Било што било, повеќето не знаеме до 4,5недели дека сме бремени па исто сме пиеле пушеле или нз што. Сега знаеш и од денес живееш најздраво што можеш. Нека ти е со лесно бременоста
Оваа недела често ми се случува да ми паѓа притисокот. 100 со 70, 90 со 60. Цело време ме тера на спиење. Дали некоја има сличен проблем и дали од низок притисок може да има некоја штета. Инаку, 30 недела сум.
Јас имам низок притисок, а и цела бременост ми помина така. И матичната, а и гинеколозите во Чаир ми викаа не е проблем, подобро отколку да е висок и дека не прави никакви проблеми. Во глобала освен замор, немав други проблеми.
Цела бременост 110 со 70, овие два дена седам во кревет и ми се врти, ми се спие, нозете ми се тешки. 37 манедела сум, не знам како до крај. Сега пиев мал филџан кока кола. Ваљда ќе биде до ро, ме фаќа паника, ќе видам утре сабајле дали ќе бидам ОК со оглед на тоа дека не спијам. Веројатно е нормално.
Честитки и со лесно вртиш нов лист отсега, имаш најголем мотив Органогенезата почнува сега, за 2 недели некаде ќе слушнеш срценце затоа пази се отсега натаму. Моја познаничка, а верувам и на многу други им се има таква ситуација случено како твојата, па било на крај се во ред. За стрес јас доживеав во 4 месец, мајка ми ненадејно почина и колку и да сум лута и разочарана и депресивна помислувам колку гревота е бебето и заради него морам напред. Да не беше бременоста сега ќе бев многу полошо. Еве 35+ сум и до сега е се ок, ти посакувам и тебе да ги оставиш стресовите назад, зошто сега имаме најбитна мисија, да си ги износиме и родиме бебушите здрави и прави. А после животот ќе добие поинаква смисла
Жал ми е, сочуство. Со лесно и тебе, се ќе биде во ред кај двете. Ако ти е за утеха, мојата почина кога имав 10 и сосема те разбирам. И јас сум лута што сега сама ова го доживувам, ама ете не си ни ти сама, не сум ни јас.
Мене не ми дозволија од фирма и си зедов боледување на патолошка сум.. ама секако мојата работа неможеше д се работи од дома ама ме следува секако заради пандемија тоа ама ми кажаа баш вака “ ако сакаш да седеш дома земи си боледување инаку ќе останеш без работа”
Ама па како да и кажам на гинекологот за патолошка кога нема основ? И тоа не ми е во ред. Мојата работа апсолутно може да се работи од дома ама ете си имаат свои идеи како на пример да одам на патолошка е тогаш може да работам од дома и остатокот од 30% да ми ги доплаќаат. Мислам...немам коментар...јас ако одам на патолошка нема да им работам за тие "30%". Се плашам дека нема да имам избор и дека ќе мора да одам на работа
Пред се честитки! Ти посакувам лесна бременост За ова другото, исто бев. Првите неколку недели често пиев, пушев цигари, стрес на максимум. Ми се згадија цигарите па си помислив дека сум трудна Еве го црвчето си лежи до мене живо здраво право
Те разбирам потполно јас си имам индикации за да седам на патолошка а во твојот случај би требало од фирма да ти дозволат од дома да работиш, ама ако сакаат.. инаку само потврда од гинеколог ти треба дека си трудна пробај можеби ќе ти дозволат..
Стигнав на планина пред 3 саата, не јадев пред да тргнам и отварав прозор повремено за да не ми дојде нагла промена на притисокот. Нозеве ми тежат и ми се лоши како гадење, ама многу е убаво, има сонце. Добив совет да не јадам многу за да не ми се лоши. Ете више не зборам, задоволна сум од денов, како смо се надали.