Другарки, јас се породив, вчера дојде на свет моето машко чудо Ви посакувам бременост безгрижна, и само да уживате. Лесен пораѓај на сите и без паники
Јас си повраќав сите 9 месеци,со двете. Ама мачнините изчезнаа после 3ти месец. Наскоро ќе го видиш бебчето и ќе се смириш Кога ќе ти текне за какви ситници си се нервирала и замислувала ќе се смееш,еден ден. До тогаш гали мешко и ужувај.
Уште еднаш и овде честитки и брзо опоравување. Кога ќе имаш време пиши за леќи или наочари дали ти дозволија пред некој ден го правевме муабетот. И која недела беше ти на пораѓај? Леле да не ми е и мене времето ме пука адреналин
За повраќање не ми зборете. Кај го терав господинот низ Германија денес бурек да бара, па уште го терав и да и достави на една бремена пријателка до дома, само што го изедов бурекот го исповраќав. Ми вика "Труд од 2 и пол саата, возење 120км ги фрли во шолја за 5 секунди" Е па да си го вадел на време бе друже!
39та бев. Искрено не кажав дека носам леќи...меки се па си реков ваљда нема што проблем да направам. И после си ги извадив во соба тек
Укажува на скратен цервикс, ти си скоро 9ти. Појди нека те видат, сигурно ќе ти предложат повеќе лежење, мирување.. Пиши како ќе поминеш и не се нервирај
А зошто? Зошто си ствараш таков притисок при крај? Толку членки се со скратени цервикси уште од 23/24 недела ..
Ама немој сега со негативни мисли. Тоа и ми беше муабетот, скоро си 9ти, не е страшно, ќе мируваш и се ќе си биде во ред. Беше ли да те видат?
Ама ако си 35та веќе скоро речи и време ти е да почнеш да идеш на гак за следење до крај. Зошто плачење не знам. Јас бев со скратен цервикс од 32ра недела па се породив 39+. Не сум медицинско лице ама не гледам нешто што е причина за плачење. Башка и гинекологот сигурно ти приобјаснил нешто, не ти го дал само извештајот ваљда Едит: на гак или таму кај шо ќе се пораѓаш