Јас сум против секакви апчиња во бременост едино ако е ептен бактерија некоја па мора по секоја цена. Верувај дека е и до мајките не само до лекарите. Еве ја никад не би пила аналгин макар да пукнам од болки а итекако знам што значи да имаш прејака главоболка… Има многу природни лекови поспоро оди процесот ама барем не му штетиш на бебето.
Здраво девојки , 31 недела. влегов, вчера и денес првпат почувствував како менструални болки околу препоните, болки низ цели нозе некако како пред грч, дали се тие контракции незнам неможам да ги распознаам првпат таков вид на болки, магнезиум пијам овие денови по две директ од 400 ама и тоа колку е ок да не е многу ... а во саботата бев на контрола, бебето е малку понапредно за недела дена така нешто ( цела бременост тера така) кило деветстотини и нешто ми кажаа, сега може и до две кила е стасано, цервикс ми измерија 3.8, затворена, докторката вика уживај а јас мн имам страв од предвремено продување прва бременост ми е и незнам дали сите овие болки се нормални дури и како напон за во Вц имам за по голема нужда, докторката вика се тоа нормално е, вие какви искуства сте имале вака во оваа недела 31? Ви благодарам ако има некој да сподели..
Не ти е многу магнезиум продолжи со 2x 400 и повеќе одмарај ваљда сега на сите ќе ни е така у 8ми и 9ти. Ќе издржиме до крај
Иста сум. Еве 9ти месец терам не сум испила ниедно апче. Пред да останам бремена поминав корона исто без ниедно апче, цел живот некако така избегавам терапија онаму каде е можно да се избегне, посебно сега во бременост.
И јас оваа бременост ја поминав без витамини, со конзумирање поголема количина овошје и зеленчук, од причини што желудникот не можеше да ми ги прифати. Или повраќав, или имав потеченост во желудникот. И кажав на матичната, вика при сила правдина нема. Јас маки мачам со низок притисок. Поминав и настинки неколку пати, со затнат нос, едино спреј прскав, стомачниот од нога го поминав и еднаш или два пати се напив парацетамол поради силна главоболка.
Малку да си олеснам од себе.. 39+.. Бебчо нема абер за да си излезе.. А јас па веќе нестрплива да си го гушнам, а истовремено исплашена дали ќе си биде сѐ ок.. Докторот си е на две мислења, дали царски дали природно, па тоа ме прави уште повеќе анксиозна.. Денес осеќам некоја тапа болка во кичма, па си се филмам дали ми се контракции, али цтг мирно Овој 9ти месец како цела вечност да трае.. Инаку, до оние кои се ковид позитивни, си поминав и јас во 6 ти месец, со сите симптоми ( грло, температурата,затната, малаксаност, вкус, мирис итн) ..Освен витамини, парацетамол само по потреба за температурата земав, а се друго се трудев со природни лекови.. Многу чај, лимон, супа, инхалација на чај од камилица.. Бев ептен затната, не можев ни да спијам,ни да седам, па на пола сат правев инхалација.. Споро си помина, ме држеше скоро недела со симптоми, али битно не користев антибиотици, не сакав на бебчо да наштетам.. Трудете се повеќе со природни лекови и се надевам дека за брзо ќе ви помине..
Јас сум со болки во матката уште од негде 30-31 секоја недела идев кај матичниот се жалев не брисеви ај да нема бактерија проверуваше да не сум отворена не. Изгледа дека ни е прва бременост се шири матката кај секој е различно може бебче притиска на нешто ја буквално кога ќе ме заболи одам со раширени нозе или стојам во место ако немам кај да седнам. Лежи одмарај течности.
35 nedela, vtora bremenost. Narodee,tolku mnogu sum ispanicena, sto ke bidi, kako ke bidi, kako da ne pametam za prvata nisto... Zosto vaka? Vtorava bremenost mi e pomacna, 34g sum...
И јас сум повеќе исплашена отколку за првото.. Страв ме фајча 36 5+ сум. Ама кај е господ никој не е.. Знаеме што не чека и затоа така а и дома имаш остаено и друго дете и се грижиш и за него.. Ама се ќе биде во ред Да се опуштиме треба повеќе
Примени го мојот метод Барем ти ме виде у "живо" што правев Ајде, пуштам среќа што поскоро да се гушкате. Едит Интуицијата ми кажува дека царски ќе те породат
Применив и твојот метод, али ништо, не запали Се гледаме у четврток ми рече.. Па да видиме сега до четврток што ли ќе биде.. Инаку да, и мене некако некое чувство ми кажува дека царски ќе биде.. Како и да е, само нека биде.. Гушки до мама и Славен
Здраво женски, во моментот сум бремена во 24 гн, машко бебе. Од самиот почеток си беше понапредно (пример плус 4-7дена), но сега експоненцијално расте. Некои мерки се поголеми за 7 дена, некои за 14 дена, а во просек целукупниот раст е +10 дена од моменталната состојба. Инаку имам хашимото на тироидна жлезда, пијам Еуротирокс, а останатите работи се нормални (редовни контроли на се). Исхрана нормална најчесто балансирана, без благо, некогаш тестенини, само зголемена количина Имам закажано за неделава тестирање за скриен шекер, поради големината на бебето. Прашањето ми е дали големината на бебето може биде едноставно дека бебето е големо, или може да биде проблем? Дали некој имал такво искуство и на крај се да завршило океј? Ме интересира, бидејќи не знам колку би растело во иднина ако сега е 10-14 дена +. ПС јас сум висока 180цм, а мм е 2м.
@Forbidden не мора да значи дека нешто не е во ред. Јас со првата бременост бев исто како сега со доцна овулација, 2 недели минус од циклус, па после со растот секогаш беше плус синчето. Се породив на ден на термин според циклус, а во 39та според бебе, и имаше тежина скоро 3800гр. Има бебиња што се раѓаат над 4 кг, има долги по 55 сантими и повеќе. Ако се сите испитувања во ред тогаш гени се во прашање, двајцата сте високи.
Devojki deneska pcr testot ni ispadna pozitiven Nedelata mi pocnaa simpyomite, omalaksanost , zatnat nos , kaslica Vcera i deneska e ok povekje zatnat nos Se nadevam deka vaka ke si prodolzi
Девојки која ланолин маст ја користите и препорачувате? Имаше пред некое време постови но не можам да најдам. И дали започнавте порано од породувањето? Матичната ми препорача да се мачкаат уште од 32гн.
Со првата бременост користев на медела пурелан 100 амс почнав со мачкање ептен на крајот некој ден пред пораѓај Сега сум 25н,ретко ги мачкам со оригинална павловичева
Јас ја користам на бејби лове од дм почнав уште од 8ми месец уште ми трае 1 туба. А од 9ти ми препорача докторот да ги масирам градите и да влечам додека не искочи убава течност како солза бидејќи се правеле масти.