Немаш за што да паничиш, опушти се. Каде и да е, ќе слушнеш срцева реакција и ќе ти стане многу пореално. Страв од преглед немаш потреба, тоа е само преглед, па после тоа ќе се осеќаш уште подобро. Со секое одење ќе слушаш срце, ќе го гледаш (ќе пробуваш да го видиш на почеток), па после сликички ќе добиваш Јас немав мачнини, освен по некоја 9та недела ми се појави одбивност кон одредена храна.
Па тоа ми е стравот, да не не слушнам срце. Не знам навистина зошто толку сум негативна во врска со ова, ваљда дека брзо сега дознав а цел месец по кутија на ден пушев, секој ден апчиња, брза храна глупости и сега си мислам којзнае што му направив.
Јас цела бременост истерав без да почувствувам нешто. Ни гадење ни киселини ни болки. Само синко што мрдаше во стомак и што бев многу дебела и отечена.
Девојки, 7 месец сум веќе. Се приметувам последниов месец, вагината ми е од време навреме малце натечена. Како после секс. Немам бактерии инфекции. Др гугл вика заради пообилно пумпање крв знаело да се случи, или заради натиснување од мочниот меур на некои вени, не било страшно. Дали некоја се соочува со ова?
Девојчиња 35+5 сум и во ординација сум на цтг, апаратот пипка сестрата ми вика срценцето пребрзо му чука на бебето ми дадоа чаша вода во случај да сум дехидрирана и вели 5 мин мирување па ќе мериме пак. До сега се ок, сум немала проблем, притисок 100/69 ми измерија стандарт и пулс 95 ми беше. Има ли некоја ваков случај? Што може да се случи? Сестрата ми вика ок е се, без стрес ама јас од ум се извадив. До душа до ординација се подуморив, брзо одење дека се подзакаснив малку и не знам дали е тоа причина. Дајте некое искуство и утеха умрев од грижа
Мене пак ми е осетлива, што ставав вагиналети со апликатор ме узболуваше по малку. Не би се ни на секс нафатила.
Жени и јас да си кажам понеделник ми е термин 10.01 а јас уште ништо не осеќам освен што веќе ептен натежнува стомак, само притисок ми е сите секој ден што прашуват ајде до каде си, божем јас знам кога ќе биде моментот..
Читам на rund um Babys на многу околу 30 недела им било 200-230 и пак се било во ред. Еден лекар пишал дека може да се случи така и не е ништо страшно, не е убаво на повеќе мерења да е пребрзо. Штом ти рекле да се смириш нема место за паника. Пиј течности, читам дехидратација може да влијае на забрзано срце и низок притисок. Јас каква паничарка невидена сум, сега први месеци само малку кренав паника, но последните кога ќе дојдат кој ќе ме трпи на форумов не знам. Нарачав едно апаратче што од 14 недела се слуша срцето на фетусот (АngelSound), па белки ќе ме смирува малку во напади на паника.
Што земате за к Од каде го нарача апаратчето? И јас сум паничар, се нешто ми се врти во главата, не можам да се поднесам веќе, само на глупости помислувам. Да си нарачам и јас, може ќе ми е по мирна главата.
Ве читам и си викам зашто толку си ги мачите мозоците со глупости? Само позитивни мисли и смирено све е во ред со бебчињата зашто да мислите све на негативно зашто не си пуштите музика филм книга некоја во овие ладни денови чајче. Уживајте загриженоста и на бебињата им ја пренесувате. Опуштете се све е како што треба немора да паничите толку. Господ ви дал на сите по едни Малце развеселете се после што не чека
Покрај пренатални витамини дали земате нешто за имунитет? Гинекологот ми рече доволно е само фемибионот да го пијам, а матичната ми даде и zell oxygen од dr.Woltz. Можно е да имав контакт со корона позитивен вчера, сакам да зголемам нешто со витамините, дали смее цинк, д3 и ц да зголемам внес? Или сирупот да го пијам? Што даваат на корона позитивни трудници? Ме фаќа паника ама не се допазува веќе, сите се со температура периодов. @duffi ако имаш познавање те молам за совет.
Normalno e toa duri I da ti e potemna ne se zamaraj uste malku nema.ni da si ja gledase ni so ogledalo od stomakot
Мереа по 10 мин пак, ок беше, по некое време морав да се подзавртам па пак убрза цтг ама на крај рекоа нема простор за грижи. Ме смирија, дај боже да биде се ок до крај на месец треба да се издржи
@kristina.k јас пиев вит Д од 2000 и.е., вит Ц од 1000ка и цинк. Покрај фемибион. Плус мн.цедени сокови и овошје. Вода исто така. Да ве прашам, кога возите ставате перница под газ? Незнам зошто така ми останало од 1-та бременост или нема врска?
Мамички пред се среќни празници, најпрво Ви посакувам најмногу здравје лесна бременост и уште полесни пораѓаи. Прочитав овде дека на некој на работа не му ги уважуваат мерките, вака сега јас не сум по професија правник ама доволно познавање имам, пошто и јас од сам почетпк на бременоста ( сега сум 21 недела) користам мерки за Ковид. Објавени се во службен весник и мора секој да ги ппчитува така налага СЗО, јас на работа однесов на работа само потврда од матична напишана со пенкало, на кои имаше мој податоци и која недела сум бремена. Плата цела земам, бонуси и се. Се осеќам како пензионер и многу е убаво да си млад пензионер хаха. Слободно испринтај те го тој дел од службен весник мислам дека беше чл.193 ако не се лажам заедно со потврдата и кај шефот на кафе одете и дај те му ја. И мене ме тегнеа на работа Важеле мерките не важеле бла бла и мене не сакаа да ми ги уважат, кога кажав дека имам право да тужам ми ги уважија. Слободно може да останете дома со потврдата од лекар од матичен дека сте бремени и не смеат да Ве избркаат од работа. Тужби има многу за Ковид мерките и верувајте дека сите добиле што тужеле. Значи ако нема можност да се работи од дома мора да Ве пуштат на мерки, ако може да работи од дома треба да работите од дома. Јас немав можност за работа од дома. Слободно не се грижете, се додека ние ќутиме а шефовите ни се закануваат со отказ вака ќе биде. Искрено Ви кажувам, и ако сакате контак од некој добар адвокат слободно пишете ми во порака ќе Ви одговорам или за некој други правни работи. Само дај боже да не завлезете по тие работи оти е хаос хаха. Ви кажувам од мое лично искуство.