Јас не знам што е со мене и дали на сите ви е вака. Значи многу паничам. Зошто многу мрда, зошто сега не мрда? Да не го зрачам со телефонот? Да не му направам нешто зошто многу пати се разбудив легната на грб... па да не му сметала температурата (неколку дена во 5 месец имав 37.нешто, не беше ковид и не пиев ништо. Те си викам да не требаше од старт поздраво да се хранам, да не требаше ова она.... и така во круг. Таман ќе се убедам за една работа дека е во ред да не ја мислам или мм ќе ме убеди и ете друго нешто ќе ми текне. Ова со телефонот дека му зрачи ми е најново
Смири се, се си е во ред.. и јас така си правев и постојано вртев кај матичниот да појдам порано од термин. Ми одржа лекција пред месец дена и еве сеа сум си полабава, не читам се и сешто на нет, дури и овде на форумов сите ние сме различни и се што се случува на други не значи дека и нас ќе ни се случи или обратно. Мобилниот зрачи да ама за тебе, до бебето не допира. Ќе си родиме здрави, прави сонца и ќе ни е смешно на што се сме се потресувале.
Ветувам и јас дека е се во ред и дај Боже да остане така. И стварно не знам зошто имам такви мисли. А еден куп другарки бремени ги тешам дека се е во ред, да не паничат... ама ете морав и јас да си кажам
И јас почнав вчера орално утрогестан, не знам дали е можно од нив денес да сум ко зашеметена, ко да ми се спие постојано или притисокот е? Друго да прашам, многу ми е страв како што ближи прегледот, да ме утешите ако има некој слично искуство. На првиот преглед според циклус требаше да сум 7 недели, а бев само 5 и нешто. Имаше сакус со жолчно ќесе и плус во јајник жолто тело. Ми е страв да не не е во ред нешто, како е можно да сум останала на крај на циклус. Не знам што да мислам, и за синчето бев подоцна останата ама не толку, негде околу 20 ден од циклус.
И мене фраксипаринот не ме болеше за разлика од клексанот. Уживај дур Не те боли. Иако со тек на време и тие ќе почнат да те болат.
Има ли некој искуство со низок притисок(константо ми е цел живот 70/100) а висок пулс. Некако ме исплаши прв пат вака да осетам 120 ми беше, веќе 35н сум
Иста сум со притисокот и два пати сега во бременост ми се качи 125/85 мислев умирам ама ми мина мери почесто и ако оди над 130 даваат терапија, инаку лимон пи и одмарај
Јас сум со тахикардии ама у последно време имав две страшни .. На ГАК ми кажаа да не лежам на грб пошто се дига дијафрагмата ама сепак планирам да одам на интернист пошто не сум со никаква терапија.
Што ти беше 120? Пулсот? Или нискиот притисок ти беше 120? Ако е пулсот 120 ...тогаш не е страшно. При крајот на бременоста кај сите се качува
Пулсот 120...го осетив прв пат дека нешто не е во ред. Нонстоп исто ми е пулсот сега малку ме сецна...фала ти ...гушкајте се со убавецот силно, најсилно ☺️❤️
Јас само да ви кажам дека веќе не можам да дочекам да дојде 9ти месец и време за породување Денес официјално завршив со купување алишта од 50-68, па кога ќе порасне ќе купиме поголеми Големите работи дел купени, дел најдени само да се земат, ситниците исто па дури и чепкалки за уши земав И името е официјализирано, дури и персонализирани ќебенца и бањарки има Така мал исповед од мене само
Девојки ве молам за помош и совет. Јас стварно веќе не знам што да правам. Пишував во друга тема, ми се случи вчера во 5 сабајле бебето да ме разбуди со агресивни клоцања и како напади отсечни движења. Пробав да го смирам со галење, музикс, мсилев се мести, или прави простор. Почекав до 8 9 кога му се јавив на гин, ми рече само бедоксон или дијазепам и магнезиум и да пробам да се смирам бидејќи од ако сум била вознеирена ќе било и оно. Ама не бев, 5 сабајле беше спиев. Ноќта отидов на дежурен, бебето имаше покачен пулс, а јас не. На ехо беше се океј. Денес се смирени движењата. Зборев сега пак со гим, вика бидеќи имам пролапс на срцето ако сум имала јас тахикардија, може се пренела на бебе. Кога одам на кардиолог/интернист, креваат раце се е океј нема потреба од терапија вика. И сега јас се стресирам, покачување на пулс на бебче и такви стресни движења може да му влијаат негативнп не дај Боже само последици да има. Доктроиве креваат раце само гин на кардиолог, кардиолог на гин префрлаат. Има ли некој од вас со искуство ао тахикардии прескок на пулс да ми препорачате како се справивте на кој доктор одевте или ако бебето ви имало пулс зголемем. Памет немам а тек сум 7 месец. Јас сега се стресирам затоа што сите се лабави околу мене никој нр ме праќа на испитувања, не ми кажува што да правам се научиле само дијазапам и бедоксин.
Јас успеав да се исперам и испеглам...за купување официјално завршив денес со креветче и количка...бебе е спремно со се Незнам само што занимација да барам за последниов месец...
Браво чим сте се договориле дури и за име. Јас си имам, маж ми нешто се љутеше, не сум го прашала кумот. Јас ќе си го кажам во болница, а он после нека се љути пак. А тие чепкалките само од надвор се користат. Мене ми е страв од тие работи, кујзнае колку ќе биде мало и нежно.