Не се замарај толку и мене докторката ми рече чекаме до термин и плус една недела ако не сака да излегува ќе биде со провокација, еве ќе терам 39 недела,абер нема ни за контракција ни болка, вежбам секој ден, пешачам и сеуште одам на работа, мене докторката ептен ме опушти со разговор и ми објасни се, немој да се плашиш и да се стресираш за џабе, ќе биде се во ред
Здраво мамички, сакам да ве прашам 2 работи. 1. Ми најдоа во 22 недела Gardnerella бактерија и после терапија со 6 вагиналети Макмирор комплекс матичната ми рече дека нема потреба од дополнителен брис. Дали сте имале искуство со оваа бактерија? 2. Правев Torch во 22 недела на мое инсистирање , бидејќи матичната во 12та недела не ми даде упат. Па CMV IGG е +222 , ми изгледа многу високо, дали би можело да е инфекцијата случена во бременост Ви благодарам ❤
Јас ја имав пред бременоста. Имунолошка е знае да се активира од намален имунитет, миење со средатва долу, нарушување на пх вредноста, може и да се пренесе. Непријатна е чеша и има одвратен мирис ако не се третира, исцедокот знае да биде зеленикав. Мене ми ја третираа со вагиналети и се одмивав со камилица. После не правев контрола, немало потреба. Откако забременив повторно правев брисеви немаше ништо.
Девојки дали вежбате? Ако имате некои вежби да ми пратите линк? Само да не се со пилатес топки зошто немам
Јас пак матичната ми го смени еритромицин за цефалексин, бидејќи во антибиограмот за стрептокока на грло го нема еритромицинот, и да го почнам само ако ми се појави гној на крајниците. Пиела некоја од вас во рана бременост?
https://m.youtube.com/playlist?list=PLYovK-I6zn_rYY3-tCNw2lvZkApsaaiWt https://www.pregnancyvideo.net/15-minute-prenatal-yoga-flow-prepare-labor Не сум почнала ама ако можеш пробај па кажи какви се. Некако све ме мрзи, ама докторот рече да седам дома, да не шетам, па ќе треба да почнам.
Девојки секоја крвна слика од почетокот на бременоста имам шеќер 4.8 (реф 3.3-5.6) и холестерол 7 (реф 5.2) пазев на благо и исхрана, вредноста е таа, не пазев, пак е таа. Никако не се намалува. Холестеролот исто. Вегетаријанец сум, а ќе речеш секој ден по едно бишенце печам дома, над граница стои никако да се мрдне. Знам дека може да е на нервна база и да нервозна сум осетлива, хормони работат. Ама ич да не мрднат вредностиве 6 месеци не разбирам. Гин вика нормално било да се покачуваат. Искуство?
Нормални вредности во бременост се тоа, претпоставувам дека внесуваш Омега 3 со пренаталните. Плус холестерол не се качува од месо само, повеќе од грицки, чипсови, сирење, прости шеќери...ма да јас пазев и на тоа па не се симна. 6 ми беше мене и последните неколку месеци не го ни проверив најискрено.
Холестерол не се мери во бременост, тој е нормално да се накачува како напредува бременоста И кај мене е накачен и се накачува цело време без разлика на јадењето. Вредностите ти се нормални Поздрав