Ни јас незнам врќе, само се надевам ќе си се намести,да не му ја мислам веќе, инаку еве сега во желудникот ме мава, се испупчува а доле осеќам како ика. Се надевам си заземало права позиција дечкото.
Дали во Ист Гејт пуштаат трудници со потврда за бременост како во Сити Мол? Сакам да отидам некое сабајле накај 10 кога отвараат и нема да има гужви, да искористам нешто од попустот
Кои ќе бидеме до крај на месецов мами? Јас до душа 31ви скроз на крај имам термин ако издржи девојчето мое до тогаш сега броев уште 20 дена и адреналин ме пукна едино што не нервира што за Нова. Г. чекав гости и спремав, за Божик исто, утре ќе ми идат и за една недела ми се наканија други. ( 2-3 дена со преспивање оти живееме различни градови) Едно од Коронава ми е страв, друго мачно ми е да спремам, чистам и угодувам. Малце ко без осет не се луѓево со ситуацијава? Шознам. А ваму мене умот само во бебуш ми е, мислам да не заборавиме нешто, мислам како ќе биде итн. ама некако непријатно да речам не идете, на муабет "мора да те видиме пред да се роди, после зафатена ќе бидеш". Мене ми е ова ко "село гори, баба се чешла" Само нека биде во ред, а се нервирам помалку. Сакам раат да си седам и да си го чекам бебуш овие 20 дена. До дружба ич не ми е, мож до мене е. Извинете јас пак почнав со маките мои
Како почнаа бројките да раснат со коронава и не е зор да се мешаш многу во луѓе, пријатно или не треба да се каже не. Кај мене сите заразени се за еден ден сите фатија, среќа не сум во Македонија и не се мешам воопшто меѓу луѓе. Мислам дека здравјето е побитно особено што како мајка одговараш и за уште една душа, а непријатноста ќе помине. Со лесно да си ја истераш бременоста и лесно породување да имаш
Кажи дека ти препорачале да лежиш и ке се видите на камера. Осет малку пред пораѓај на поседок. Пу бре.
Ете да се чуди човек, ич не можам да се концентрирам ни на дружби ни на гости. И си помислив искрено да им речам дека морам да мирувам ама се воздржав, се надевам уште ќе се премислат.
Мешина веќе влегувам во 9ти месец уште некој ден и полни 36 недели ама страшно ме пече мокрачата овие неколку дена дури чувствувам и јадеж. Имам вагинален секрет и чувство на доаѓање менстурација и болки менстурални. Настината бев многу предходните денови со кашлица и затнати синуси.. Незнам дали е паметно да побарам само уринокултура или и некој брис.. Досега се ми било уредно и мокрача и брис сум немала проблем овие 9 месеци со никаква бактерија ниту инфекција. Планирам да одам на природен пораѓај незнам дали е нормално и секретот што го имам неможам да се сетам за првото како ми беше
Јас сум со краен термин до 25ти,со надеж дека ќе дојде бебчо порано бар недела дена Инаку, истиот проблем си го имав и јас, чекај едни гости, испраќај други, а едвај се движев, те гледаат и осет си немаат.. И на крај и грип закачив и притисок висок.. Па сега се бранам со тоа дека Др. ми рече да мирувам.. Извади се и ти на тоа.. Веруј ништо не е поважно, од здравјето твое и на бебушко.. А и сега ни се последни денови, ти треба мир и да си се релаксираш а не да служиш и чекаш гости..
Воопшто не треба да ти биде непријатно да ги одбиеш, особено зошто на нив не им е непријатно пред термин да ти се тупнат на гости па и со преспивање дури, а ек на пандемија е. Прејави им се и речи дека доктор ти рекол да мируваш. Ај ќе разберам да рекле ќе дојдеме во твојот град, ќе си платиме смештај, па ќе поминеме на кафе, ама со преспивање е ван памет. Уживај сега и одмарај колку можеш, има време кога да се гледаш со нив. И не се оптеретувај со тоа како ќе те сфатат. Како што ти пиша членка погоре сега си одговорна за уште еден живот.
Здраво мешиња Дали меѓу нас има трудница што е просветен работник и користи отсуство од работа врз основа на ковид мерките донесени од Владата?
Ти посакувам лесен пораѓај мене ми е прво и уште не можам да си замислам дека за брзо бебе ќе си имам, се ми е како нереално. Купуваме спремаме ама јас на моменти како за друг да се работи имам чувство, не за мене А гостите си мислам ќе ги решам, па нека се лутат ако треба.
Здраво дами Првиот скрининг дали го правевте приватно или кај матичниот? Јас закажав приватно, ама денеска со матичниот разговарав и кај него ќе го правам првиот. А вториот здравје систина или ремедика. Инаку ми рече заедно со мерките што ги дава тој потоа со упат крв да ми земат (ова е приска нели). И брисеви, и пап тест тогаш ќе правам.
Јас сум во 9ти. И знам колку не си раат кога имаш некој. Морав да примам гости со спиење - свекорот и свекрвата на операција беа, па мораша некој да спие кај нас. И знам колку ми беше стресно некој да не фати ковид од нас. Да не беше таа причина, би кажала секако да не доаѓаат. И не се срамам, и на други им кажувам дека имам препорака од др да се изолирам сега пред пораѓај и не се дружам никаде во затворен простор.
И кај матичен и во ремедика. Скрининзите се најбитни и затоа посигурна бев кога ке слушнам две мислења.
Нема да се премислат немаат осет. Третта година по ред НИКОЈ освен мајка ми и сестра ми ми нема стапнато дома, дури не се породам и нема, а не пак на спиење? Леле зашто ќутите кај корона па и трудни да им угодувате? Стварно не ве разбирам