Јас сакам да прашам што им значи тоа по напредно е детето 2недели а според мерките си одговара на таа недела која што сум освен главчето што му е една недела? Како така они си водат според циклусот. Не го разбирам значењето на по напредно е
Ние изгледа исто сме со неделите бебе одговара за 8+4, планирам да закажам помеѓу 25/26.01 и 3/4.02. зависи кога ќе има слободен термин
Вчера ми земаа брис и гинекологот ми кажа сум имала бело прање, некогаш е бело некогаш само водичка. Се надевам дека нема некоја инфекција. Ми даде 3 таблетки вагинални Микорил, вчера вечер ставив една и дури денес околу 12 почна да тече од таблетката бело се гледа дека е од неа и уште ми тече и тоа значи дури денес се стопила страв ми беше сама да ја ставам, па едвај маж ми го натерав да ја стави, тој па се плаши бебчето немој да го повредил инаку со апликатор се ставаат. Маж ми пак вчера кај сестрата и вели кога треба да ги пие и таа му вели не се пијат многу ми е смешен што не знае ништо а пак се меша. Му велам не се пијат тие се ставаат вагинално, ми вели од кај да знам не сум користел јас .
Фано мори, ти трудно си било Со здравје да си го носиш, а докторката ич не ја тркалај, одма пријави ја и смени ја. Секој ден по 500 ден, за 9 месеци со тие пари на бебето ќе му купиш нешто.
Кој доктор што не наплаќа прима нови пациенти? Јас со месеци бев во потрага по нов матичен без разлика дали наплаќа или не, ама никој од тие што се јавив не прима нови пациенти.
Бело прање имам од девојче и сеуште имам и во бременоста, мене и претходно вагинелетки не ми помогнаа, сега не сум ни прашала.
Е БОГ ДА ЧУВА, демек два прегледа? Абе не се арни жими се, цениве од ракав. Намерно прашав бидејќи не може некој да почитува закон друг да се богати. Безобразни се до немај каде
Јас ти пишав погоре. Баш додека чекав за преглед другите пациентки кажаа дека плаќаат по 200 ден на шалтер кај сестрите. Се зачудев бидејќи јас ништо не сум платила до сега. Сигурно тие пари во џеб кај сестрите завршуваат. Инаку за брисеви разбирам да ти ја наплатат услугата ама за обичен преглед не треба. Се водам по тоа дека и кај општата матична преглед не ми наплаќа, но ако ми зема крв, дава инфузија и слично тоа ми го наплаќа.
Како па да не, не важела. Јас сум во приватна фирма. И користам ковид мерки. Кажи им фино лепо дека си се јавила во трудова инспекција и дека ти кажале дека важат мерките. Крај краева пријави ги и прати им инспекција.
Omg , jas sum 9ta nedela i do deneska nemam plateno ni 10 denari. Nisto absolutno a sve ima praeno pregledi sekoj 2 nedeli , pap test brisevi eden kup krvn analizi, deneska maticna kniga nisto voopsto
Еми сум маааалку Ај некако 300 денари си велам се јаде .... Ама 500 ??? Без фискална +? Пишав во соодветната тема немам одговор. На гак кој го препорачувате за прв скрининг?
Доктори се водат според последен циклус. Некои бебиња кога ги мерат им одговараат неделите на ехо и според циклус. Синко беше две недели поголем. Според циклус пример 23+2 а според ехо 25+2 од ракав тресам.
Моите наплаќаа по 300, сега земаат 350, без разлика дали си бремена или не. И за цтг на крајот од бременоста ми земаа по 250 ден. Бившата матична наплаќа во зависност од пациентот. Тие што ги знае дека се посиромашни 200, за побогатите по 350, божем данок плаќаме на УЈП, а не преглед кај матичен.
Здраво. Јас сум пет недели бремена. Мачнини ужасни, плус повраќање. Денес трипати повратив. Немам желба за ништо. Ни јадам ни пијам. Ова е ужасно, а имам дете за гледање. Дајте совет што да јадам, пијам ве молам И со првото ми беше вака, ама ај тогаш сама бев, па лежев повеќе.
Им давам фора до понеделник/вторник да се вразумат да не одиме со лошо. Денес им го потврдив ставот дека за патолошка бременост немам основ. Ќе видиме реакција меѓутоа не планирам да попуштам.