Абе ај бебево ми е скоро 2 месеци не знае дека постојат други луѓе од мене и маж ми оти им е страв на сите да не случајно ни донесат нешто, овие без осет со корона ко да сакаат да ја пратат да роди А у 9ти месец таа сигурно сака да готви, да чисти, да пери постелнини наместо да уживаат со мажот и во последните денови сами. Бог да чува
Кумови сме им, ама и сестра ми да е ќе ми смета во ситуацијава искрено. Само ај да не напрајме голема вика мм ептен непријатно
Е баш ако сте им кумови, значи блиски се, значи треба осет да се има. Тоа што сте им кумови ќе им даде и за право од болница да ве пречекаат дома
На крај краева речи дека сте биле во контакт со позитивен. Или сериозно побарај им негативен тест. Знам дека ви е многу непријатно ама гледаш колку е раширен вирусот, не дај Боже нешто да ви донесат, вие ќе си ја чукате главата после... И јас имам роднини од други градови што одамна рекоа ќе дојдат кога ќе се породам. Ама сами рекоа ќе си платат смештај и ќе се договараме кога ни одговара. Имам и баба од друг град она рече јас одма кога ќе се породиш ќе дојдам, ама ни она нема да спие тука, а знам дека нема да досаѓа, ако и речам не доаѓај денес, нема да дојде и самата рече, ќе ви требам за ручек да направам, да зачистам... ова до негде го разбирам иако пак ние ќе одлучиме (има време јас дур се породам сигурно и бројките ќе се намалат)
Те советувам се тоа да Јас трудна лани ни моите дома не ги примав ниту одев таму не па пријатели да угостувам. Откачи се тоа по брза постапка . Ем треба да мируваш дека си 9 месец ,плус корона ненормално е раширена , чувај се, тоа е најбитно сегс си на крај.
Вие не сте конфликтни, иначе баш за големо е работава. Пред пораѓај да се тупосаш некому па и во пандемија е скроз без осет. Ама кога веќе е така како што е, пробај да си смирена, не се нервирај, посвети се на себе и ќе пројде време. На гинеколог сум тек за една недела. А почнав по малку да паничам. Ај што вториов пат стомак ми расте од многу рано, ај што првите месеци ги поминав со ненормални мачнини па и нон стоп некој вирус ме имаше закачено, овие два дена како магично да ми ја снема грутката од желудник. Се чувствувам полесно и нормално паничам оти не знам дали што ми помина тешкото или стварно стомакот ми изгледа помал. 17та недела.
Ако му е незгодно нека земе слободни денови и нека седи со нив. Имам температура, ќе правам тест, заради опасност строго мирување и ајт, нема што тука да се објаснува многу. Ако имаат толку итна работа ќе се снајдат. Ако сега не научите да сте "себични", односно ова не е ни себичност туку соодветно однесување со некој што нема осет, после само полошо ќе биде.
Девојки помош! 26 г.н сум па минатата недела испитував брисеви (биотек)-чисти, уринокултура -чиста и крвна слика -покачени леукоцоти и гранулоцити по што матичната ми даде Панцеф. Веднаш почнав со орален пробиотик Дармфлора. Но по 2 дена од конзумирањето имам чешање на интимата, без секрет. Матичната вика правевме брисеви беа чисти...не знам што да правам П.с -ставам утрогестан вагинално ама досега 20 недели не сум имала проблем со чешање
имаш скратен цервикс, те упатуваат на терцијарно ниво, тоа колку што знам е Гак, за да ти кажат што понатаму.оди под итно, не е играчка
Neveruvam deka nekoj od ovde gi razbira rezultatite osven ako ne e medicinsko lice, ginekologot sto ti gi pravela.zarem ne ti kaza nisto so ogled deka te.upatuva na tercierno zdravstvo najverojatno GAK
Не се нервирај ама во право се сите што ти пишале. Јас сама не можам да се дотрпам и мм дома само му викам а не да ми се тупнат луѓе. Плус ние со никој не се гледаме заради корона. Ич да не ти е непријатно или отиди си кај твоите нека се расправа мт со нив или јави им се и кажи им дека имаш температура и дека ќе одиш утрр да се истестираш. Ти тррба мир а не да слугуваш.
Со втората бременост одма после 2 месец почна да ми расне стомакот.Дали дека слаба сум па ептем се познаваше дека сум трудна. А мачнините магично изчезнаа после 3ти месец.
Ако нема сомнеж дека имаш инфекција некоја пробај неколку дена пиј го утрогестаност, одмивај се со камилица или сода и зимај вагинални пробиотици и види дали ќе имаш подобрување. И јас после испиен панцеф почнав да осеќам така нелагодност, мислев кандида да не излезе. Почнав да ги пијам утрогестанот и за 2-3 дена ми се смири, почнав пак да ги ставам вагинално и повторно истото. Др ми рече може да е презаситеност на организмот бидејќи јас зимав по 2 на ден од почетокот и плус повеќе од 2м примав и инекции прогестерон депо. Ми рекоа не е проблем и да ги пијам. Ако се друго е ок, пробај и ти пиј ги.
Знам дека со второ побрзо расте, ама не знаев дека толку многу. Уште во 10 недела беше прилично забележливо, а сега сум многу голема. Претходната бременост до 15 недела бев рамна. Сега во 4ти тек имам помалку мачнини. Сеуште имам нагони за повраќање, ама тегобите што ги осеќав во стомак како нешто да ми стои и да ме притиска веќе 2-3 дена немам. Се осеќам полесно и стомакот се си мислам ми е помал од пред 3 дена ако воопшто е можно такво нешто. И нормално.. Паничам ради тоа.
Кратење на цервикс, затоа те препраќаат..мислам дека е до гак, прашај го матичниот за секој случај ама мислам дека ова треба да го видат побрзо
Многу е лесно секој од нас ќе ти каже што е правилно да направиш (ДА НЕ ГИ ПРИМИШ), а тебе секако ќе ти се во мисла и ќе се нервираш. И да им кажеш НЕ ДОАЃАЈТЕ, пак ќе ги мислиш, а ако дојдат пак ќе ги мислиш да не ти донеле корона или што да правиш ако дома е хотел промаја, а ти одиш накај болница Значи, ако решението од дома веќе ви е да дојдат, за да е мирна куќа, нека биде во твоја полза, прво со тест дека се негативни нека си дојдат, нормално е и не е срамота да се каже, спреми ги дека ќе им купиш ти ако треба второ, сопругот и така ако е на работа цел викенд ќе имаш некој за помош дома, одмори си во соба, пери си алиштенца, пеглај си, извини се што не готвиш од кога си влезена во 9ти месец постелнина извади им сами да си наместат (воопшто не е срамота) За два дена ќе помине, а тебе нема да те боли глава дека сте ги откачиле, НО за наредно ќе знаете дека вие и бебето сте на прво место и хотелот е затворен, ако не е во ваш стил, барем за кратко е затворен и никој нема да се налути