Не ми се јасни со тоа "породи се, се ќе купиме?!" Кога тие ќе стигнат да исперат, да испеглат се за бебе. Испаѓа дека ние мајките се што спремаме месеци, они можат за 2-3 дена. За вкусови не расправам. Добивал работи мене што не ми биле по вкус, но сум му ги облекувала макар и за слика само. Некој се потрудил да му купи, според него нешто убаво, го ценам тоа.
Возможно е. Жената се пораѓа и свекрва со мажот оди во акција. Од една две продавнички купуваат што има. Креветче количка и ајт. Дома се пере веднаш, се суши и така се набрзинка. Не е со мерак купено туку колку да се има. Ние мислиме премислуваме.
Во првата бременост ќе полудев, цело време исцедок, чешање доле, непријатно, ми беше срам да седам со некој, ќе се откорнев одчешање. Како се породив го снема. Сега втора бременост никакво чешање. Тогаш знам дека користев микорил вагиналети. Исто се по генерика со канестенот. Има и други вагиналети, консултирај се со матичната. Земи исто вагиналети пробиотик. Поработи на исхраната и многу вода.
Нема шанси, ако не си купев јас, никој немаше да ми купи. Тоа така теоретски можно е, ама не се баш заинтересирани. И мене мојата свекрива ми даде 50е, а мајка ми купи се што треба. Ај може постојат различни свекриви, да не ги кривиме сите, ама што знам, вака личат една на друга од муабетиве. Да знам барем дека не си умишљам нешто дека е до мене, јас брзам или сакам најдобро.
Девојки читам пишувате за понапредни бебиња, па јас да си прашам за моево - помало е една недела од пресметките според последниот менструален циклус. Кажано ми беше дека е нормално според тоа што добивам на 32-35 дена, и покасно сум овулирала, па не се грижам многу. Но сакав само да прашам за искуства за тие што биле во истава ситуација, дали во текот на бременоста се случило да понапредне бебето, и на кој термин сте се породиле (пресметано од менструален циклус или неделата според големината на бебето)?
И јас сакав да предвидам кога ќе се породам, ама тоа не е можно. Иначе, цело време од почеток го водеа понапред 5 дена, еве сега на крај 1 ден покасно. 39та недела, немам абер од контракции.
Тоа се менува у тек на бременост. Кај мене некогаш е 1 недела плус некогаш 5 дена плус денес 2 дена минус и така. Неможат толку прецизно да ги измерат. Проблем е само ако е повеќе од 2 недели у + или -. Due date е само по прв ден од последна менструација а тоа дали ќе биде така или не никој неможе да знае.
И кај мене, цело време 1 недела понапред според мерки.. Дури и вчера на последна контрола, исто си ми кажаа.. 39+ никако не му се излага.. Генетски да е,не е, јас ситна, мм не толку крупен, али ова решило под 4 кг да не искача Според мерките, не може да се одреди точно кога ќе си се породиш, па и според последна менст. Од датумот што го даваат како "due date" може да си варира со +/- 2 недели..
Можеби си ме читала, ние си имаме убав живот и одличен однос. Со родителите и мои и негови сме во одлични односи. Да сум кажела дека сакам така така ке направеле. Свекрва ми не ми дозволи да работам ништо по дома после царскиот, а и сега одделени ни прави ручек секој ден. Ги има добри ама ретки се. До 2 недели поголемо помало бебе се толерира. Битно е од преглед на преглед да си напредува. Јас се породив после термин. Термин е точно 40та недела според последна менструација. Ама може да се породиш од 37+ до 41+ не се знае и никој не може да предвиди. Не е поврзано со килажа на бебе. Битно е белите дробови да се развиени и тоа се смета за терминско бебе. Килажа качуваат и надвор од стомак. Немај гајле.
Ти го давале зашто си имала инфекција на јајниците, која во некои случаи може да доведе до згрутчување на крвта или познато како тромбоза. Заради инфекцијата ти бил даден антибиотикот и си била хоспитализирана да се следи состојбата, во друг случај каде не е толку сериозна хиперстимулацијата може да се лекува и во домашни услови со терапија која се базира на повеќе одмор и течности. Значи инфекцијата ти е третирана со антибиотик.
И јас моментално имам корона 7 ден а сум 8 недела бремена .Два дена имав температура трет ден главата ме болеше и толку. Овие 4 дена сум супер. Малку е напорно дома бидејќи и јас и маж ми сме позитивни а имаме дете 2 години кое 24 саата не застанува.И одвај чекам да дојде субота и да искочу од дома
Моето бебе цела бременост беше водено 2 недели помало. Во 35та беше согласно неделата. Се породив во 39та, ни по едниот ни по другиот термин. Точно на дата на термин ретко кој ќе се породи
Како може да замерувате што не ви купиле креветче,количка не ми е јасно Па тоа кошта, не се по 500,1000 денари. Па и да им кажувате на свекрвите вашите колку дале, како да е и нивна обврска да ви дадат толку. На денешницава каде што сите се заглавени во кредити и работни места висат на конец посебно на возрасните луѓе, мене би ми било непријатно да барам па и да правам споредба кој колку дал
Devojki , tie sto imavte korona sto vi pomogna za kashlanje ? Piam mn tecnosti , vitamini ama pocnav da kaslam Btw ova mi e vtor pat korona
Уште во осмиот месец докторот ми рече дека порано ке се породам бидејќи е поголемо бебе и почнало да се спушта надоле и ми рече повеќе да легам. И јас така во осми месец се си спремив и креветчето си го наместивме и си чекав. Но се породив точно на терминот природно и тогаш во болница ми рекоа дека бебето ке е околу 3 кг а син ми беше 4.330гр и 52 цм.
Кај мене се водеше поназад една недела скоро цела бременост, на крај последниот месец матичните одбиваа да го мерат, ми рекоа не можело убаво да се измери кога е веќе поголемо. На последно ехо пред пораѓај си беше таман според неделите (40+2) а кога се роди беше поголем од што кажуваа мерките на ехо. На ехо 3кг, роден 3 600гр. Не е мн веродостојно ехото, а кога ќе се породиш никој не може да знае.
Па и купиле алишта што тие никогаш не би му ги облекле... Божем детето на модна писта ќе го носат, не дома во креветче. Моето еве го порасна со алишта од братучед и од кумовите, носени од 2-3 деца, некои и женски, па еве го живо здраво. Некои имам слушано дека биле навредени ако им понудат алишта носени од други дечиња. Зашо да се фрлаат алиштата, секако по 2-3 пати ќе му се облечат, одма ќе ги надрасне. Па и уште маани да се наоѓаат. Ако има желба некој да купи ок, ако не па ок. На крај краева родителите се тие шо треба да му овозможат на детето сѐ шо му е потребно, не роднините.
Како знаете да го испревртите муабетот браво. Да така е, ако не купат количка од 500евра додека имаат други давачки и кредити нема муабет да им правиме и дури и детето нема да им дадеме да го видат страшно. Можат ако сакаат ништо да не купат или едно боди од 100денари никој нема да се лути или очекува од нив фала богу. Ама да ти прават муабет цело време ех што купувате рано е ко да детето никогаш нема да се роди или не дај боже нема да биде добро па да не купуваме за џабе е тоа нервира и боли искрено. И на крај кога фала богу ке се роди здраво право и ке си дојде дома следи муабетот па вие се имате. Па имаме оти верувавме дека ке се роди бебево и ке си дојдеме дома со бебе, а не за секој случај да не купуваме ко со празни раце да ке си дојдеме дома. Јас си купив се уште од 18та недела кога дознав дека е женско оти верував фала богу дека се ке биде добро додека сите превртуваа очи, чекај рано е кај се брзаш. По нивно додека сум во болница они ке купуваат и ке спремат се за два дена што ја си спремав три месеци, може нема проблем
Не испревртив јас, туку има такви коментари погоре споредба на тоа кој колку има дадено. Па и дека на крај требало да им се потенцира на едните другите колку дале. За тоа го пишав коментарот, не во врска за тоа дали треба или не да се купува пред да се роди бебето.