Затоа те прашав во која болница ќе се пораѓаш , си барам друштво Ајде не му ја мисли секако ќе излезе а како докторите нека му ја мислат
хххх па работатата ја средувам за во чаир ама дека не сум од ск па мојот матичен сеа според овој новиов закон има право да ми напише само за во Штип упут па од таму да ме пратат за Ск ама некако овие од Штио не ми се сигурни а и рекле дека и они можат да ме породат со царски ма да јас имам искуство во штип како животно да си се понашаат со тебе ако немаш некој свој бараат де кафе де ова де она па и се случува и тоа на посета што ке ти го донесат да ти го изедат сестрите катастрофа е ама ке видиме што ке биде
Јас како за на шетање да се спремам, не за пораѓај ама пусти страв, па си барам позитивни работи во се
Zdravo zenicki.... jas sum nov clen i se nadevam ke se druzime....35 nedela sum a bebuso uste e karlicno namesten ...ima li nekoj iskustvo?
Бев вчера на преглед и ми кажа докторката дека 90% ми е машко . Сеуште е рано за да се знае сто посто, за еден месец ќе биде. Многу беше интересно, рацете му беа горе и си играше со нив
Добар ден мешковци, убав ден на сите труднички. Честитки за мајчичките кои се породиле во меѓувреме, честитки за новите труднички кои се приклучија на труднички муабети со лесно нека ви е ... Деновиве со еден куп обврски никако не стигнав да се придружам на муабетите кои сте ги воделе овие денови, па еве сега да седнам да ве исчитам сите по ред. Јас вчера и денес сум со голема нервоза незнам дали до мене е имам отрпнато чувство на осет или нешто друго е (гинекологов на телефон ме убедува дека е од умор и дека сеуште е рано за интензивен осет) ама јас не го чувствувам бебушов мој и само кревам паника и се расправам со мм а он кутриот трпи се. ... Што се однесува до спремањето и перењето на стварите сеуште ми е рано, се мислам таму во ноември да се фрлам на интензивно спремање и перење и спремање на соба а до тогаш ќе се малтретирам со овие нервози (аман више ) , ден позитивен три негативни УПМ . Единствено што му се радувам е на времево што конечно е и поладно , па се дише па можеш да се функционира. Да не утепувам со муабет едно те исто поздравче до сите убав ден кој се пораѓа со лесно нека му е , кој е во исчекување само смирено , а ние останатите имаме уште време поздрав до сите вас
A на контрола кога беше последен пат??? Скоро?? Се беше ок?? Ако е ДА, тогаш да знаеш дека за џабе се нервираш и мислиш. Меѓу другото гледам дека си постојано активна, а тоа е причина + поради која подоцна ќе го осетиш бебето. Во неделите во кои си, се осеќа само кога лежеш на стомак, пожелно цел ден да лежеш, зошто сепак не знаеш уште кога спие, кога е будно, па да начекаш. Затоа не паничи и не си прави лоши филмови. (нашол кој да ти кажува ) Шала на страна ,ама ние трудниците знаеме да бидеме многу напорни, и јас само туку се туфкам, дали е добро, дали мрда, дали е живо, па како ќе биде на пораѓај, па дали ќе си дојдам дома со живо здраво бебе..... а жени и жени отишле се породиле и си дошле со бебушите дома, ама ете како ние да сме посебен случај па мора нас нешто не нормално да ни се случува.
Меу пред 10 дена бев кај Димчев на втор скриниг и се беше супер , човеков вика имаш јунак во стомак мрдаше, срце супер никакви аномалии ништо се беше одлично и ми закажа контрола за 8 недели човеков а во меѓувреме кај матичниот гинеколог во 26 недела на контрола ( а кај него во 30 недела - да видел како го хранам бебушот ) Ма јас знам дека најверојатно џабе се нервирам ама и на мм сега на телефон му кажувам неможам посилно е тоа од мене, внатре ме јаде што викаше мајками вријам од внатре (ете и веќе два дена имам херпес на уста од нервози ) ама што да правам -што викаш жени и жени се породиле ама ние сме изгледа посебни , кристални па и затоа и осетливи малку да се насмеам, има денови позитивна да уживаш ама денови како денес и вчера неподнослива сама на себе , затоа и те разбирам потполно што викаш се туфкаш и мислиш , до последно на пораѓање ќе се туфкаме знам затоа што сме такви јбг, еве старосватицава моја се породи пред скоро 2 месеци мува не ја лази ни сега а не па во текот на бременоста , и сега кога ја гледам како со малата и викам добро ма ти не си нормална детево не е играчка па како ти текне, а она ладна секако ќе израсне и ќе биде појака ако сега и се тресам а и на првово (она има и прво ) морам да му посветам внимание ( и ете не се сите исти- да знаеш она како си ја истера бременоста а и пораѓајот ќе речеш има ли таа жена чувства ама има ја гледам не е скорз без осет си ги сака дечињата највише на свет,само што има појака контрола над своите емоции ) тоа е , ајде ти ситно броиш а јас ќе веслам во немирни води уште 18 недели Се исплати секој стрес и секоја нервоза зошто накрај ќе ја имаме безрезервната љубов од нашите дечиња , поздравче
Денес поминав од кај докторката и ја прашав баш за тоа и ми вели сосема нормална работа е во бременоста, се додека нема чешање и е без боја и мирис нема никаков страв, не ми даде никакви вагиналети и сл. Иаку јас немам до сега проблем од секојдневните, користам секакви веќе колку гдини и до сега не ми се појавила некоја не дај Боже инфекција или кандида, барем со тие работи немам проблеми, дај Боже така и да остане и не ни можам да замислам да не ставам секојдневна, се осеќам како помочана и се мислам дека нешто ми фали
Е не се исплати да ти кажам, оти ем страсови , ем нервози ќе си насобереме, а не само ние, туку и бебето, за да на крај се смееме сами на својот памет, колку сме биле никакви што сме размислувале вака. Јас со цел мерак почнав да си спремам за бебушот, ама пак имам некоја доза на резерва во мене, со тоа нашето “дали ќе биде се ок“ За нас само еден ехо апарат по дома , тоа е решението
Хаха меу и не ти е лоша идеава да ти кажам И јас почнав со паника, па како ке биде дали ке биде живо и здраво, да не се замота со папочната врвца па да му се деси нешто абе триста глупости, и баш сабајле ја прашувам мајками за ова со папочната врвца и ми вика ПАК СИ ЧИТАЛА НА ИНТЕРНЕТ А ? хаха ме научи женава , ама што да правам читав породилни приказни и прочитав таков случај и ете ми се уврте во глава.. Јас сум утре на ЦТГ и контрола .. да знаете само колку го мрзам ова цтг уффф... А изгледа дека од Понеделник ке треба да одам секој ден.. Абе инат дете како татко му , не му се искача и готово
мене стравот за папочната ми е од искуството на мајка ми со мене А инаку и јас што и да спомнам мм веќе не ме ни прашува, туку само ми вика “ќе ти го исклучам интернетот“
Мешенца, имам едно прашање кое оддамна не ми е јасно, а ми е срам да прашам не ми се смејте ама не знам стварно, не сум никогаш раѓала до сега, прв пат ми е ова и сакам да прашам....што е ЦТГ ?
Не е срамно да нз и да прашаш срамно е ако нз а да се праеш дека знаеш како што кажа меу за проверка на контракциите и колку тие се јаки и според тоа одредуваат што како за порагајот.
Ахаааа значи тоа е, ок, фала ти на брзиот одговор МеУ, јас бидејќи не живеам Мк и ќе се пораѓам во Гр.кадешто и живеам, да знам за на крајот како се вика тука
Е во странство незнам како се вика без гајле сигурно ќе ти кажат се, би требало да се понапредни Туку кога сме веќе кај цтг-то, од кога се почнува со одење??? Од која недела се контролите?