Кај мене очигледно само мајка ми веруваше дека ке се роди бебево живо здраво па купи креветче од 200е што и кажав немој имаме ке си купиме ние, друго никој ништо,иако сите знаеја дека купуваме и реално имаме да си дозволиме се,фала му на Бога за тоа. Е сега кога дојдоа откако се роди и тоа како гости на частење и тоа уште првиот ден иако живееме сами со мажот ми и се сама ја спремав уште првиот ден со мислењето како се имаме и нема они ете што да купат тогаш и јас им кажав што ни фали и кога ја разгледуваа собата им кажав дека креветчето е од мајка ми од каде и колку е,пошто нели ги интересира. Не сум јас лоша има и понатаму што да се купува за бебе секогаш ке има што да се купи па ако ви е кеф да купите можете ако не пак не морате сега веќе го видовте дека е живо родено. Па после се сврти муабетот за мојот пораѓај и колку коштал он,ко да барав пари од нив за раѓање. Збориме за луѓе без емпатија, а не за немаштија и кредити
Јас сум моментално позитивна,имав сува кашлица.Гинекологот ми даде сируп АЛТЕА од бел слез.Кај мене се покажа како ефикасен.
Ti cinam bese so ivf isto resi Kade I kako ke se poradjas, mene mi kazaa zaradi godinite ivf I golemina na bebe preporacuvat carski I valjda si ja znajat rabotava mene prvo mi e pa prepustam kako ke kazat, jas sum 37+ I mi kazaa vo 38 ke me poradjat golemo bilo bebe da ne cekame, kaj tebe kakva e situacija.
Ај тука да прашам. Знам дека обично оние што имаат шеќер, бебињата се понапредни и обично тоа знае да е знак иако не секогаш значи висок шеќер. Но, дали е можно да имам шеќер и бебето сепак да се развива според неделите? Секако ќе испитам, само ме интересира искуство. Дали има некој друг знак за висок шеќер?
Во ситуации каде едната страна е подобро ситуирана од другата и воопшто не прашува дали нешто треба да се купи за бебето, а другата страна од мерак купува колку има, не треба да е од по 500 евра, колку толку, секоја помош е добредојдена за родителите, посебно ако е прво бебе и се треба, секако дека ќе се најде замерка. Колку се баба и дедо од едната страна, толку се баба и дедо од другата, колку е мило првото внуче толку и второ, кој не бил во таква ситуација неможе да свати.
Кај мене никогаш не беше понапредно првото, открив дека имам скриен шеќер кога го испитав во 20 и некоја недела. На почеток имав гранична глукемија , во 1 тромесечие, тогаш матичната ми рече да исфрлам благо, ама вредностите на скриениот и покрај тоа излегоа високи за терапија Друг знак е дека има зголемена плодова вода но и тоа не ми брше кажано на ниту еден преглед, се на пораѓај кога се роди синко и се изнапи плодова и гинекологот искоментира дека има многу. Тука во Мк мислам дека и задолжително е испитување на скриен па така се открива.
Само направи си анализи и не читај. Мене еден доктор кога ми изнакажа вака така мислев ќе се пореметам од грижи. И да имаш ќе те следат и до одредена недела пораѓаат. Обично до 38 а ако е ептен висок само што влагаш 36. Јас имав со двете и со поголем плод нешто повише од две недели и фала му на бога двајцата се здрави и живи.
Кога го провери за второто? Мене и двајцата гинеколози ми рекоа пак во 24та, шеќерот ми е сега 5,1 а ми даде упат во сабота ќе одам и тромесечен да направам па да видиме…. Кај кој ендокринолог одеше?
Како и се нетретирано опасно е. Ама и бактерија ако не е третирана може да е многу опасна. И висок притисок и ред други работи. Не е нешто што може да го исконтролираш дали ке се јави или не. Мене поради голем плод се сомневаа дека имам и пред да испитам ми кажа докторот и апчиња и инсулин не се страшни, лошо е да имаш а да не знаеш. Се сомневаш на скриен шеќер или ти кажаа дека имаш?
Веднаш по вториот скрининг бев. Правев и јас тромесечие детални анализи и на урината и тероидната. Одев на секои две недели кај Марија Живкович на Ендокринологија на клиника. Со двете ме водеше она и сум презадоволна. И тоа немав високи вредности 8. 2 ми беше скриениот ама после јадење кога го мерев дома ми одеше и до 9. А внимавав на исхраната.
На обичната крвна слика имав висок шеќер, близу горна граница, што никогаш претходно сум немала. Кога требаше да испитам пак, имав ужасно стресен период и не испитав оти знаев дека стресот дополнително влијае, сакав малку да помине периодот, да се смирам и да испитам. Ми рекоа дека може да е поврзано и со скриен шеќер. Ќе испитам се секако само тука ми е паметот.
Јас имам покачен скриен шеќер, ќе одам на ендокринолог. Немав никакви симптоми, на преглед се беше ок до сега. Дури сум во шок. Ќе видиме што ќе каже докторот, 28 недела сум, се испотресов зашто порано не сум знаела, дали му штетело до сега на бебе... Едит, и јас имав покачен шеќер на обична слика, под граница ама покачен, ниеднаш не ми спомнаа за скриен шеќер, само ми викаа пази што јадеш, намали со леб и благо. Колку и да пазев на благо, секогаш шеќерот беше повисок. Ако е тоа индикација за скриен шеќер, осеќам ќе полудам кај матичниот.
Јас имав шеќер на горна граница на обична крвна слика бидејќи јадев доста а немав скриен шеќер. Скриен шеќер два пати проверував. На ендокринолог бев. Ако ти значи ова нешто. Ми кажаа само диета, да исфрлам благо. Кај мене од јадење беше, гени можеби, стресови немав.
Ајјјј , ептен се дружевме со неа во средно и комшивки исто бевме. Да бе , на клиника е она Туку,зошто тироидна и што детално за урината? Во сабота ќе одам ама ми рече докторот тромесечен само, крвна слика , шеќерот и обична урина
Пишав на една друга тема, тоа за урината и скриениот шеќер, мене ми бараа и урина кога правев испитување, да се видело како шеќерот минува низ бубрезите. Прашајте си кога ќе правите, бидејќи јас случајно направив па излезе изреметено. Други членки кажаа, не им барале урина на скриен шеќер. Без индикација бев.
Чим се било во ред со бебето не се грижи. Заштитено си е тоа. Јас прво тромесечје го поминав во Македонија, имав ужасни тегоби и гадења, плус за цело време испофаќавме еден куп вируси, и најлесно ми беше да сварам тестенини. Плус пиев доста кока кола оти како и во првата бременост само тоа ми помагаше за гадењата. И плус многу ми беше стресна целата ситуација. Под граница ми беше ама многу близу горна. Потоа перидот ми стана дополнително постресен и не сакав во таква ситуација да проверам оти веќе бев еднаш извадена од памет. Сега сакам периодов да проверам. А оти ми сугерираа дека не мора да значи, ама може да е и поврзано со скриен шеќер само на тоа мислам и раат немам. Првата бременост ми беше ко по книга, секогаш се во ред. Оваа раат немам.