа да изеде 100гр чоколадо пред да оди на пораѓај за да има сила, но и рекоа да не пие вода и течности. Со среќа и со лесно
Незнам зошто така советуваат доктори, тотално грешно е, ама пак ќе речат која си ти да кажеш дали е погрешно, но ене секаде во странство жените јадат без проблем дури и во болница додека чекаат да се отворат. Со првото дете бев мртва гладна, сабајле ме фатија болки, немав време ни за кафе за ништо, ме примија, а се породив дури во 5 попладне, исцрпена до максимум. Се осеќав ко да ме прегазил воз. Со второто поучена од првиот пат, и кафе и доручек истерав, пак сабајле рано ме фатија болки, па кога стигнав во болница не успеав ни клизма да добијам, а што се дешавало на бокс ич не ми а гајле