Здраво, некоја членка што била или е на боледување за време на бременост ( не е поврзано со користење на ковид мерки), да ми каже како е со исплаќање на плата, јас конкретно бев месец и 10дена ( влупно (30 работни денови).Знам дека еден месец си под фирмата потоа преминуваш на фондот. Е сеа гледам дека парите за 8денови што сум под фондот не ми се стигнати ( се ми е однесено од боледувањето во фондот+ сметката). Како се од фондот за исплаќање? Доцнат?
Здраво девојки Иако прерано, ама си викам да чкртнам во темава, место да си фатам Вчера попладне (15 дпо) ја видов најубавата бледа, ама убаво видлива втора цртка Веднаш правец да испитам и преку крв, при што резултат за HCG добив 211,2. Се видов и со докторот за консултација, при што малку ме исплаши дека бетата била малку ниска. Ми даде терапија дабростон и метилирана фолна и препорака за мирување и ми кажа да се видиме нареден вторник на ехо. Е сега, ме интересираат ваши искуства за вредноста за HCG? Се читаме и едвај чекам да растеме заедно
Здраво девојки Дали некоја од вас имала покачени вредности на д димерите но да била заразена со ковид кога ги испитала. И дали се намалиле пост ковид и доколку не дали сте примале терапија пост ковид. Ви благодарам
Се мислев и јас да повторам бета утре или четврток, место нема да ме фати до наредна недела Фала многу за одговорот
Честитки! За 15 дпо бетата е супер, воопшто не е ниска, напротив! Не ти ја знам историјата, ама без болки, крварење, претходни спонтани ни прогестерон, ниту мирување ти треба. Уживај и среќно да растете
Дали некоја може да ми го прочита цтг-то, ноќеска имав зачестени болки на 7 мин, а инаку сум 33+4 Кога ме примија на првото цтг савајле рекоа дека е лошо и дека има ниски тонови (( сега ова наводно било ок... ама некако сум загрижена
Ти благодарам многу Прва бременост ми е, па немам ни претстава колку од прилика треба да се движи вредноста за бета на еден ден доцнење. За останатото, пред три и пол години правев конизација, па претпоставувам дека и поради тоа ми препорача мирување за почеток. Фала ти најмногу уште еднаш
Девојки која недела почнувате да ги броите движењата и ударите на бебето? Мене уште некои денови ми е поактивно, некои послабо, не знам до кога е тоа нормално
Исто 17та недела сум и мене некогаш ми се случува баш исто, но и според доктор тоа е од ширењето на матката и истегањето на лигаментите. Само добра мисла, си се сместува бебушка земи магнезиум, мене ми помага.
Здраво,дали некоја користи ваков магнезиум?со првата бременост користев магнетранс директ 375мг,такви ми кажа гинекологот.сега мм купил вакви
Женски, јас во најлошиот период од животот останав бремена. Стрес невиден, кафиња, цигари, апчиња, а тоа да сум била 5та недела бремена. А иронично, секој ден, 2 години пред ова се обидував да останам бремена и се пазев. Озбилно кое е најцрното сценарио? Пошто ваљда се помирив некако дека нема да имам деца и се опуштив, се случија проблеми, најголемиот стрес и труење себеси го имав баш сега овие поминати 5 недели.
Така бива тоа по Марфи најчесто Честитки пред се и лесна бременост, и нема никакви црни сценарија. Цигари и јас пушев дур не ги видов двете најубави цртки, си пиев пивце, ништо лошо фала му на Бога не бидна. Не можеш да го вратиш времето назад сега и да го поправиш тоа, ама можеш во иднина да не го правиш. Оди во 6+ недла за срцева акција и со позитивна мисла тераш напред, стрес, цигари, алкохол исфрлаш и се фокусираш на себе и бебуш. Ништо лошо не си направила не се грижи. И уште еднаш со лесно!