Го следев кај матичен секој месец, 110 со 70 беше мојот. Иначе, дома немам апаратче па да мерам. Чим немаш проблем, купи си апаратче па мери си, ако сакаш да видиш дали ќе падне.
Јас не би идела, иако знам колку ти се иде и сакаш да издуваш мозок пред да се породиш. Крајни недели се, јас не би ризикувала, посебно затоа што викаш дека минатиот пат ти се слошило. Секако, не мораш да ме послушаш, можеш и гинеколог да си го прашаш ако веќе ептен сакаш да идеш.
Да имам апаратче, веќе неколку дена постојано го следам од дома и не паѓа под 130 со 70, а почнав и со метилдопа, но нема никаква промена. А физички не ми прави никаков проблем, во смисла на главоболки.
Јас ги пијам Метилдопа.. Треба барем 4 дена да пиеш за да почнат да делуваат.. Но, се додека малиот не стигне 90 + нема потреба да де грижиш, не е висок притисок.. Но мери си го почесто и запушувај си, колку да си знаеш.. Минатата недела мене ми стигна до 140-110, па лежев и два дена во болница за да ми го следат.. Но после еве скоро недела ипол од користење Метилдопа, ми се стабилизира..
Некоја членка прашуваше ама не можам да го најдам мислењето никаде. Не се сеќавам што и одговорија. Ако правам испитување за скриен шеќер, со првото боцкање, може да се земе крв и за димери? Да не одам за 2 дена пак на испитување... за во Авицена сакам.
Здраво девојки, ме интересира дали може да се користат некој бенефиции од државата како млади родители или за прво дете, мислам на бенефиции како што е детскиот додаток или пример како што може да се користи породилно отсуство.
Јас така испитав ама Охрид. Прво ме боцнаа за д димери од вена, а за шеќерот ме боцкаа од прст. Сигурно може и во Авицена само кажи им пред да те боцнат.
Мене почнаа да ми се вртат пак црни мисли Во четврток бев на гинеколог и се виде сакусот добро вгнезден во матката, дали денес ако отидам пак да ме види на ехо ке се види некоја промена или пак многу е брзо едно по друго? Мислам дека нема да издржам до понеделник сешто ми се врти низ глава. Инаку сум 5+4 според последна менструација, ама сигурна сум дека имав рана оволуција.
Многу е рано денес. Ти кажале дека е добро сместено, сега останува само да се смириш и да почекаш. Зошто имаш негативни мисли? Зошто си правиш стресови?
Рано е сеуште, околу 6та недели оди. Ја тогаш бев и слушнав срценце. Нема потреба од црни мисли, се ќе биде во ред.
Имав 2 спонтани претходно. Цело време си викам не мисли на глупости, ке биде се во ред, но посилно е од мене пак мислам на најлошото
Почна денес многу да ме боли во долниот дел на стомакот а и позади кичмата а не сум во можност да отидам на гинеколог. Болката е како грчеви што дури ги осеќам и позади на анусот. Најмногу ме боли при станување и седнување. Дали е нормално вакво нешто ? Иначе 17 недела сум
Немој да се секораш. Одмарај, мирувај, храни се здраво, пиј витамини и само позитивни мисли. Овој пат се ќе биде во ред