Може ли слика која ја користиш? Јас не сум начекала за брадавици од babylove, маслото за стрии само го користам.
Medela purelan користев со првото и ми помогна многу. Сега сум пред породување ама сеуште ја немам употребено.
Моето бебе се роди 4.5 кг и 55 см. Немав скриен шеќер. Цела бременост јадев само салати, друго ништо не можев во уста да ставам, па ете големко беше, а јас сум поситна. Испитај си скриен шеќер, и ако е во ред, уживај.
Јас користев од МамаЛеа, ваљда го има во сите аптеки. Мачкав пред да се породам бидејќи имав проблем со брадавиците, и во почетокот на доењето ми се разранија, иначе ако нема потреба нема зошто да се користи.
Некоја мајка да не знае за приватно здравствено осигурување дали вклучува бременост ако е направено 2м пред пораѓај? Да напоменам од работа ни е направено не плаќам јас лично.
Од кое осигурување? Некои имаат каренца од 8-9 месеџи, некои не. Побарај да ти го дадат договорот да видиш што содржи.
Во кроација пишува дека содржи породување и важи веднаш ама дека читам по форумиве за каренца реков да не имате искуство. Прашав чекам да ми одговорат
Ако не си вработена сега брзо, треба да исполнуваш каренца период, посебно ако си 8 - 9 месеци во фирмата. Ама сепак треба да прашаш за тоа колку покритие имаш, да си знаеш.
Здраво дали некоја пиела сумамед јас сум 16та недела кашлам многу и ми го препишаа а шхубе ми е некако да почнам
Колку покрива од Кроација за пораѓај? Ние имаме 2 години веќе од работа, ама немам прочитано договор се е онлајн (работам од дома).
Уф Сумамед во бременост мислам дека не да не те плашам ама пријателка го изгуби бебето од Сумамед... Земи сируп на природна база што е,ако е суво кашлање од Исландски лишај е многу добар,ако искашлуваш прашај Ацц дали смееш за искашлување. Мое мислење толку јак лек како Сумамед никако во бременост.
Дозволен е во второ тромесечие, ако мора да пие и е препишан од доктор со причина да не ја плашиме дополнително жената.
Ако немаш потешкотии други не го земај антибиотикот само ради кашлањето. Пробај природно, јас сум на почеток на бременоста и до пред некое време се убивав од кашлање за 7-10дена поминува...
Жени дали е нормално 37 недела бебчо ме искрши од ребра чувствувсм веќе како крцкаат кога мава да не зборам доле кај матката кои болки кога мрда јас мислев ќе можам да вежбам на топка,да средувам алишта да местам све... дали е нормално?