Кремата на МИКРОН штета што ја дознав откако се породив и веќе имав стрии ( ништо не ми помогна) Но сепак ја купив зошто ми беа многу црвени и модри стриите, презадоволна сум по користење од 1 месец стриите станаа бели и помалку видливи
Сограѓанке честитки Ние две сме со многу доцна овулација. По бебе сум 9, а по циклус 10+4. Само да сме живи и здрави до крај
Жени бев во болница на ехо, бабицата ме прати бидејќи според нејзините мерки земени со шнајдерски метар бебето било под просек и не напредувало. На ехо во болница ми кажаа бебето е супер 31+4 1800г, си се наместило со главчето надолу да не се секирам. Е ми падна камен од срце за позицијата на бебето, а за тоа дека не напредувало си го осеќам јас дека расне па и не верував во мерките од бабицата. Добра е тежината на бебето за оваа гестациска недела?
Сите имаме различни стомачиња а знам дека у странство уште го користат тој метод со метар и затоа и доаѓа до такви потресувања мислам дека и мене да ме мерат ќе се вадам од памет пошто за 8ми месец ми е мало стомачето. За килажата мислам дека е одлична , уживај мами
Супер е килажата, другарка моја исто е 31н и бебето и е 1900кг, уживај и не мисли негативно, оди наредна недела пак а оваа одмарај и лежи повеќе.
За лежење тешко, имам скоро тригодишна ќерка која бара многу внимание и е по цел ден со мама Немаме роднини блиску да ни помагаат, така да ќе издржиме уште малк, што се мора се мора.
Да ве поздравам и јас,уживаме во зимскиов распуст, супер одмор сме истерале. Ситнам 29 недела и можам да кажам дека одлично се чувствувам. Освен што спиењето на страна ми е проблем и се што минатата година доживеав, сите загуби и борби, најверојатно стресот ноќе се манифестира и јас имам несоница. На минатата контрола бебе беше една недела поголемко, сега следнава недела ќе одиме да видиме до каде сте. Многу поактивно е за разлика од првото дете, сосема различна бременост. Синко можам да го пофалам, многу се грижи за мене, ми помага се што може, од местење маса, пружење алишта, неговите обврски целосно сам почна да ги обавува. Е сега, сака повеќе гушкање, галење, цело слободно време да го посветам за него. Се надевам дека така ќе биде и кога ќе дојде баткото. Убав ден!
Дали за време на бременоста блиските (родители, свекрви, браќа, сестри) изразија желба да им купуваат на бебушите алишта, колички, кревети итн.? Дали ви купија нешто? Пред да се породите, не за повојница.
Јас сум исто прва бременост 23 недела, котистам масло за стрии од бејби лав од ДМ 150 денари го земав, после секое туширање или бањање се малкам малку сум како лампион светам цела и се лепам цела, ама сега за сега е ефикасно, сеуште немам стрии, се надевам дека и нема да се појават ❤❤❤
Кај мене да, иско ми е рано јас сум 23 недела, мајка ми и татко ми ми дадоа пари за количка а свекорми и свекрва ми за креветче, за другите сеуште не сум разговарала, за гардероба и така и така, ако им фати око нешто интересно знаат да купам ама повеќе јас си купувам по мој вкус
Моите купија количка. Неговите си молчат и сите други. Ние креветче си купивме,релаксатор и гардеробичка и уште некои ситници. Ја му викам на мм само ти да можеш да и купиш никој друг немора… Не очекувам од никого освен од татко ми и мајка ми.
Истата ситуација. Од моите креветче, алиштенца, релаксатор .. си поделија кој што сака. Од другава страна тивко. не дека ми е важно, не дека очекувам, ама мислев дека ќе има од мерак нешто купено. Особено што сакаме да сме спремни со време
И јас си купувам скоро се сама, мислам со мм, брат ми и снаа ми рекоа релаксатор да ни купат, а јас си купив количка мислам мајка ми и татко ми ми дадоа пари за количка, а за кумовите ќе видиме, а стариве на мм рекоа за креветче ама ќе видиме изгледа сами ќе си купиме хахаха
Облека никој освен мајка ми, татко ми, свекорот и свекрвата не знам што чекаат изглрда мислат рано е Ама затоа, за количка, креветче и некои такви работи што си купивме со мм им кажавме дека чекаме рефундација си се согласија
хахаха некако на свекрвиве не им се даваат пари за бебушките, значи сите имаме исти свекрви хахха, што е до мене може ич да не купува, после да се фали јас ова купив јас она купив хахаха
Не очекувајте ништо од никого од ниедна страна ни ваша ни на партнерот молете му се на господ само да ви бидат живи здрави бебињата друго се ќе си дојде во зависно од можностите ваши и на партнерот , секое бебе со своја среќа си доаѓа. Не се замарајте со такви работи уживајте во бременоста.
Да! И од негова и од моја страна се договорија меѓусебно кој што ќе земи за да нема две исти работи. Повојницата е плус
Инаку мамички во Локо Кроко имате сега попуст, јас пред неколку дена купив количка има од 10.000 па нагоре, имаше доста избор и боја