Јас примав клексан до денес 7 инекции имав само,е сега пошто немаше термин за утре да проверам д димери и хемостаза ми закажаа за понеделник, има нешто лошо во тоа што нема да примам овие денови? Прв пат примав и затоа не сум упатена.
Здраво друштво.. Дали некоја од вас се соочила со слабо мокрење? Овие неколку дена, пијам вода како и до сега(околу 2-2,5л.) напон осеќам за во вц често, но кога одам , слабо мокрам, две три капки и толку.. Инаку 37+4 сум..
Честитки мамамаааааааа, баш се израдував лога прочитав мила моја, да е жив и здрав и голем да расне син на мајка и татко
Ич не се осеќам стручна да одговорам на вакви прашања, сметам дека треба со трансфузиолог да се збори за се поврзано со примање или прекинување терапија.
Мене мн ми е некако грдо зошто ништо не осеќам, сосема сум нормална, ни напната, ни ми се јаде, освен ко да треба да добијам некоја мала болка некогаш ама ништо никаков симптом немам дури и заборавам и онака ќе се сетам еј абе јас бремена сум. И си викам кога ќе идам на преглед да не ми речат нема срцева реакција, зошто ни нешто осеќам ни како да се случува бременост се осеќам. Освен физичките симптоми што ги немам и психички сум како да не сум бремена и онака ми е да не е некој инстинкт па навистина ништо да не биде, дури и не сакам да ми зборуваат за тоа, да се планира понатаму, се некако мислам дека ништо нема да бидне и одма мењам тема. Знам дека не треба да се замарам, да се опуштам и да уживам, ама еве ова ми се случува. Зошто ваљда нешто ќе се дешаваше, не вака...
Уживај ова ти се добри денови. И јас на почеток немав никаков симптом. Се нормално правев и мислев така ќе терам до крај, но неее. Сега од мачниниве цел ден глава не можам да кренам и секој ден се полошо ми е. После 7ма недела ми се интензивираја мачнините. Ни вода не можам раат да се напијам.
На почеток до 7ма недела воопшто ништо не ти беше, нормално ептен како што ми е мене? И извини, се осеќаше некако исплашено дека ништо не се случува? И страв ми е да идам на преглед.
Ти како очекуваше дека ќе биде? Веројатно си слушала или гледала туѓи искуства, па мислиш така треба да биде. Секоја жена е различна. На иста жена, различни и се бременостите со повеќе деца. Многу е нормално ништо да не осеќаш. Многу е нормално и некоја да повраќа. Нормално е да се осеќаш нормално.
Не очекував ништо, ни се споредувам со нечии искуства, ова ми е ново, исплашена сум, немам појма ништо и затоа и прашувам.
Па и јас се плашев. Само се прашував расте ова во мене или не. Додека не слушнав срце секакви мисли ми се вртеја во глава. Ама верувај многу убаво ми било така, ова не е работа цел ден мачнини и гадење да имаш речиси и не јадам. Затоа уживај и дај боже така лесно да тераш до крај.
Значи рано ми е сеуште. Врска немам искрено јас мислев тоа од почеток почнува не по некоја недела. А надвор од тука со никој не се консултурам ни зборам за ова, се си мислам дека ќе се разочарам. Фала ти за тоа и што си љубезна да ми одговориш како што треба и што ме разбираш. И јас ти посакувам исто и многу здравје.