Еве сум. -3.50 на двете очи без леќите пола метро пред мене гледам матно, јас со царски ќе сум и мислам ни наочарите нема да ми ги дозволат во сала. Штета. Ама ај ќе видиме уште 20 дена
Zdravo, dali moze da mi predlozite nekoja stranica na facebook za naracka na ogradicki za krevetce po sto e mozno poniska cena?
Ќе пишам секако, иначе и мене наочарите ми сметаат ептен и ги имам ради реда, ама ако треба без леќи, подобро со наочари него без ништо. Мене кога одев за договор ми дадоа некој информативен лист околу анестезијата каде пишува дека не смее 6 сати пред тоа да се јаде, да не се носи никаков накит, лакирани или вештачки нокти, шминка и вештачки уметаци коса и секако пишува без контактни леќи ваљда има причина ама за наочари имам уште надеж. Вика мм не дај боже да не ни го сменат, јас ќорава нема да приметам шала мала
Дали напнувањето за во вц може да му штети на бебич? Се пресекирав, имам маки, едвај еднаш на 3-4 дена одам во вц и ми треба баш напор за да завршам работа
Зошто сумамед? Јас пројдов само со витамини . Бев 10 дена дома, за преглед дека сакав одма за срцева акција матичната ми побара тест , јас секако се тестирав и бев негативна. Биди добра.
Не знам дали може да му наштети ама мене ми рекоа да не се напнувам многу. И јас така некогаш имам проблем, сега во трето тромесечие како што ми тежи стомакот, ако се напнам посилно мислам ќе родам Инаку во врска со оградите за креветче не да се правам паметна и да ви солам памет, само не се препорачуваат да стојат во креветчето како и било што друго. Во креветче бебе и ќебенце само.
Нее. Ја се мачев нон стоп од второ тромесечие до крај и пак не можев да родам по природен пат. Бебе немаше и нема проблем.
Девојки има ли место за паника 30 недела сум, и последната недела осеќав притисок вака надоле и за мочање на секој 5 мин, бев денес кај матичната ме виде на ехо главата на бебето ептен ниско, рече ако е скратено грлото ќе ми даде превентивно инекции за зреење, ама го виде грлото 3.1 и при напон сум затворена и рече нема потреба сега од инекции, главата на бебето само притискала надоле малку е поголемко рече за 32 нед. Незнам малку се исплашив...можно ли е да се помести малку , некој совет? Рано е ова 30 недела ...
Мојот син во 30 нед беше во родилниот канал отворена 4 прста и се помочував штом ти е затворено грло тогаш не се плаши само повеќе одмарај лежи со лесно
Мене патронажната ми кажа оградичките што се баш оградички ( да се врзуваат и горе и долу за креветчето, а не плетенки ) да ги оставам во креветче од 3 страни. Од страната што е накај мене свртена да ја тргнам оградичката за да струи воздух и да ја гледам ноќе секако За плетенки ми кажа дека не е препорачливо..
Температура немам, сува кашлица што не е многу многу страшна ама имав силни болки во гради/грб, 2 дена ме будеше од спиење. Вака по слушалка немам ништо велат, ама им беа доста сомнителни болките па веројатно да превенираат влошување. Се консултирав со двајца гинеколози, велат дека чим е дадено од клиника да се пие, посебно заради болките... Шубе ми е, ама ајде си викам, поминав прво тромесечје, белким нема да влијае многу на бебе.
Сумамед даваат и на трудници кога постои некоја бактериска инфекција немаш потреба да се грижиш за тоа. Со лесно
Devojki dali cesanjeto na teloto , noze , grb , race , posebno navecer moze da bide na nervna baza? Ziva nenaspana sum , a i nervozna sum mn koga sve me cesa
Имав втор царски рез во Април,бебето ми почина за жал,сега сум останала бремена непланирано,во паника сум,незнам што да правам,ми рекоа дека можам да планирам бременост после 3 год од втората операција а сега поминаа 8 месеци. Незнам што да правам,уште сум во тага и депресија за бебето што го изгубив,а сега ова треба да го абортирам,не верувам дека ке можам да го задржам.има ли некој слично искуство?И двете предходни бремености ми беа високо ризични,крварев,лежев,вториот царски едвај го преживеав,мн беше тежок.