Ацидосалус, Макмирор, Полигинакс се помеки ќе се растопат. Канестенот се баш како лек и мене поише од пола ми се цедеа на вешот. Нешто што најмногу ми помогна беа премивките со Генцијана. Можеш да ја прашаш матичната да те премие 2/3 пати или бар со Бетадине ако нема Генцијана. Биди упорна, најдосадно нешто е кандидата, јас ја имав цела бременост..
Дали сте правеле шеќерна депилација на интима во бременост? Што е по препорачливо и по хигиенски најпрво, шеќерна или со восок?
Jas so vosok si pravam ama cist na kozmeticar ne so onoj sto pravi na noze i race tuku e vo edno malecko i so toj me pravi.
Како што ми кажаа, шеќерна е најбезбедна и најчиста за интима во бременост. Редовно во салон се депилирам, само битно е и салонот да има добри хигиенски услови Кај што се депилирам јас во 6ти и 8ми месец не ме депилира, за секој случај. А матичната ми даде насоки со депилација да се почне по 12та недела до тогаш не
Јас пак ќе одговорам како дијабетичар со години јас Оти имам и и кажувам па одма ме стават на инсулин кога останам бремена, инаку освен зголемена плодова вода и поголемо бебе нема друго нешто освен ако не осеќаш симптом на шеќер.. мојава матична вели иди каде сакаш ако не им кажеш дека си дијабетичар нема ни да познаат
Скриен шеќер. Само така. Освен 3 пати боцкање, оставаш и мокрача. Гликозуријата да се видела. Пример кај мене, шеќерот во крвта беше малце под граница, а во мокрачата 5 пати повисок... па сега сепак искача дека имам шеќер иако во крвта нема над граница. Едит сега сум во фаза на строг режим на исхрана и мерење 6 пати на ден неколку дена, за да одределе терапија.
До 12 недела и мене ми кажаа дека ништо не се прави, не се депилира, не се бања во езеро море, не се има секс... Ми објасни ама не знам сега да го кажам, нешто се развивало во бебето, и било високо ризично ако се фати некоја болештија инфекција...
На депилација ми кажа причината е што тие месеци е поризично и за недајбоже да не предизвика контракција од депилацијата, мене толку ми фали и секако дека ги скокнав тие два месеци А матичната кога ја прашав дали е во ред депилација на интима ми кажа, слободно само по 12та недела, а не препрашав причина, доволно ми беше зеленото светло за депилација
Ја се депилирам од 4та недела што се вика и до сега не сум имала никаков проблем ни со мене ни со бебево .. неможам да замислам да се бричам и плус после пораѓај ако имам епизотомија е тогаш ќе си плачам ако сум со брич мојава ми дозволи од почеток доста е чил за тие работи.
Козметичарка се прави експерт за нешто што нема веза со козметика, не можам. Стрикно во 6ти и 8ми ќе се предизвикала контракција од восокот, 7ми не, 9ти не Само ве плашат на празно. Пред 12та недела тоа е точно, бебето е веќе формирано после 12та недела и 'поиздржливо' доколку дојде во допир со инфекција, секако е познато дека после 12та недела ризикот за спонтан драстично паѓа. Ама ова во 6ти и 8ми нема благе везе. Тоа со провокации венски на пораѓај чекаш да излезе бебето и некогаш не излегува или пораѓајот се движи бавно, овде ќе скубнеш влакно што е на површина и ќе се лизне бебето. Ме потсети на една комшика, го затнуваше носот кога и доаѓаше кивање, да не излезело бебето ако кивне. Значи без страв за се и сешто, многу работи се чиста глупост.
Devojki pozitivna sum , a od vcera imam bolka vo zabot Nezz kako ce izd 10 dena dur otidam na stomatolog Ne bi sakala pozitivna da odam
Гликоза во урина. 100 ден е во приватните лаб. Оставаш урина ( од вториот млаз на утринската мокрача, претходно убаво измиена интима со сапун или само со вода , јак млаз). Јас редовно оставав урина за шеќерот. И стално имав покачени вредности