Кај мене е обратно, мајка ми е почината, татко ми сеуште ништо и другите од мојата страна ништо, а свекорот и свекрвата купија креветче, транспортер, коритце со сталажа, комплет за излегување од болница
Незнам, иако ми е рано тек во Мај ми е термин ама си купив скоро се што мислам дека ќе треба а и што ми се свиѓа, и свекрва ми исто искоментира ама и кажав дека 2 дена пред пораѓај немам намера да купувам ништо, или они да ми купат додека сум во болница, малку фрчкаше со носот ама ми е гајле, така да јас си купувам а ако сака нека купи ако не ич не ни мора
хахаха истава приказна беше и кај нас ама до збор исто Нека е се во ред, да ни се здрави и живи па не мора ни да купат ако нив не им е мерак за внуче.. ондак то е то.
Исто и ние, земавме речиси се од облека, ни фалат сеа кадичка, релаксатор, шишенца и сигурно уште нешто што до сега нр ни текнало дека треба. Абе не се лоши луѓе ама некако со застарени сфаќања
Така им одговара изгледа... Од моја страна родителите ни дадоа пари за кревечиња (и облека купуваат) од кај мм си молчат, се прават на Тошо. Ние од секоја плата купуваме облека, шишенца и слични мали ствари, свекрвица рано ти е не купувај толку мали нема да се износат, ќе им купуваш големи па ќе им ги завиткување ракавчињата (цццц). И викам нема на кој да чекам да ни купува а неќам бебулињата да ми пливаат во облеката, она заќутува по одговорот, само ќе рече мене некако ми е рано, и викам ако ти е рано не купувај, да сме живи и здрави со мм се ќе им купиме што треба.
Јас имам колички три, една уште од мене и уште две од роднини, па затоа само транспортер купија, а инаку имав и креветче од мене, ама тие од мерак купија креветче лулка за до 6 месеци.
Дали некој може да ми каже која е намената на мајчината книшка? Јас немам, но мислев дека секако кој и да ме породува може да влезе во Мој термин и да ги види резултатите пд сите важни испитувања кои ги внесува матичната. Дали има уште некоја како мене на кој матичната не ѝ дала мајчина книшка?
Јас и не познавам некоја што има мајчина книшка, не сум ни побарала од кај матичниот ни тој ми дал. Од коа прочитав на форумов прашав колешки што се имаат породено ми рекоа нема да ми треба.
Кога ми рекоа мене рано е не можам да доловам хормоните колку ми се качија. Кој муабет е тоа бре рано е. За што е рано? Јас еднаш преќутев, на следите пати реопв ако вас ви е рано нас не ни е. И еве си се спремаме, па мајка ќе бидеш сакаш се да е спремно, испрано, испеглано, не во 9 месец со стомакот да шетам да барам. Не го разбирам ова, дури ме навредија првиот пат. Рано им е, кога видоа дека се си купуваме искоментора леле па вие све сте земале. Е не тебе ќе те чекаме термин да ти доспее да не ти било рано.
И за првото и за второто сега само моите и сестра ми, неговите си молчат. Сестра ми купи креветче со релаксатор и транспортер, количка имаме, а моите еден куп облека. Неговите ни да прашаат.
Толку да немаат мерак не ми е јасно.. Тука кај нас е прво внуче и прво женско од нивна страна. Гајле им е на нив и за мене и за бебето. Ја оние денови цело време по болница ни да прашаат што како , свекрва ми влегува а мм ме боцкаше у тој момент и она се зачуди као од каде боцкање и вика мм па да не сте прашале како е што е. У еден момент маж ми искоментира немој да забранам да ја гледаат , иако ја не би си сама на себе дозволила да бранам внуче ама стварно се без осет.. со еден збор Ужас а живееме у иста куќа..
И мене ми викаа рано било за ова рано било за она, јад пибам не ги слушам, можеби ќе чекаат свекор ми и свекрва ми за матура да и купат креветче, нели пошто сега им е рано хахаха. А за забрана не бранам сами ќе си бегаат хахаха, во иста куќа сме ама на посебен спрат среќа инаку до сега ќе паднеа жртви хахаха, башка и кај нив е орво внуче, ама женско малку се киселеа, требало машко ми вика свекрва ми па и кажав на крај ако не го да го вратам друго да земам богда чува хахха
Хахаха и ние сме на друг спрат не би ги издржала да сме на ист. Кажи и да го научи син и да направи машко ако не знае дека не е до тебе ццц место да каже да е живо и здраво само …
Хахаха, неа и е криво што нема керќа затоа хахаха, абе шлакнати се свекрвкиве хахах, туку да ги батали ме нив не се вредни за во ниедна тема хахаха