Најверојатно сценарио: кога ке стаса бебето ке дојдат и ке биде муабетот' леле вие се сте купиле ништо не сте оставиле за нас' тогаш ке и кажеш како се, ни фали:релаксатор,хранилка,дубак,џампер,... Ке и наброиш се што ви фали. И ако те праша а колку пари е на пр хранилка ке и кажеш дека не знаеш,има разни ама мајка ти ви купила креветче 200евра,количка... Ке си кажеш како што е. Нека ти даде пари па ти ке си одбереш. Не им го 'ускратувај' правото да учествуваат исто како твоите
Што е најефикасно за кандида во рана бременост? Со канестен не помина, т.е не ми се растопуваа воопшто вагиналетите. Сега ми даде некој природен спреј докторката, вулвоваги, ама пак се враќа чешањето. Ќе полудам..
Мене гинекологот ми ги дава Полигинакс вагиналетите и барем кај мене се доста ефикасни.И крем Канестен или Ројазол Едит:Прави промивки со камилица
Гинодактарин. Уф,погадни од ацидосалус нема Лом,тече, мириса јако, кај ставам по две влошки пак лом и не се ни перат гаќичките отпосле а скапи се !
Јас и со сода бикарбона се одмивам кога имам кандида и овие вагиналети пред мене пто ги пишала членката.
Ич не им се замарам да ти кажам. Само ме увредија за тоа 'рано е' како мојата анксипзност да не е доволна, па сеа ќе долеваат сите околу мене. И исто очекував поголема еуфорија од нивна страна со оглед на тоа што е прво внуче.
Ау никогаш не би го напраила ова! Да се наметнам со сила да му купат на бебе мое Ние се сами купивме, мајка ми се налути и ни даде пари за креветчето ама му ги стаивме на сметка Тогаш со светковци не бевме у добри односи, кога се роди синко му оставија плик со 300 или 400 евра не се сеќавам, демек од нас количката но и тие завршија на сметка. Ич не очекувајте ништо од никој од каде тоа дека мора да купат ? Золва ми кога беше трудна ,пред 10тина год.правилото било од машка страна количка , од женска креветче @Ljubova што се замараш! Уживајте
И да не им се замараш, само кажи им чисто да си знаат и да не купат ништо они ке се срамат, а не да биде муабетот се си купиле ништо не оставија за нас. Гали си меше уживај си,имај си лесен пораѓај роди си здраво бебе само тоа е важно
Тоа ми е приоритет, бебо да дојде на свет здраво и живо. Не се замарам и онака по мој вкус бирам, купувам. Тој муабет ме стигна одма, ама го исеков на време.
Муабетот не е ич за наметнување. Ако ја гледаат како мкне и купува се не можат да се вадат на тоа рано е не знам што... И на крај ке ја направат лоша како не им оставила простор ништо они да купат а сакале многу. Познато ми е многу, така да што ке ме прават мене мутава нека им биде нив незгодно и ич не сакам никој ништо да ми купува само чисто да знаат дека не сум јас мутавата
Стварно незнам зошто да им е незгодно ако нејќат нејќат . Проблем е што премногу очекувате од другите . Не ми е јасно зошто или јас сум изрод Се сами купивме и м'кневме не ми сметаше воопшто што не се понудија. Го сметав за наша обврска и ќеф да си купиме ние за бебе
Јас ништо не очекував материјално. Очекував повеќе еуфорија. Едни бенкици да беа купени со радост да осетиш дека едвај чекаат се радуваат. Тоа беше поентата на муабетот. Секако се сами си земавме си ја наместивме комплет собата од лустече до тепихче.
Ако нејќат нека нејќат ич ништо не треба, само нервира фактот што они уствари сакаат ама ете нема веќе што, значи кажуваат дека сакаат. Грешка си,од никој никогаш ништо не очекуваме фала богу имаме доволно, само ме нервира тоа што јас сум лоша се сама сум си купила а они многу сакале ќеф им било да купат. А гледаат се додека се купува
Што сте чудни нели гледате дека многу млади се суеверни и чекаат во 9ти да влезат да пазарат а не пак постари генерации. Со купување за бебе не се повикува злото ама така мислат некои. Можеби сакаат вие во болница а тие да купиваат се за два дена.
Здраво, денес ми зема брис матичната и требаше да го однесам во Пролет заедно со урина, но не стасав немав доволно време. Сакав да ве прашам доколку одам утре или во четврток дали можам да го однесам истиот брис од денес или ќе треба пак да правам нов брис? Фала ви многу однапред.
Јас кога почнав да купувам, ми викаа : "Рано е, немој од сега, породи се, ние ќе купиме се ". Али јас, знаејќи го нивниот вкус, си купував се што мислев, по малце месец за месец.. И на крај испадна дека супер што сум си купувала, оти кога видоа дека купувам не ги слушам, почнаа и тие да ми земаат некој без веза алишта , што јас никогаш нема да ги облечам.. А мајка ми, ми даде картичката, оди ќерко бирај си сама, и така и направив.. Така да, ако си можете сами, воопшто немој да очекувате од други.. На крај за свое дете, сите сакаме со мерак и убаво да си ни е спремено се за нив..