Ако се лутат, значи не се вистински пријатели Ич не му ја мисли Инаку и мене ми е прво, исто на моменти ми е нереално, на моменти ме маваат паники.. Ама за кратко ќе гушкаме бебче, па се надевам дека се ќе биде добро.. Лесен пораѓај и тебе мила
Женски, дали некоја земала Трахисан таблети за грло во бременост? Сабајле станав како покосена, градите/плуќата страшно болат, грлото исто, па трчав по доктори и ПЦР тестови. Можам да кажам дека е општ хаос сегде, сите лаборатории се полни, хорор. Матичната докторка ми рече да земам Трахисан да лижам зошто грлото е ренде, биле безбедни во бременост ама барам утеха уште некоја од вас ако ги има користено.
Дали утрогестан можат да се пијат во првите недели од бременоста или мора да се ставаат вагинално до 12 недела? Имам некои болки, а на преглед сум по 5 дена, ми рече да земам гинекологот. Ама плус и канестен 3 за кандида треба да земам, па не знам како да се организирам.
Може и да се пијат. Јас ги ставам вагинално. Повеќето членки ми рекоа дека подобар ефект даваат вагинално. А и ако ги пиеш има многу несакани дејства како и секое апче. Гадење, вртоглавици и слично. А во врска со утрогестанов ако некој знае да ми одговори дали предизвикуваат зголемена влакнетост?
Јас ги користам од 6н, сега сум 35 и до сега не сум приметила да имам повеќе влакна @kristina.k јас комбинирано ги користам...кога имам повеќе исцедок ги пијам, кога си е се нормално вагинално
Вчера имав прозирен секрет со кафеави конци низ него, денес нема веќе. Докторката ми препиша утрогестан и утре да идам да ме види. Е сега си мислам дали може да ми е од ехото кое го правев во среда, зашто баш ме здоболе при ставање/вадење.
Здраво, имам едно прашање. Дали на некоја членка и се случило да нема доволно изолирана фетална дна и да не добие резултати од пренаталниот тест? Конкретно направив нифтина геникаликс и при два обиди во 11+2 и 12+4 нема доволно фетална дна.
Јас сум 14та недела и сеуште го пијам. Кога и да го прашам гинеколот ми вели да пијам уште. Од 14та ли недела започнува второто тромесечје?
Дали навистина треба да се отстранат типсови, гел од нокти и сл. во бременоста, особено пред пораѓај? Ова денес прв пат го слушнав и се зачудив, не знаев дека треба така.
Да да ако си царски мораш така по ноктите приметуваат ако настане недај Боже некој проблем, а природно може ќе немаш време да тргаш
Ви благодарам, јас сум веќе 33+1, во понеделник сум на прво цтг па да знам дали да прашам за магнезиумот...