Јас не би земала имуностимолатори како Зелл. Ама не се мешам. Ако ти е дозволено, пиј го. Доволно е ц, д и цинк. Плус земаш и пренатални витамини, они имаат се. На трудници со Ковид тоа го даваат. Имунустимулатори не.
Хаха еден колега од работа ми велеше уште малце ќе ти биде ко крофна хаха ама баш исто отечена па бојата дури модра ама се е од хормони нормално е а за средување нема шанси
Јас живеам во Германија и го нарачав од медиа маркет тука. https://www.mediamarkt.de/de/product/_angelsounds-jpd-100s-2481216.html Уште го немам испробано дека 12 недела сум а пишува од 14та, макар што некои уште во 10та слушнале срцебиење. За штетно не е, 4 MHz фрекфенција. Досега читав позитивни мислења, ќе го пробам следната недела па ќе ви пишам. Многу жени пишале дека ги смирува. За сличен таков уред читав мислења, давал шумови и жените уште повеќе паника дигале.
@eli25 првпат слушам за перницата. Со првото возев буквално до последен ден најнормално. А и сега за сега исто терам. Која улога би ја имала перницата?
Денес после преглед сфатив дека не ги можам веќе вагиналниве прегледи. Цел ден ми е ко не знам што да ми се случило, ептен непријатно веќе и од вагинални сонди и од прсти пикање. Толку одвратно чувство ко ќе се расчепатам на стол ко не знам што да ми прават. Ептен на психа ми мава. Ко ќе стави ехо на стомак и ко ќе ја видам беба ми иде душа Едвај чекам да се роди и интимните делови да си бидат пак интимни. Мож звучи забегано ама баш така ми е, морав да се искажам, да си олеснам
Мене уште не ме прегледал вагинално. Се преку стомак ме гледа. А влегувам во 10та недела. Може рано е сеуште. Искрено и јас како тебе не баш сакам вагинален преглед.
Јас цела бременост ја поминав без ни еден симптом, без ниту едно апче. Не си прави црни сценарија,кажа дека си помислила дека нема никогаш да останеш бремена па сега биди среќна,гали меше и биди благодарна. Најубав период е овој од тебе зависи како ке си го поминеш
Девојки три дена главата ме боли ќе ми експлодира, пиев магнезиум читав дека и други бремени членки се жалеа и мислев од притисокот на времето од загаденоста ми е. И сега мм вика не ми е добро ме боли глава дај ќе направам брз тест. Излезе позитивен. И сега почнав да паничам. Барав низ групава ама од што сум паничар не можам да најдам искуства. Може ли да споделите како пројдовте и што пиевте? Сабајле ќе правам пцр тест да сме сигурни. Што е најинтересно двајцата сме на одмор, не сме биле никаде освен он во маркет и тоа со маска 95ка (се пазиме дека бремена, со жив човек се немаме видено). Многу чудно.
Не паничи, скоро читав дека короната не е повеќе ризична за бремени. Плус од кашлица и мала температура не може ништо да ти биде. Е сега не дај Боже ако нешто се деси до интензивно, тогаш сеедно дали си бремена во опасност си. Ама ти си млада нема да стигнеш до такви сценарија.Смири се и оди утре на лекар. Можеби тестот е грешка. Навреме земи си бел слез и чаеви против кашлица и почни да пиеш. Мене само тоа ми помогна. Скоро сите мои бремени пријателки фатија корона, сите лесно поминаа. Една помина потешко, но баш во декември се породи, ништо не му е на бејби.
Кај испитувавте скриен шеќер и упат треба од гинеколог или од матичен? Вонсистина дали знае некој колку е истото?
И јас имав многу нагло чешање на нозете мислев ќе се откорнам..се мачкав со крема претпоставив дека е од сува кожа а тоа е од недоволно течности, сега повеќе вода чаеви и се среди
Мене ми наплаќале секогаш 300 ден за ехо... кај матичен гинеколог од кога знам и никогаш не сум имала бесплатен преглед... бремена или не бремена... дополнително за брисеви или нешто друго си е друга цена плус
@Ljubova јас пишав скоро , да не се повторувам ама ајде. Пиев вит Ц 1000ка, вит Д од 2000 , цинк и парацетамол за температура. За кашлица чај од кромид варев, за грло само пантенол и мн. течности нели. Обавезно следење на д димери Со лесно …. @bybeDkid честитки Жив и здрав Петар
Имам едно прашање....Сабајлево од сон ме разбудија болки од двете страни на стомакот, кои се движат кон препони, ама повеќе при движење. Зошто е при движење дали тоа значи мускулна болка од истегнување или нешто друго? Инаку 17+3 недели...