Јас ја имам на чико и максимално ја искористив за првото и уште 2 другарки ја искористија за нивните бебиња нема да згрешиш ако ја земеш
Мене искрено беше ми потешко утрогестан да пијам ми се јавуваа вртоглавици а од дабростонот само ми се спиеше
Значи не е ништо страшно. Не сум човек што пие лекови, па сега ем метилдопа за притисок, ем витамини, ем добростон и некако чудно ми е.
Јас пијам давростон од како ми се појави кафеав исцедок (лесен е, барем на мене) и сеуште го пијам, инску и јас имав мал хематом кој брзо се повлече.
Појди си на лекар мирна глава ќе ти е иако верувам дека не е ништо страшно ама пак ќе го мислиш цел ден на психа ќе ти удри.
Ова и мене ме интересира. Ако имаш инфо пиши. Јас знам дека со голем диоптер или очен притисок се препорачува царски
Претпоставувам дека не е препорачливо да се носи. Не сум се консултирала со доктор. Ама јас во првата бременост бев со леќи на природен пораѓај и немав никаков проблем. Ги носев цел ден, вечерта се породив, ги извадив ноќта кога ме однесоа во соба.
Добро прашање јас за со царски се прашував. Нешо морам да носам леќи или наочари инаку детето нема да си го видам баш убаво
И јас имам голем диоптер и не знам до колку е дозволиво за природно. А за царски ако сум, секако до леќи мислев, зошто тогаш нема што да смета, мислам дека работата е дека напонот при природно може да наштети и притисокот
Веројатно да...со спинална на царски не би требало да смета. Фала за консултација. Со лесно да ни е на сите
Ухх, за жал позитивен тест на корона, 18+6. Сумамед, витамин Ц, и други витамини како терапија. Вие мами што сте имале корона, како издржавте 10 15 дена за ехо? Еден глупак доктор на ГАК што работи со ковид ми се испонаша, ние тука може да утврдиме само дали е жив плодот, и нејќеше да ме прегледа, и сега сум нервозна зошто не можам да ја видам.
Ништо нема да е на плодот, еден куп трудници поминаа корона. Одмарај многу, течности многу, супа, цедени лимони, портокали, ако имаш висока температура земи си и електролити (има едни во Еурофарм со убав вкус на малина). По неколку дена испитај димери и нека те слушаат на гради ако имаш кашлица. За што ти препишаа сумамед?