Мене па тој ми го предложија "преку врски", имаш лошо искуство? извини може си кажала ама не сум те читала.
Девојчиња една консултација Бремена сум 37+ и докторот ми препиша вагинална таблета Микорил една од 500 Ја аплицирав сега и што да видам рокот до 10/21 а денес ја земав од аптека Е сега ме е страв дали може да ми наштети нешто а на преглед може да одам дури понеделник Ве молам за мислење
31+4,полноќ е 31+5 ајде де... Нека се бројат. Стомак ми порасна мислам во еден ден. Од жалење дека носам ниско плод,преминувам во жалење од киселини кои страшно убитачно мачат. Гастрогард, ниту газирана вода не помага. 2 по полноќ, неможам да заспијам, ниту да најдам позиција. Денес бев на контрола, докторка кажа дека бебе е понапредно за недела дена според мерењата, аспирин што пиев преку еден ден да прекинам, да направам контролни д димери за 10 тина дена и ако има потреба да боцкам клексани. Утрогестан уште 2 недели и да прекинам. Серклаж ми рече конци вадење во 38ма недела, и кажав со првото се породив во 37ма недела. Кај 10ти фебруари ќе доаѓа пак во болницата во соседниот град, тогаш да се видиме со неа. За зреење ми рече дека нема потреба. Добро сме терале до сега. 30 ка раситнив, среќна сум. Како што беше се молев 28ма да дочекам барем... Али, бременост со дете до себе-пренапорно. Неуморна, само бара нешто, веќе се враќам на иста шема нема кревет-нон стоп движење. Ја прашав за пораѓај, што да правам, каде? Онака ладно-сакаш овде сакаш дојди на клиника ќе те породам. Јас на гак немам апсолутно никој. Да си се молам дека ќе биде добро до крај барем поблизу да сум. Болките што ме фатија во првото тешко дека 100км ќе ги издржам. Едвај 10км издржав. Кажувајте чаре сеа за киселини. Од утре и антиметилот сум со план да го почнам.
Фала на тебе и сите останати кои ми одговоривте. Два дена бев во болница, со провокации и чуда. Сума сумарум тежок пораѓај беше. Бебко е здраво и супер, фала Богу, па другото ќе се заборави со тек на време.
Друштво, вчера на свет дојде најслаткиот дечко, мојот буцко Петар. Тежок 3560гр, долг 51цм. Да не ви кажувам дека е најубав, гарант знаете тоа Се породив природно на гак и немам зборови колку прекрасно искуство ми беше. Ништо од хорорите за кои што со години слушав приказни, баш напротив, се си беше супер. Ме породи др.Тофоски, значи да не постои човеков ќе мораше да го измислат. Златен и незаменлив е!!! Ќе ви ја пишам мојата приказна во породилни за некој ден, да се соберам малце само Со лесно на сите!
Ништо нема да ти биде без гајле, најчесто лековите со поминат рок само го губат активните состојки од стоење. Не се расипуваат како храна само немаат дејство колку што се очекува. Плус секако они ставаат рокови пократки ради регулативи, гарант не е ништо страшно, опушти се ❤️
Чим си со врски уживај. Јас сум општо задоволна од новита генерација на доктори на Гак. Постариве изгледа зинати за парички зезаат.
Девојки дали некоја од вас прележала ковид бремена? Умирам од страв, негативна сум на тест, околу мене сите позитивни, имам болки во грло, затнат нос и омалаксаност. Инаку вакцинирана сум со две дози.
Здраво на сите трудници, честитки за нови бебиња и со лесно на сите во бременоста. Се враќам тука по 6 години, се ми е ново. Исто ко за синчето мислев дека сум повеќе недели, а на преглед само 5-6 недела. Овулациите ми се многу доцна во циклус. Има сакус со жолчно ќесе па се надевам дека ќе има срце нареден преглед за 10 дена. Која недела видовте срцева акција вие? И во првата бременост и сега мачнините ми почнаа многу рано. За него до 16-17 недела имав страшни мачнини, не можев нормално да јадам, гледам и сега ќе е така. Што пиете, каков чај можам да пијам, некои природни лекарства и слично? @greenday имам неколку другарки што беа со корона за време на бременост, добри се сите и плод и тие, редовни контроли, крвна слика, димери и се што треба. И јас бев како тебе пред две недели, одев да ме наслуша матичната, димери испитав во ред беа и пиев само витамини и повеќе течности. И одмарај повеќе немој да се заморуваш. Проблемот е што сега има и вируси, има и грип, зимава ќе сме така со страв на секоја настинка.