1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Едноставно е, од денот на зачнување до терминот за пораѓање имаш точно 9 месеци. Е сега ти според денот на зачнување ќе си занаеш. На пример 11 јануари ти се води како почеток на бременост 11 октомври ти е термин за породување. На секој 11 од месецот ќе си додаваш по еден месец. Оваа хипотетичка трудница сега е 6 ипол месеци трудна.
    Незнам дали и на вас ви рачунаат ден на зачнување (тука така е) ама тој датум е 2 недели после последниот циклус.
     
  2. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Еве ме и мене мешињааа јухуууууу :hai: и јас пред малку станав па мм ми донесе ѓеврек за појадок, уште од кревет не сум станата, ме мрзи некако и си јадам и си читам фемина 8) Инаку јас сабајле во 4 се вратив со мм, решив таа вечер да бидам излезена па седев во кафичот кај нас, имав и друштво и ме фати баш касно, ама па дома не можам да седам сама , почнува депресија да ме фаќа веќе :tmi:
    Алал да ви е што започнувате со овошје, јас ни овошје ни зеленчук не можам да јадам последниве денови, ми се гади :puke: а знам дека морам да јадам, па на сила ќе мора изгледа друго чаре нема..........
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    И сеа сум 7ми??

    хахах после толку мислење, разглабање , дај кажете ми на чисто не од таа до таа :rofl: некако не се ни трудам да ги разберам, зошто по моја логика првиот месец не се брои, всушност се брои ама не се рачуна како бременост. А терминот на раѓање ми е различен на секоја контрола, зависно од мерките на бебето
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Еј девојки, јас би сакала да прашам дали алкохол смее да се конзумира во бременост и што поточно се смее и колку и од кој месец може да се пивне по нешто? Јас откако останав трудна не сум ставила ни капка алкохол во уста, а ни претходно не пиев, мнооогу ретко по некоја пијачка да испијам, а сега баш не ми е јасно. И баш ме заинтересира ова бидејќи сношти баш дојде еден пар кај кој девојката беше трудна 7 месец и си порача пиво таа си, испи 2,3 ко ништо и плус пушеше ко луда :o и не ми се допадна баш таа глетка па ете сеа ми текна да ве прашам и вас дали знаете во врска со алкохолот што и колку смее да се пие во бременост.?!
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    За црвено вино знам дека се препорачува по една чашка( е сеа дали дневно или неделно незнам). Јас ова неможам да го пијам, но затоа во бременоста се имам напиено едно 6-7 пати по една чаша пиво, го одбирам она со најмалку алкохол во него.
     
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Пробај Скопско радлер :clap:
     
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    јас колку што знам, не треба да се пие алкохол за атер на бебето во нас, нормално е дека се што јадиме и пиеме влева и во неговиот организам, за штетно е штетно, за тоа го забрануваат алкохолот но можело во месецот еднаш или 2пати да се напиеш црвено вино една чашка, викат дека тоа било убаво за бебето, но јас сум сепак скептична малку, и неможам, пред да бидам бремена обожавав вино, пиво може не секоја вечер, ама во недела 3 4 пати секако сме седнувале дали со ручек или вечера обавезно винце или пивце, а сега нема шанси, ми се пие пиво не кријам и многу убаво ми мириса, ама не чепкам ради бебчето, толку многу се борев за да го добијам сега јас да будам штетник, нема шанси, исто и за цигарите, знам дека никотинот ја загадувал плодовата вода, дури и имам гледано видео како изгледа бебето во стомак на пушач и не пушач. Јас бев пушач и тоа страсен, на ден пушев повеке од една кутија, но кога го видов позитивниот тест веднаш ги фрлив, не ми ни беше тешко, ниту се здебелив од оставањето на цигарите, што пред тоа кога пробував да не пушам ставав по 4 5 кила секако. Кога човек има волја за нешто и кога го сака тоа нешто, може да се откаже од сите пороци и да издржи тие година 2 после кога малото невино суштество нема да биде зависно од моето тело, пак ке пијам кога сакам, цел живот е пред нас, а во животот за овие мали бебечиња што сега ни се во мешето, како што сега се откажуваме од многу нешта за нив, и кога ке пораснат пак ке жртвуваме нешто за тие да бидат срекни, оти вистинските родители секогаш се трудат да им обезбедат сигурност на своите деца. :*
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    На моја другарка мајка и е докторка, општ лекар, таа во текот на цела бременост пиела по една чаша пиво или вино секоја вечер, и рекле дека пивото е добро за кожата на бебето, а виното за крвта се разбира, но умерено, по една чаша, е сеа нека бидат и две, ама не секоја вечер нормално. Сестра ми си пиеше одвреме на време винце или пивце, не пушеше, не посојано, кога многу се нервираше знаеше да запали една ама тоа се деси во цела бременост максимум една кутија цигари, јас секако многу сум против пушењето, особено во бременост, не ми се допаѓа како изгледа трудна жена со цигара во рака, јас и така не сум пушач така да нема да имам мака со ова ;)
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Пробав, одвартно ми е :puke: , си останав на скопско и тубург :lol:

    Сењорита, па атер на бебето, он сака , не јас , јас сакам водка :lol: Шала на страна, не верувам дека е нешто штетно, за овие месеци некое пивце, па нели и здраво беше. Сепак не пијам да се опијам, кажав веќе само по една чашка.
    Инаку прв пат се напив после 14недела, пред тоа ништо немав пиено.
     
  10. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    леле и јас стално се збунувам со овие неделите, и плус кај мене е друга работата останата сум бремена покасно , така да вистинските недели со оние на ехото ми се разлика 3 недели, и се ми е попара :lol:
     
  11. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас веќе за истово си пишав во исхрана, па ајде и овде.
    Мене другарки што имаат деца, вклучувајќи го и татко ми што ми испрати некои статии на интернет,ми препорачаа дека чаша црно вино еднаш дневно била добра за трудници.
    Јас пијам 2 пати неделно по една чаша црно вино или многу ретко во кафана едн прст бело вино со многу кислела вода.
    Цигарите ги оставив во истиот момент кога дознав дека сум бремена и не му давам на мм да ми пуши на маса. Може на тераса или откако ќе си легнам, бидејќи рано си легнувам :D
    Пиво еднаш сум се напила,пола чаша и тоа е се.
    А пред да останам бремена конзумирав вино и пиво секој ден со ручек и вечера, кога само чаша, кога чаша,две до три :$
    Среќа со бременста сега ќе си се прочистам од токсини на алкохол и цигари :)
     
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Да, сега влегуваш во 7ми месец.
    А за алкохол не се препорачува во првите 3 месеци воопшто,а потоа по малку црвено вино или пиво ако сакаш нормално, ама да не надминува 4 чаши неделно.
     
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Добро утро и од мене мешковци :)
    за ова со неделиве и јас не го разбирав баш ама кога отидов кај Димчев он ми кажа точно која недела сум и сега според тоа се водам, а кај матичниот сватив дека секогаш касни 1недела бидејќи им е многуу старо ехото, сега кога бев во ремедика кај Котларова ми го мереше плодот јас мислев дека сум 31ва недела ама испадна 32ра. со тоа што главата одговараше и за 33недела.
    Така пополека почнав да си привршувам со подготовките за принцезата, и си се чудам како бргу ми помина времето :) :)


    Имајте убав ден :)
     
  14. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Добар ви ден мешлаци,ајде кој е за ладно нес нека повели.
    Читам за алкохол муабетите ,јас бидејки повракав до 4 месец ништо неможев да пијам ни да јадам,ама затоа после пивце ми беше како сокче толку со сласт си пиев во живот не сум обожавала пиво ама сега по една чашка ме освежуваше ептен ,не претерував ама со убав ручек обавезно,и винце пиев ама послабо пола чаша едвај и др ми дозволи се разбира се што е претерано не чини.
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.895
    Допаѓања:
    102.983
    Пол:
    Женски

    Срц , јас пиев пиво купував Buckler , безалкохолно пиво ( ама има алкохол само 1 посто :) ) и винце црвено пиев по пола чашка ама тоа не многу често , а вака навечер кога излегувавме со мм само сокче или пиво.Јас баш памтам кога се породив за ручек во болницата кој сакаше му носеа и пивце :rofl: викаат дека пивото го подобрува квалитетот на млекото :)

    А за женава што пушела , немам коментар , таа очигледно не мисли на бебето. :|
     
  16. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Мешковци добар ден на сите, се надевам за сите убав ден. Јас од сабајле по град по банки и институции папирологијата со мм да ја средиме трансакциона за плата (кај мм во фирма за породилно ) и што да ви кажувам во стопанска во ГТЦ горе кај што издаваат пинови и картички баби што едвај работат останавме со мм цели 2ипол саати додека го земеме пинот за картицата у пм. Како вие Меу Леонтина и сите останати гледам денот некој го почнал со праски а некој уште по сабајле на пиво и алкохол мисли :rofl: :rofl:
    За вино знам дека било добро по една чашка, да не се претерувало а за пиво мм купи едно на одмор кога бевме во јуни од Лидл и на самото пиво имаше слика од бремена жена ама прешкртано. Е сега тоа значи дека бремена жена не треба да пие пиво а чудно што ова пиво имаше многу малку алкохол во него.

    НЕГО КАЖУВАЈТЕ ШТО ДА ПРАВАМ ЈАС СТАНУВАМ ЗАВИСНА ОД СИНАЛКО :sweat: :sweat: како да го решам...

    Поздравче мамички до сите .....Се надевам уживате ... :*
     
  17. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    За Баклер знам безалкохолно дека е бидејќи го имаме кај нас во кафичот, но јас не сум многу голем љубител на пивото така да поарно и да не пијам оти не ми е ни слатко, а винце црвено пијам, сега не сум никако пиела откако останав трудна, ама ај понатака може по една чаша да си пивна штом е доозволено за трудници. :)
     
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Кога ја видов странава ми текна на вас! :lol:

    Еве нешто да се занимавате.

    http://www.ringeraja.mk/
     
  19. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Ајде и јас да ви се приклучам во муабетов. Јас сум 6 недели трудна, поточно влегувам во седмата недела. Многу работи ненадејно се случија и ова ми дојде како гром од ведро небо. Како и да е си го сакам бебенцево што е во мене. Сакам да ве прашам дали ви тече белопрање и кои апчиња ви ги препишал докторот?
     
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Добре ни дојде во нашето трудно кафанче ТеаВ :) и нека ти е со среќа бременоста да си ја износиш со песна. За белото прање па јас немав на почетокот, што знам, сега чат пат имам, кога немам, но нормално си е тоа, се додека е без чешање, без мирис и без некоја зеленикава боја е нормално белото прање, а ако сакаш да си посигурна може да си отидеш на гинеколог чисто на една проверка или пак прашај го др.тој најубаво ќе ти каже и ако има потреба ќе ти ја пише соодветната терапија.