Пред некој ден пишував и моето имаше покачен пулс и баш во моментот беше активно. Ми рекоа да пијам вода, да поседам мирно, и после мереа ок беше, ма да пак пипкаше цтг неколку пати(знак дека му убрзува пулсот) Ме убедија дека не треба да се грижам, ама искрено цело време ми е таму умот. Уште 8 дена до контрола кој ли ќе издржи Иначе 36+ сум
Веќе 3 дена сум со болки во долниот дел на стомакот и кичмата ... Бев на преглед и гинекологов ми кажа дека се е ок , се е како што треба. И дека не знае од што може да биде болката , па да одам на матичен да проверам да не е можеби слепо црево. 18 недела сум. Јас прво си помислив дека ми е од што се шири матката и мислев дека ке ми препорача магнезиум да пијам ... ама не спомна ништо такво. Се напив сепак магнезиум ама ништо не ми помогна. Кичма ме искина. Совет некој ?
Првите два дена беше како менструална, (ме болеа и препони и нозе) а сега ме стега наеднаш неколку секунди па ме пушта и така цело време и плус кичмата што повеќе ме боли а нозете не. Ме гледаше на ехо, го гледаше бебче и рече се е супер.
Има ли некоја мама болки у ребра? Ќе ме искинат значи и напред и назад, 25та сум само стомак имам напред,слаба сум во принцип али не попушта ни б6 ни магнезиум
Утрово за првпат забележав некој светло крем-жолтеникав исцедок, без никаков мирис скроз неутрален, ниту густ ниту редок како вода. Ама имаше капнато во шоља баш фино и плус на тоалетот уште. 34 недела сум. До сега све ми беше чисто и брисеви и уриникултура, ниту пак имам каков било симптом за бактерија/инфекција. Што може да е овој исцедок, ви се случило ли во трет триместар? Нормален, ненормален? Страв ми е да одам сега олку касно брисеви да правам да ми буричкаат
Не би требало, не беше лигаво такво, немаше воопшто крвца или розева нијанса. Поретко и посветло баш како исцедок. Плус на контрола бев завчера, 3цм цервикс, високо бебето, немаше контракции. Мислам дека е рано барем уште две недели…
Кои беа лижавките што може да се лижат за грло? Од синоќе имам симптоми како да ќе настинувам, имам шлајмови не можам да се искашлам, па да земам нешто превентивно.
Може без консултација од доктор да ги земам? Се нервирам бидејќи немам број од матичната, а кога се јавам во ординација ми викаат за било каква консултација да одам таму а јас сум од друг град
Да да безбедни се во бременост земи ги слободно. Ептен им е тешко да каже два збора на мобилен, а мојов пр. кога и да отидам ми вика ај почекај маил да проверам и увек дремам во ординација 20мин.
Баш сега треба да ги правиш последните брисеви подобро оди на гинеколог, ама сите имаме такви исцедоци без разлика на неделите.